После првото гледање, филмот бил исвиркан и добил доста лоши критики, заради тоа е изјавата на Кјубрик.
Кјубрик е режисер на кого не можам да му одберам најомилен филм. Не само што сите филмови му се ремек-дела, туку сите филмови се со различна тематика, различен жанр, различна приказна и различна продукција.
Приказната во Space Odyssey се развива бавно, тоа на мене уште повеќе ми се допаѓаше, се внесувам во приказната уште повеќе. Филмот изобилува со легендарни сцени.
Единственото нешто што ме копка во филмот се последните дваесетина минути. Е, таму ама баш ништо не сфаќам што се случува.
За жал, уште долго време нема да се роди режисер како Кјубрик.