Фан Клуб: Интер

Удри по топката од 30 метри... ти е гајле...
 
Им пуштат намерно, затоа што ем Сити ке и се израдуваат на купот (нели како клуб без историја), ем ние ке го зимаме Тевез на позајмица(можда).:D:eek:
 
Ајде бре уживајте пријателска е не сме комплетни и ебс тоа мали деца играт,а гаспарини ќе си оди до нова година ама ае Морати кога не му се дава 13 милиони за Боаш сега нека ми го дрнка
 
Уште ова, ако (а ќе се) се игра со оваа формација сезонава, слободно нека го продадат Снајдер. Снајдер во оваа формација е компир непотребен. Јак-мак, нема врска тоа, во формацијава нема место за играч како Снајдер, нити лево напред не може да игра, а најмалку како бокс-то-бокс во средина, а такви мора 2 да има Интер со ваква формација.

Скокајте ми до заддутре, реално вака е.

40 милиони земај сега, ама ке сфатат касно дека Снајко > 3-4-3 Гасп.
 
Незнам шо цепидлачите толку за мочана пријателска утакмица, па уште и замарање, вакви ќе биле онакви ќе биле наредната сезона, по пријателски ако судевме ...
Факт е дека сега имаат мизерна претстава што од една страна е лошо од друга добро, плус играат против екипа која е во понапредна фаза во подготвителниов период зашто нив сезоната им почнува порано од Калчото, екипа која е дел од најдобрата 4ка во Англија и ќе атакува на тој трофеј нареднава сезона и екипа која излезе со прв тим денес а Интер имаа неколку примавера играчи.

Глејте ги Снајдер, Ето како играа ( ако воопшто може тоа да се нарече игра ), исто и Станкович, такоџе и Цезар кој е уствари и најголем виновник за првиот гол бидејќи пред корнерот малоумно згреши.

Пријателска е, deal with it, најдоброто од тимот никад нема да го видиме на пријателскиве, најсмрт се истите за гледање зашто резултатот увек е секундарна работа, други работи се приоритетни за тимовите.
 
Се е тоа така само не можам да разберам што беше приоритетот денес. Да помине времето?
 
Интер со Гасперини... Спремите се за напорна, тешка и неуспешна сезона...
Колку сме позади елитата... ауууу
 
Глејте ги Снајдер, Ето како играа ( ако воопшто може тоа да се нарече игра ), исто и Станкович, такоџе и Цезар кој е уствари и најголем виновник за првиот гол бидејќи пред корнерот малоумно згреши.

Пријателска е, deal with it, најдоброто од тимот никад нема да го видиме на пријателскиве, најсмрт се истите за гледање зашто резултатот увек е секундарна работа, други работи се приоритетни за тимовите.
Секоја прилика ја користиш да го „пофалиш“ Цезар.:D
А кои се други приоритетни работи, шутирање од 30 метри, без осет или што?
И ако воопшто не се замараат за пријателски средби, ич нека не играат, нека им почнува сезоната на нив од 28ми Август и ајт...а не ем зафаќаат место во тимот, ем курташак си играат.

п.с и Пацини исто така во оваа формација не е корисен, ем е коптав со топка, ем нема кој да му направи асистенција.
 
Се е тоа така само не можам да разберам што беше приоритетот денес. Да помине времето?
Не играа денес со третолигаш, играа со екипа која беше класа над Интер со оглед на кадарот кои они го имаа од старт и Интер, и екипа која за разлика од Интер е 90% подготвена за почетокот на новата сезона, башка ден за ден се играа мечевиве, Сити играа со аматери а Интер со Селтик ( во Шкотска гледам сезоната веќе почнала ).
Башка, Силва е класа фудбалер, Балотели сите знаеме каков потенцијал има, за Јаја Туре да не зборам боље, додај ги тука Џеко и компанија и види го Интер, на Цезар ова мислам прв меч му е, примавера децана изгубени во свемир се, останативе сега за сега се декор и то је то ...

Едноставно, вакви какви што се во моментов работите кај двата клуба, Сити за Интер се Барса.
--- надополнето: Jul 31, 2011 5:19 PM ---
Секоја прилика ја користиш да го „пофалиш“ Цезар.:D
Поентата ми беше дека нетипично за нив ''играат'' мадa за Цезар навикнав, вакви апсурдни киксови гарант ќе ги има и во сезоната што следи, се надевам нема да бидат само у мечеви со важност ко оние 2 лани со Баерн.
Баш на Копа Америка кога згреши на еден твит начекав од еден жабар ( дава констатно информации за Калчо фудбалот ) коментар у стил, '' типично за Цезар '', го научија со киксовиве ...
 
