А1 отиде во стечај

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Супер. Само нешто ме нервира. Членот на законот, не им бил јасен на СРД.
Спорниот член 62 од Законот за радиодифузија, според кој, „ако настапи стечај или ликвидација, дозволата за работа престанува да важи“, и вчера беше тема на маратонската расправа во Советот за радиодифузија (СРД). Дали со самото отворање на стечајната постапка на А1 треба по автоматизам да и' биде одземена лиценцата или, пак, да се чека исходот од постапката, повторно ги скара членовите на Советот.

Не знам што не им е јасно? Ако они не можат да си го истолкуваат законот, кој може? На нивен предлог е правен? Што им кажува праксата? Како ги решављале во минатото ваквите случаи? Треба да бидат фер и праведни и да го направат она што е пракса кај нас но и во ЕУ. Ова ми е само лигавење. Како може една институција да нема став за закон за кои се надлежни?
 
Жал ми е за луѓето кои ќе останат без работа, а се радувам сега Велија да го јаде стапот на велико, си заслужи а највеќе зборуваше.
Ако не се подмират долговите и настане ликвидација тогаш лисјатаa навистина ќе паднат а долината ќе се исчисти од волците :(
 
Забораваат вмровците кој ги донесе на власт. А1 одсекогаш била опозицион медиум без разлика кој е на власт, исто таква концепција има и фокус од весниците, но Фокус не е медиум со големо влијание.

За криминал можеби е точно, но во тоа ќе верувам кога ќе потврди и некој друг, на овие тешко дека може да им се верува.

Власта е менлива категорија, а Сител и Канал 5 одсекогаш се со власта, менуваат позиции како дува ветрот. Така да кога власта ќе се смени очекувајте Сител, Канал 5 и другите да останат со власта.
 
луѓе абе доста плукате по а1 најдобра програма имаат од секогаш со исклучоци овие турски серии ама и нив сигурно ги гледаат чим ги има во толкав број, а сега неможам ни да замислам каква програма ќе гледаме сител мтв па господе се прашувам има ли некој што посветил повеќе од 15 минути на овие програма се тешам со тоа што имаме кабловска а тие што немаат нека му ја мислат ке изнагледаат како тече во македонија мед и млеко
 
Некој претходно праша: Што добивате вие со затворањето на А1?
Друго: Не е можно темава да не се претвори во политичко празнење на одредени поединци. Причина: на прсти и тоа од една рака се бројат компетентните од областа на правото што би коментирале тука.
Трето: Телевизиите ни се такви какви што се (од програмски аспект). Она што е смешно е што Сител во речиси се ја копира А1. Ако се сеќавате на доста популарната бразилска серија Клон (со Жаде), Сител веднаш потоа најде некоја безврска, исто бразилска серија. А1 ги донесе турските серии (како и синхронизацијата), кои уживаа(т) огромна популарност кај нас, па потоа Сител и Канал 5 го направија истото. На Канал 5 чат пат знае по некој добар филм да се погледа, а на Сител строго партизански филмови... Од кого Сител ќе копира ако ја затворат А1?
Сметам дека само губиме ако се затвори А1. Добивка не гледам никаде.
На крај да потенцирам дека не ме интересира политичката определеност на телевизијата, ниту пак судбината на нејзиниот газда.
 
Затоа мене ми е чудно што бара оваа тема во Право. Најверојатно сакаат така да ја прошверцуваат, бидејќи нема политика на форумов.
За волја на вистината, имаше неколку прашања да речеме правни (поврзани со процедурата за стечај), ама јасно е дека нема да им се свиѓа ниеден одговор доколку не е нешто у стилу „никаков закон не ја спасува А1, а и да има таков, дај да го игнорираме“.
Смешен народ сме ние :noze:
 
Така де, не им било јасно тоа што на СРД не им било јасно што да прават со дозволата, па се консултирале со правни експерти. Си кажа и претседателот: „Сме имале такви случаи, сме чекале да заврши постапката, па ако дојде до ликвидација, дозволата автоматски се одзема, бидејќи нема да има правен субјект на кого ќе гласи истата“.
Ако некој ја излажал Ивона Талевска дека Сител промовираат холограм, не мора цела Македонија тие глупости да ги слуша.
 
Ама ти не разбираш*, бидејќи се работи за А1 тука не важат стандардните законски правила и востановена пракса, тука е битно одма да се затвори, ич и стечај да нема. (така им треба, никаквеци предавнички). :D

*сарказам, да не се разбереме погрешно ;)

Така де, не им било јасно тоа што на СРД не им било јасно што да прават со дозволата, па се консултирале со правни експерти. Си кажа и претседателот: „Сме имале такви случаи, сме чекале да заврши постапката, па ако дојде до ликвидација, дозволата автоматски се одзема, бидејќи нема да има правен субјект на кого ќе гласи истата“.
Ако некој ја излажал Ивона Талевска дека Сител промовираат холограм, не мора цела Македонија тие глупости да ги слуша.
Еве го спорниот член од Законот за радиодифузна дејност
Член 62
Дозволата престанува да важи:
- со истекот на рокот за кој е доделена;
- со писмена изјава на имателот со која се известува Советот за радиодифузија
дека престанува со емитувањето на радио или телевизиска програма;
- со одземање на дозволата од страна на Советот за радиодифузија и
- ако настапи стечај или ликвидација на имателот на дозволата.
Многу јасно е пишано, дозволата престанува да важи доколку настане стечај или ликвидација. Значи, советот треба само да констатира дека е настанат стечај и да ја одземе дозволата. Се консултирал со експерти.:tapp: Ова и приправник може да го истолкува точно. Ама од друга страна го разбирам, не за џабе рекле - Бог да те чува од женска беља.
 
Еве го спорниот член од Законот за радиодифузна дејност

Многу јасно е пишано, дозволата престанува да важи доколку настане стечај или ликвидација. Значи, советот треба само да констатира дека е настанат стечај и да ја одземе дозволата. Се консултирал со експерти.:tapp: Ова и приправник може да го истолкува точно. Ама од друга страна го разбирам, не за џабе рекле - Бог да те чува од женска беља.
Закон за стечај
Кога веќе тврдиш нешто, биди сигурен дека си во право.
 
Што сакаш да ми кажеш. Дека А1 не е отидена во стечај. Што има врска Законот за стечај со Советот за радиодифузија кој работи според Законот за радиодифузна дејност. Еве од кој закон го цитирав членот. Во право сум или не сега? Многу јасно пишав и во погорниот пост од кој закон е членот.
 
А дали СРД е тој што одлучува кој медиум е во стечај, а кој не? Само тоа кажи ми.
 
А1 е веќе во стечај бе дечко, за тоа одлучи судот. СРД само треба да го почитува законот и да им ја одземе дозволата за емитување. Толку. Многу едноставно. Неможе СРД да се става во улога на законодавец. Еве и според нив, да не ми речеш дека не е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom