Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па така ми имаат кажувано сите попови после причест дека не смее да се бања и не смее да се бацува со никој ... Ова се работи за истиот ден кога е земена светата причест .
Батали ги поповите што ти велат. Се обложувам дека ниту еден од нив ја нема прочитано целосно Библијата, туку само напамет ги пеам нивните литургииза крштевка, венчавка и погреб.

Ако на денот на причеста не смееме да се бањаме, тогаш како тоа Христос пред самата причест им ги избањал нозете на постолите?
„Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.“ (ев. Јован 13:5, Библијата)

Ако после причест не смее да се бацува со никој, тогаш како тоа Христос истата ноќ после причест дозволил да биде бакнат од предавникот Јуда?
„А Неговиот предавник (Јуда) им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам (бакнам) јас - Тој е, фатете Го!” И веднаш се приближи до Исус и Го целива. “ (ев. Матеј 26:48, Библијата)

Интересно е да се забалежи дека тука Исус не му приговорил на Јуда нешто у стилот: „Зошто ме целиваш? Па не помниш ли дека пред неколку саати се причестивме?“, туку му рекол: „ Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!” “ (ев. Лука 22:48, Библијата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светов е поделен на временски зони, при што за нулта се зема меридијанот кој поминува низ Гринич. Тоа значи дека ако тука е петок, на некое друго место може да биде сабота...или четврток! Е сега, временските зони постојат од 1675, а постот постоел и пред тоа.....дали верниците пред 1675, на балканот и оние на далечниот исток (на пример крајниот дел од Русија), постеле во ист ден? Дали е вистински тогашниот нивен петок, или денешниов?
Плус во минатото се користел Јулијанскиот календар, а денес се користи Грегоријанскиот......! Од каде знаете дека "вашиот" петок, не е сабота или четврток?
Црквата не се раководи по модерните астрономски мерни методи, туку по природните промени и природните временско-просторни ориентири, како на пример, ,„ѕвездата„ Деница, Сонцето а особено Месечината, кои сам Бог ги одредил за граница на денот и ноќта. Црковниот ден почнува со ноќ а не со ден/утро, , согласно Битието. Така, во манастирите јасно е одреден терминот за утрински и вечерни богослужби, со кои почнува ноќоденот а не деноноќието. Не е битно која Црква каде е лоцирна на Земјава, оти за сите нив важат истите правила за временска ориентација. Ноќта е ноќ а денот е ден и во Европа и во Австралија. Ако за некоја Црква „сега„ е четврток, за друга помесна Црква не е проблем ако „сега„ е петок. Временскат разлика ради различната лоцираност на Земјава, не прави никаков проблем за Црквите. Нова Година на пример, не „доаѓа„ истовремено во Јапонија и во Македонија.ама цел свет ја слави.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не е пожелно бањање и целивање после причест, ради можноста од оставање честичка од телото и крвта Христови на несоодветни места, како: световни предмети, отпадна/канализациона вода после бањање и сл, што би значело ненамерно отфрлање на Христа на непожелни места.
Не ми се верува каква пародија читам. Демек ако се избањам после причест и една честичка од виното отиде со водата демек тоа значело дека Христос сме го отфрлиле во непожелно место?
Прво, виното не е буквално кртва Христова туку само симболично ја претставува крвта Христова. Истото важи и за лебот.
Второ, Христос не се отфрла со бањање после причест, туку го отфрламе кога го отфрламе Неговите зборови, Неговите заповеди и Неговото учење.