Syn се е тоа океј, никој не вика дека Сити не се со подобар состав, форма, кондиција, whatever, али играњето курташак на Станковиќ(денес и вчера), на Мота, Снајдер???
Несериозноста се гледа од километар....
--- надополнето: Jul 31, 2011 5:22 PM ---
И Марига почна да шутира од 25 метри.
Прости им господе, не знаат што праат :)
 
Не играа денес со третолигаш, играа со екипа која беше класа над Интер со оглед на кадарот кои они го имаа од старт и Интер, и екипа која за разлика од Интер е 90% подготвена за почетокот на новата сезона, башка ден за ден се играа мечевиве, Сити играа со аматери а Интер со Селтик ( во Шкотска гледам сезоната веќе почнала ).
Башка, Силва е класа фудбалер, Балотели сите знаеме каков потенцијал има, за Јаја Туре да не зборам боље, додај ги тука Џеко и компанија и види го Интер, на Цезар ова мислам прв меч му е, примавера децана изгубени во свемир се, останативе сега за сега се декор и то је то ...

Едноставно, вакви какви што се во моментов работите кај двата клуба, Сити за Интер се Барса.
Ај не заебавај сега и ти, Сити за Интер со одбрана Ранокиа-Киву-Кардирола + Ктисетиг и уште едно од децата (заборавив кој беше) во почетен состав, нормално дека е Барса. Многу несериозен пристап кон натпреваров, колку и да е пријателски, мора да има некаква корист од него. Пријателските се за уигрување, а кого уигрува Гасперини? Играчи кои нема воопшто да играат за тимот. За разлика од нас Сити ова го искористи за уигрување пред Манчестер, исто како и Милан што извади нормален состав на турнирот во Минхен.

Ние како сме тргнале, за Суперкупот ќе го извади и Ранокиа од состав и ќе каже дека и тоа не е важно. Ништо не е важно уствари.

Важно е да се има натпреварувачки дух. Важно е да се почне со победи. Многу е важно да се победи Милан, од аспект на мотивација и самодоверба за сезоната.

За Гасперини ништо не е важно... ја и Крејзи ќе се замараме...

Денешнава утакмица не е никакво мерило за тоа колку сме добри или лоши, ама беше бескорисна. чисто губење време. Ако не им се игра нека не играат, што мајка бараа во Даблин?
 
Вчера подобро играа, Дејо учествуваше во акцијата за првиот гол, Мота пресекуваше топки и се до црвениот беше на ниво ( ко за претсезонски меч ) ...
Денес сликата е поинаква али имам разбирање, пак ќе кажам, ден за ден е сјебано темпо кога претходен противник ти бил тим ко Селтик со почната сезона у Шкотска а денес тим ко Сити.

Не очекував блескаво издание а и фактот што Гасперини почна со несвојствена формација за него дополнително ми ги намали очекувањата за некаков поволен резултат ...
Иритирачки се пријателскиве, знам, баш ради тоа што го зборите, никаква игра, глупи грешки и слично али тоа било и ќе остане типично за овој дел од годината, затоа и ретко ги гледам, второво не го следев воопшто.

Следен меч на репертоар ми е со Милан у Пекинг па после до Лече ќе стагнирам од утакмициве, реков и ќе повторам, само да немаат некои посериозни проблеми со повреди, еве гледам Нага можно е да го пропушти стартот на сезоната.

п.с. И боље беше лани, со послаби противници пријателски, мада и тогаш се мачеа ( Панатинајкос, Далас ), Сити у моментов е тежок залак за ваквиов Интер, со примавера играчи и неуигран тим, физички многу лошо подготвен.
 
Гледам сме изгубиле....ништо неочакувано освен тоа што сум едно од најглупите суштества на планетата наместо да си ја изиграв сингл(а сакав) и да си се павтав со парите од кладилница јас играв помочани екипи како ЦСка Москва и АВстрија виена...ама тоа е...
Да преминиме на главното:Реално гледано Манчестер Сити во било каква ситуација е Барселона за Интер бидејќи имаат подобри и поквалитетни играчи на секоја можна позиција од нас освен на Снајдер и Ето.....Ова беше пријателска утакмица што не создава многу место за евентуали паники дека на тимот му требаат 56789 нови играчи....Одамна знаеме дека нашата фромација била,остана и ќе биде 6-1-3 и очекувани се шутевите на станкович,марига,мунтари итн...бидејќи едноставно во нашиот среден ред нема играч(освен Снајдер) кој знае да испрати асолна топка односно асистенција за Пацини и кутриот Ето од што во средниот ред кај нас се неписмени мора да се мачи да се враќа до центар да ја земи топката и да ја влечи со себе......
За супер купот против Милан гледајте позитивно на работите....за да изгубиме коефициентот ќе биде минимум 2.00 па ќе има добра заработка тој ден:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom