Првата мачка се викаше Маре
моите ја чувале 18 години, почина кога имав 4, само памтам дека беше бела и куцаше на една нога.
После, чувавме папагал се викаше Аско, плачев една недела и му купија жена, ја крстив Флора. Ацко умре од настинка, Флора после 2 недели од тага. Убав пар беа.
Чував маче кај баба, се викаше Цезар, голем љубовџија беше, го чувавме 4 години, ни го згази кола.
Сега чувам кутре не е расно, го најдовме на улица фрлено и си го земавме, се вика Среќко има 10 и пол години и ни ги кине живците по дома, станува сенилен и склеротичен, ама јас си го сакам најмногу.