„И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот. Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден.“ (Исус, ев. Јован 12:47, Библијата)

Да, не е тоа заповед од Бога, ама затоа е препорака од Црквата Божја, што му доаѓа исто како таа препорака Бог да ја заповедал.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ми се верува каква пародија читам. Демек ако се избањам после причест и една честичка од виното отиде со водата демек тоа значело дека Христос сме го отфрлиле во непожелно место?
Да....
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Црквата не се раководи по модерните астрономски мерни методи, туку по природните промени и природните временско-просторни ориентири, како на пример, ,„ѕвездата„ Деница, Сонцето а особено Месечината, кои сам Бог ги одредил за граница на денот и ноќта. Црковниот ден почнува со ноќ а не со ден/утро, , согласно Битието.
Ама верниците се раководат според модерните астрономски мерни методи. На пример детево што прашуваше за постење во петок! Што ако тој има семејство во Австралија, или на некое друго место, каде временската разлика е голема, и сака заедно да постат во петок? Поради таа разлика, кога во Македонија е петок, таму ќе биде сабота....или четврток - сеедно! Што тогаш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прво, виното не е буквално кртва Христова туку само симболично ја претставува крвта Христова. Истото важи и за лебот.
Ај да видиме дал си во право.

„....И кога јадеја, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело„. (Матеј 26.17).

Еве го телото Христово!

„...И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите„. (Матеј, 26.27).
„...зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите....„ (Матеј, 26.28)

Еве ја крвта Христова!

Ајде сеа, да видам која пародија Ти ќе ја напишеш....Значи, ќе го имам Твојот збор против Божјиот збор (Писмото) во кое непрекидно се колнеш!
--- надополнето: Jul 28, 2011 2:37 PM ---
Ама верниците се раководат според модерните астрономски мерни методи. На пример детево што прашуваше за постење во петок! Што ако тој има семејство во Австралија, или на некое друго место, каде временската разлика е голема, и сака заедно да постат во петок? Поради таа разлика, кога во Македонија е петок, таму ќе биде сабота....или четврток - сеедно! Што тогаш?
Ако некој пости во Македонија, ќе пости според нашево „време„, онака како ние локално го приемаме. Ако некој пости во Австралија, тогаш ќе пости според австралиското време. Временската разлика меѓу Македонија и Австралија е просечно 8 часа.

За монасите во манастир, денот почнува околу 17.30 часот, после вечерната служба, За „обичните„ верници, денот трае од полноќ до полноќ, освен ако верникот се нафатил да се раководи по манастирско време., од 17.30 денес до 17.3о наредниот ден.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бог никаде не ставил временски регулативи за постот. Никаде, буквално никаде во Библијата нема заповед од тогаш до тогаш да се пости, во тој ден, од тој до тој ден, од тоолку до толку часот или слично. Нема ни заповед од тогаш до тогаш да се молиме. Постот и молитвата се духовни дисциплини кои им се дадени на верниците по своја желба и потреба да ги прават. Бог не поттикнува да ги правиме што е можно почесто и поредовно, но не ни заповедува часови, денови кога треба тие да започнат и завршат. Сите овие работи ги измислиле луѓето облечени во црковни одора, со цел да им ставаат дополнителни бремиња на луѓето и да има даваат лажна слика за „побожност“ на верниците убедувајќи ги дека доколку ги почитуваат нивните црковни обичаи - тогаш ќе бидат побожни.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.227
Поени од реакции
84.189
Црквата не се раководи по модерните астрономски мерни методи, туку по природните промени и природните временско-просторни ориентири, како на пример, ,„ѕвездата„ Деница, Сонцето а особено Месечината, кои сам Бог ги одредил за граница на денот и ноќта. Црковниот ден почнува со ноќ а не со ден/утро, , согласно Битието. Така, во манастирите јасно е одреден терминот за утрински и вечерни богослужби, со кои почнува ноќоденот а не деноноќието. Не е битно која Црква каде е лоцирна на Земјава, оти за сите нив важат истите правила за временска ориентација. Ноќта е ноќ а денот е ден и во Европа и во Австралија. Ако за некоја Црква „сега„ е четврток, за друга помесна Црква не е проблем ако „сега„ е петок. Временскат разлика ради различната лоцираност на Земјава, не прави никаков проблем за Црквите. Нова Година на пример, не „доаѓа„ истовремено во Јапонија и во Македонија.ама цел свет ја слави.
Сакаш да ми кажеш дека петочниот пост не ми почнува у 12 ноќеска, него денес коа ќе се стемни?
А завршува у петок коа ќе се стемни?
Ја до сеа си постев егзактно според саатот. На пример, у 00:00 у среда ми почнува тој еднодневен пост, а ми завршува у 00:00 четврток.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пред малку напишав:

