Мики бар се потруди, мора да му се признае тоа.
И сега според оваа "дефиниција " дали би можело свеста да се дигитализира? или пак да се создаде дигитална свесност?
Не понудув дефиниција, оти ако нешто дефинираш, значи дека дефинираниот предмет или појава си ги ставил во одредена рамка. Духот човеков и неговите особини, бидејќи не се овосветовни, не можеш туку-така да ги дефинираш. На пример, за човеквоиот дух, поимите „бесконечно„ и „бесмртно„ постојат и се прифаќаат со вера, иако се физичко-временски неограничени и немерливи.
Пошто футуризмот не ме занима, ќе се впуштам во мое видување за свеста и можноста за нејзина дигитализација.
По смртта, духот човеков го напушта овој, материјалниов Свет. Ако е тоа така, тогаш, што е „тоа„ што ќе остане по смртта за да може да биде дигиталзиирано? Ништо, освен телото, кое ионака ќе се распадне на својот молекуларен состав, кој сигурно не е погоден за „дигитализација„. „Ништото„ не може да се дигитализира, оти свеста, како способност од човековиот ум, се отселила од овој Свет. Технолошки гледано, можно е да се постигне одреден степен на независна „ментална„ активност кај машните (компјутерите, т.н. „невронски компјутери„, кои само симулираат човекова/мозочна активност) но тоа е далеку-далеку од „нешто„ кое би требало да биде дигитализирана свест. Така, дигиталноста на свеста, останува саде уште една утопија, која служи за залажување на самите себе, како можност за трошење на личната вера во „убавата иднина„ , која ни ја понуди антихристот Маркс.
Бесмртноста не лежи во дигитализацијата на свеста, која е невозможна, туку во Христа Богочовекот, кој уште пред 2 0000 г. не повика да бидеме вечно и заедно со Него, во Царството Небесно. Така, Он ги надмудри сите овосветовни лажговци, кои постојано ни нудат „убава иднина„ ама на оваа и ваква Земја, а не во Рајот, оддесно од Христа!
--- надополнето: Jul 28, 2011 2:12 PM ---
А зошто да не се бања после причест? Од кого е оваа забрана? Се сомневам дека е од Бог.
Не е пожелно бањање и целивање после причест, ради можноста од оставање честичка од телото и крвта Христови на несоодветни места, како: световни предмети, отпадна/канализациона вода после бањање и сл, што би значело ненамерно отфрлање на Христа на непожелни места.
Да, не е тоа заповед од Бога, ама затоа е препорака од Црквата Божја, што му доаѓа исто како таа препорака Бог да ја заповедал.