Фан Клуб: Челзи

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
8 Замени:
Ешли Кол наместо Ван Анхолт,Рајковиќ наместо Тери,Фереира на место на Босингва,Бенајун наместо на Лампард,Жирков на место на Мек Екран,Малуда на место на Стариџ,Дрогба на место на Торес,Калу на место на Анелка :D
Хиларио,Ивановиќ и Микел остануваат во игра :D
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135

Па Хиларио флезе тек у 2 пп ..прво бранеше Чех :D
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Видов сега,го гледам натпреваров од 30та минута и не го забележав Чех ..
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Палермо: Пасторе најверојатно во Челси

Подптретседателот на екипата од сицилија, Гиџељмо Мичике, изјави дека нивниот најбаран играч за ова лето веројатно ќе отиде во Челси

Претседателот на клубот Мауро Зампарини, вчера објави дека има тешка битка помеѓу Челси, Сити и Рома. Но сега неговиот втор човек изјавува дека „сините“ се во пол позиција за потписот на младиот 22-годишен аргентинец, за кого Палермо очекуваат сума од околу €45 милиони.

„Зборуваме за играч кој што е според мое мислење екстраординарен“

„Нема сомневање дека тој треба да биде продаден од многу причини. Тој сака голем клуб и има преговори во напредна фаза со многу важен клуб“

„Неговиот агент работи добро и ако некого ја прати точната цена тогаш ние со задоволство би го пуштиле“

„Многу веројатно дека тој ќе оди во Челси но има уште клубови со таква големина која што го гледаат момчето"

ДАЛ ГОСПОД!!
 
В

Вори

Гостин
Еве ви сега.Го декласиравме противникот на пријателска утакмица,ако тоа ви е сатисфакција тогаш...
Игравме добро,ги наполнивме и тоа е репер дека наредна сезона ќе газиме во сите натпреварувања?
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Пријателските утакмици немаат никаква врска.

Кога ќе почне сезоната тогаш ќе видиме што сме како сме.
 
F

fantomX

Гостин
Како и секој играч на негова возраст што може да напредува,така може да напредува и тој.Не знам како да ти објаснам.

Ете,како може МекЕкран да напредува на пример,објасни ми?
МекЕкран можи да напредува физички и кондиционо, и тоа многу. Исто и ментално. Додека технички и не можи многу, тој е талентот што го има.
Лукаку не покажува особен технички квалитет или потенцијал шо би го развивал, физички е на максимум. Значи одиме кондиционо, иако сметам дека то оди со физичкото во глобала; како и ментално. Можи да има некој напредок, ама јас не гледам од него квалитетен играч, наследник на Дрогба па ич.
Некој пресметан ризик би презел за да се донеси, до 15 милиони фунти, се нагоре не го бидува.
--- надополнето: Jul 25, 2011 2:11 AM ---
Еве ви сега.Го декласиравме противникот на пријателска утакмица,ако тоа ви е сатисфакција тогаш...
Игравме добро,ги наполнивме и тоа е репер дека наредна сезона ќе газиме во сите натпреварувања?
Не, единствена сатисфакција е комбинацијата на средината на теренот кој го почна дуелот и инструкциите за МекЕкран на теренот кои беа многу поинакви од тоа шо имаме видено досега, како и функционаирањето на врската Кол - Малуда на левата страна.
Во секаков друг поглед, немаше ништо ново шо да се види.
--- надополнето: Jul 25, 2011 2:13 AM ---
Палермо: Пасторе најверојатно во Челси
Очај, немам видено управа поупорна да го продај својот најдобар играч од овие мафиозиве.

А за сумата, море некој да понуди и 25-30 милиони евра со две раце без мислење ќе потпишат. Не е точно дека клубовите се тепаат за него.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Според мене не ви требаше Куртоа да го дадете на позајмица, многу подобро ќе беше Хиларио или Турбуљ :) да летаат, еден од нив и на мечевите со послаби противници во Карлинг ова она да брани тој :)
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
А Куртоис исполнува услови со репрезентативни настапи ?
 
Не постои толку фудбалски сенс кај Челзи се уште.

А Куртоис исполнува услови со репрезентативни настапи ?
За играчи-државјани на ЕУ ги нема таквите бариери. Да ги имаше, Хиларио на пример, никогаш немаше ни да се проближи до Челзи.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Не постои толку фудбалски сенс кај Челзи се уште.

За играчи-државјани на ЕУ ги нема таквите бариери. Да ги имаше, Хиларио на пример, никогаш немаше ни да се проближи до Челзи.
Видиш не ми текна на тоа
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Според мене не ви требаше Куртоа да го дадете на позајмица, многу подобро ќе беше Хиларио или Турбуљ :) да летаат, еден од нив и на мечевите со послаби противници во Карлинг ова она да брани тој :)
Сите овде се сложуваме дека овие двајца треба да си одат, ама очигледно е дека нема да одат никаде летово. А секако тука се и Делач, Тејлор, Блекмен. Според мене подобра опција е позајмицата, бар ќе стекне искуство таму. Ако останеше, дали еднаш во сезоната ќе добиеше шанса.

Него, денес се вртат вакви информации
TRANSFER NEWS CENTRAL EXCLUSIVE: Our source,who is currently close to Chelsea's chief executive ,Ron Gourlay, had talks with him,in which Ron Gourlay confirms Luka Modric deal will go through. Luka Modric will be officially announced as a Chelsea player in Hong Kong on the day of Barclays Asia Trophy.

А вчера рекоа дека имало понуда од Челзи, 27 милиони плус Стариџ. Ептен глупа понуда, и незнам зошто Боас или било кој во Челзи би мислел дека Калу и Анелка се подобра опција од Стариџ. Ќе видиме што ќе биде, ама не би сакал таков трансфер.

Исто така, сме биле заинтересирани за Џонсон, ама Сити нејќеле да го продадат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom