- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Батали ги поповите што ти велат. Се обложувам дека ниту еден од нив ја нема прочитано целосно Библијата, туку само напамет ги пеам нивните литургииза крштевка, венчавка и погреб.Па така ми имаат кажувано сите попови после причест дека не смее да се бања и не смее да се бацува со никој ... Ова се работи за истиот ден кога е земена светата причест .
Ако на денот на причеста не смееме да се бањаме, тогаш како тоа Христос пред самата причест им ги избањал нозете на постолите?
„Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.“ (ев. Јован 13:5, Библијата)
Ако после причест не смее да се бацува со никој, тогаш како тоа Христос истата ноќ после причест дозволил да биде бакнат од предавникот Јуда?
„А Неговиот предавник (Јуда) им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам (бакнам) јас - Тој е, фатете Го!” И веднаш се приближи до Исус и Го целива. “ (ев. Матеј 26:48, Библијата)
Интересно е да се забалежи дека тука Исус не му приговорил на Јуда нешто у стилот: „Зошто ме целиваш? Па не помниш ли дека пред неколку саати се причестивме?“, туку му рекол: „ Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!” “ (ев. Лука 22:48, Библијата)