„..За монасите во манастир, денот почнува околу 17.30 часот, после вечерната служба, За „обичните„ верници, денот трае од полноќ до полноќ, освен ако верникот се нафатил да се раководи по манастирско време., од 17.30 денес до 17.30 наредниот ден...„.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Значи ова бањање во петок е друга работа ... Не забранува бог тука стварта е тоа што поради Св. Петка не чини ... Ке ти кажам искрено , тетка ми се бањала во петок и и се појавила св. Петка ... Во чест и слава на св.Петка си постам секој петок и избегнувам да се бањам баш во петок , а секој друг ден си е дозволено и нема зошто да не смее ... Не гледам зошто да биде срамота ... Мислев разбира некој ама еве видов дека на повеќето темава им е за тепање време и досада ...
На тетка ти и се појави св. Петка?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ај да видиме дал си во право.

„....И кога јадеја, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело„. (Матеј 26.17).

Еве го телото Христово!

„...И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите„. (Матеј, 26.27).
„...зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите....„ (Матеј, 26.28)

Еве ја крвта Христова!
Тука Исус не зборува буквално. А ако идеме по твојата православска буквална логика, тогаш следува дека:
Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен“ (Исус, ев. Јован 10:9, Библијата)
Аха! Значи Исус е буквална врата! Немој да ти се случи некогаш да треснеш врата, затоа што на тој начин си го треснал Христос! :)
„Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот.“ (Исус, ев. Јован 14:6, Библијата)
Аха! Значи Исус е буквално пат! Немој да ти се случило некогаш да одиш по пат, затоа што на тој начин си го погазил Христос! Има да одиш само по трева! :)
„Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот“ (Исус, ев. Јован 8:12, Библијата)
Аха! Значи Исус е буквална светлина! Немој да ти се случи некогаш да запалиш светло во тоалетот, затоа што на тој начин ќе го испратиш Христос во непожелно место! :)
Јас Сум лозата, а вие сте прачките.“ (Исус, ев. Јован 15:5, Библијата)
Аха! Значи Исус е буквална Лоза, а христијаните се буквални прачки! Немој да ти се случи некогаш да скинеш грозје, си го скинал Христос. Патем како е да си прачка? :)

Прости ми Христе што морав да те спомнам во оваа пародија, но изгледа морав за да ја разобличам православната буквална логика на квазитолкување на Светото Писмо.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тука Исус не зборува буквално. .
Аааааа, значи Ти точно знаеш што Исус сакал да каже, така? :confused:
--- надополнето: Jul 28, 2011 2:52 PM ---
Тука Исус не зборува буквално. А ако идеме по твојата православска буквална логика, тогаш следува дека:
Не ми ги извртувај зборојте и не ја пренасочувај дискусијава!

Изнесов точно одредени цитати, во кои Христос точно посочува дека виното е Неговата крв а лебот е Неговото тело и нема(м) потреба од Твое толкување за тоа што Он „у ствари„ сакал да каже!

Кога Христос вели дека Он Е светлина, Он крај себе нема светлина (или пат или врата...), ама кога вели дека виното е Негова крв а лебот Негово тело, Он крај себе ги има и виното и лебот и токму нив ги посочува!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што христијани ќе бевте вакви, очите ќе си ги извадите?

Каде ви е љубовта, милоста, простувањето, вртењето на образите?

цццц....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прости ми Христе.
Присти му, Христе Боже, на овој член на форумов, кој „...не знае што зборува...„ и кој ги сквернави Твоето Свето тело и Твојата пречиста крв!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom