Исус знаел која му е мисијата, и дека треба да се жртвува заради луѓето. Меѓутоа зошто токму таков начин на жртва (читај човечка) му била потребна на Бог за да и помогне на својата најмила креација. Зошто Семоќниот избрал да жртвува син за да им покаже на луѓето колку е неговата љубов голема? Ќе го постигнел истото правејќи чуда одвреме навреме нели?
Како едно битие, вонременско, супермоќно, суперинтилигентно се одлучува на ваков потез, човечка жртва?
Прашањето што го поставуваш е многу добро и суштинско, а одговорот следи од евангелието - централната порака на Библијата. Значи одиме по ред, Библијата објавува дека:
1. Сите луѓе се грешни (наследници на гревовна телесна природа, склони кон грев и прават гревови)
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ (
Римјаните 5:12, Библијата)
„Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден... зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (
Римјаните 3:10-13,23, Псалм 14:1-3, Библијата)
„Грешен сум од раѓање, грешен откога мајка ми ме зачнала“ (
Псалм 51:5; Библијата)
2. Платата (заслуженото) за гревот е смрт.
„Зашто заслуженото за гревот е смрт“ (
Римјаните 6:23, Библијата)
„оној кој ќе згреши, тој ќе умре.“ (
Езекиел 18:4, Библијата)
„направениот грев раѓа смрт.“ (
Јаков 1:15, Библијата)
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија. “ (
Римјаните 5:12, Библијата)
3.Старозаветните животински жртви не можеа да ги отстранат гревовите, туку само ги покриваа.
„Потоа свештеникот нека принесе жртва за грев за да се покрие гревот на тој кој се очистува“ (
Левит 14:19, Библијата.) (Види исто и:
Левит 12:8; 14:29,31; 15:30; 19:22; итн)
„Но тие секоја година напомнуваат на гревовите зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите... И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите.“ (
Евреите 10:3,4,11, Библијата)
4. Мојсеевиот закон бараше казна еднаква на престапот.
Безгрешен човек згреши, безгрешен човек мораше да умре, а не животно за човек.
„Има ли друго зло, казната нека биде: живот за живот, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога, изгореница за изгореница, рана за рана, модринка за модринка“ (
Излез 21:23-25, Библијата)
5. Христос е Спасителот Кој го жртвуваше Своето тело, за да ја плати казната за нашиот грев.
„И не за да се принесе многупати Себеси, како што првосвештеникот влегува во Светината секоја година со туѓа крв; зашто инаку би требало да страда многупати од создавањето на светот. Но сега, кон крајот на вековите, Тој се јави еднаш, за да го отстрани гревот со Својата жртва.“ (
Евреите 9:25-26, Библијата)
„Тој се појави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.“ (
1 Јованово 3:5, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (
Римјаните 5:8, Библијата)
„Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.“ (
Исус, ев. Јован 15:13, Библијата)
„По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас“ (
1 Јованово 3:16, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови“ (
1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.“ (
Исус, ев. Јован 10:11, Библијата)
„Дојде часот да се прослави Човечкиот Син. Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод... Сега (пред смртта), Мојата душа е вознемирена, и што да речам? Татко, избави Ме од овој час! - Но, заради тоа и дојдов до овој час!“ (
Исус, ев. Јован 12:27, Библијата)
„Татко Мој! Ако не е можно да Ме одмине оваа (страдалничка) чаша, за да не ја пијам, тогаш нека биде Твојата волја.” (
Исус, ев. Матеј 26:42, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. “ (
Исус, ев. Јован 3:16, Библијата)
Има дури и експлицитно пророштво во стариот завет, пророкувано од Исаија околу 700 години пред да се роди Исус:
„Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме. А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.
За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија.
Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат.
А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род?
Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага. Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење;
кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.“ (
Исаија 53:3-10, Библијата)
И плус дали според тебе му успеал планот, разбрало ли човештвото што направил Бог за нив?
Таман работа на Бог да не му успее планот. Човештвото е во процес на разбирање што Бог направил за нив. Бог суверено одлучил тоа да го разгласи преку Христовите ученици. Секој нов ученик што ќе го разбере тоа, со задоволство продолжува да ја разгласува радосната вест за спасувањето преку Исус. (евангелие на грчки значи радосна вест)
Поздрав!