Незнам как некои видеа дека Јунајтед донесе 3 толку големи засилувања и заедно со них е главен конкурент за титулата. Не дека засилувањата се лоши, ама јас единствено засилување го сметам само Јанг и тва на позиција на коо имаме мош најного играче. После дебито на Де Геа ама ич не очекувам он да бране у ПЛ. Как прво 20кг е. Ептен ми стоо слабичко и жгуљаво, без разлика колко талент има. Па и толко му се годиинте, енос му е почнало брада да му никне, глеете нее ни избричанко. Коо ќе му се забоде некој как Самба у 16, има да го јаде у кичмата. Треба 10 котаара пченка да изеде за да биде как прво физички подготвен да бране у Англија. И дете е оште, не зајбавајте. Преголема одговорност му се дава со наште очекувања. Доваѓа как број 1 и му се создава огромен притисок оште почетоко. Памтејте ми збооро дека Линдегард ќе биде мангата шо ќе стане голманиште. Такво претчувство имам... Исто и Фил Џонс. Таленат. Исто как да си посадил кива, и да га чекаш 3-4 год да даде плод, ама ако нема жена (Смолинг) слабо. Така да, Карлинго е нивен. Неговите плоодови ќе ги бераме понатам. На 18 и 20 години колко шо имат он и Де Геа некои тука спамират по цел ден, па незнам они колко се способно да га носат историјата на Јунајтед на плеќи, па и вие да го очекувате тва од них. Јанг е добро засилување, ареса ме ного, без разлика шо се тука Нани и Валенсија на прво место. Нека се оправе Џеват, да играа потимски, оти новодојдениот му брат ќе му земе местто. Појаки од лани? Шо, поискусни сме? ВДС пензија, голо ќе биде послаба точка. Сколс-мозоко у пензија, одма губе средината на одредени утакмици, исто ќе биде послаба (па и работта со Флечер). Другите, генерација '81, го имат поминено врво. Сега може да очекувате само шева од них, да им паѓа константноста и формата. Единствено најдобро оружје се младите. Рафаел, Фабио, Еванс, Клеверли, Македа, Велбек, Обертан... Они се тие млади шо можат да собират искуство до дека не дојдат до таа точка на врх. Единствено они имат да не кажам напредок од лани тва време. Од них очекувам повеќе, иако сам малко скептичен со некои. Исто очекувам ного од крилата и напаѓачите, голема конкуренција се, треба да имат зголемен борбен дух меѓу них. Искрено, па и не сме толко лоши. Коо ќе видеме кој имаме на клупата и коо ќе ги спооме сите тие работи, мош ќе газеме оште појако од лани, на чело со Руни, од прво до последно коло, здрааве.
U N I T E D !