Евтини авионски карти

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
Не е нова вест ама да дополнам.Пегасус ервејс лета Скопје-Истанбул и Скопје-Измир за 29евра.Офицјално соопшето и на фејсбук профилот

Our focus is on Balkans. We have just opened a new route to Macedonia’s capital city, Skopje. Starting from 15 August, our guests will be able to fly to Macedonia from İzmir and Istanbul, with ticket prices starting from 29,99 Euros.

With the addition of this new destination on 15 August 2011, Pegasus increases its number of destinations to 47 in 21 different countries giving even more choice for those looking for somewhere different for a holiday.


https://www.facebook.com/pegasusairlines
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Може да ме информирате колку чини повратна авио карта за до Амстердам?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Скопје - Венеција ефтини карти, има ли летови?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Од упатените барам информација за следново:

Како може една карта од wiz air, од нискобуџетните на различни страни да биде различна цена?
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Од упатените барам информација за следново:

Како може една карта од wiz air, од нискобуџетните на различни страни да биде различна цена?
мислиш на туристичките агенците што ги продаваат?
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
Од упатените барам информација за следново:

Како може една карта од wiz air, од нискобуџетните на различни страни да биде различна цена?
Секоја страна си има свој процент.Избегавај други страни купувај само од нивната веб страна и никоја друга.Незнам како си успеал да најдеш на друга страна пошо и Виз Ер си кажа дека тие имаат посебен букинг систем и неможе да се букира карта од други страни освен од офицјални туристички агенции кои имаат договор со Виз Ер кои инаку ги нема во Македонија
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
www.edreams.com најлесно и најбрзо да најдите ефтини авионски карти ;)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Фала за информацијата
Од скопје до милано или до виена има ли евтини авионски карти?
Oд денешен Вест:



РАЗОЧАРУВАЊЕ ПО ПРОМОТИВНИОТ ЛЕТ ВИЕНА - СКОПЈЕ ВО ПРЕДИЗБОРИЕТО
Ники Лауда се откажа од Македонија
"Во овој момент не нудиме услуги на релација од Виена до Скопје или кој било друг град во Македонија. Ние имавме само неколку чартер летови во текот на април и мај од Виена до Скопје. Не летаме на рутата Виена - Скопје и не планираме да летаме", вели Ванеса Маер од "Флај Ники"
"Флај Ники" од септември нема да лета од Скопје за Виена, ниту пак планира од Скопскиот аеродром да лета до некоја друга дестинација, изјавија за "Вест" од нискобуџетната авиокомпанија во сопственост на трикратниот светски шампион во "Формула 1" Ники Лауда. Од таму не дадоа објаснување од кои причини компанијата го откажува планот од септември годинава да лета два пати неделно на релација Скопје - Виена - Скопје, со билет кој, според најавите, не требаше да биде поскап од 100 евра.
"Во овој момент не нудиме услуги на релација од Виена до Скопје или кој било друг град во Македонија. Ние имавме само неколку чартер летови во текот на април и мај од Виена до Скопје. Не летаме на рутата Виена - Скопје и не планираме да летаме", вели Ванеса Маер од "Флај Ники".
Ники Лауда на 14 април годинава лично ја промовираше нивната услуга на рутата Скопје - Виена, кога на аеродромот "Александар Велики" слета со авионот ембраер 190, кој сам го пилотираше.
Трикратниот светски првак на аеродромската платформа на црвен килим го пречека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со претставници на ТАВ и други владини функционери. Јанакиески заедно со Лауда влезе и во пилотската кабина на ембраерот. Министерот тогаш изјави:
"Според најавите од компанијата, 'Флај Ники' ќе лета редовно од септември, два пати неделно, на релација Скопје-Виена-Скопје. Повратен билет, со вклучени аеродромски такси, ќе биде поевтин од 100 евра. Резервациите почнуваат наредниот месец кога ќе има и бесплатни билети".
Промоцијата на летовите на нискобуџетната авиокомпанија во присуство на Ники Лауда беше во предизборието на предвремените парламентарни избори во јуни годинава.
Од операторот на македонските аеродроми ТАВ вчера изјавија дека "Флај Ники" ќе лета од Скопје во зимската сезона, која почнува од 29 октомври, без никакво објаснување зошто авиокомпанијата се откажува да стартува со летовите од септември како што беше најавено.
"Летовите на 'Флај Ники' за зимската сезона воопшто не се откажани. Тие во изминатиов период откажале само два чартер лета. Имајќи предвид дека ТАВ е само оператор на аеродромот, а 'Флај Ники' дојде во Македонија благодарение на МакСан, за понатамошни информации најдобро е да се обратите кај нив", велат од ТАВ.
Од туристичката агенција МакСан вчера не сакаа да одговорат на ниту едно прашање, бидејќи официјални изјави дава само генералниот менаџер, кој до 3 август е на службено патување во Келн.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) велат дека досега за "Флај Ники" е одобрен и реализиран само еден лет, односно, промотивниот со кој во април во Скопје слета Лауда. Од тогаш досега од авиокомпанијата немаат доставено ново барање да летаат од Скопје, објаснуваат од Агенцијата.
"Сè уште е рано да се каже за зимската сезона. Барањата сега се обработуваат брзо и во рок од 24 часа се одговара на нив", велат од АЦВ.
"Флај Ники" од пред една година со секојдневни и поевтини летови на рутата Белград - Виена е сериозна конкуренција на авиокомпаниите "ЈАТ ервејс" и "Аустријан ерлајнс".
Т. Јовановска
 
T

Tetro

Гостин
Од таму не дадоа објаснување од кои причини компанијата го откажува планот од септември годинава да лета два пати неделно на релација Скопје - Виена - Скопје, со билет кој, според најавите, не требаше да биде поскап од 100 евра.
Сигурен сум едно 96% дека побарале нашите поголем дел отколку што чинат билетите, и затоа. Живееме у банана држава, не треба да не чуди.
Туууу, да се стега чоек за да одвои пари да отиде некаде на запад.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Дали има воопшто летови од скопје до милано или венеција или виена и колку чинат отприлика?
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Се извинувам така што ке прашам, неможам да барам назад дали има некој пишано за ова или по нет да барам, знае ли некој колко се отприлика картите до Лондон, или Манчестер ако знае некој. Нека пише некој ако знае позз :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom