- Член од
- 13 август 2010
- Мислења
- 956
- Поени од реакции
- 1.100
Можно е како не е можно.
Во ова денешно искриволичено општество, каде што на жалост се помалку се почитуваат вистинските вредности и тоа како е можно. Не велам дека воопшто не постои вистинско другорство, постои, но денес се повеќе е од корист.
Подмолсност, користољубивост, измама, лицемерие и други негативни карактеристики гледам добро се етаблирани, восприемани во голем процент кај популацијата. Па уште и ако малку се правиш наудрен и газиш се пред себе зголемени се шансите за успех (малку излегов од контекст но тоа беше мотото на една дотична другарка). Жално, но вистинито кај некои повеќе, кај некои помалку се застапени. Можам да се пофалам дека имам една најдругарка, со која уште од градинка сме заедно, но последниве години поради километрите кои не делат не е исто како што е било, но барем се трудиме да го одржиме тоа другарство.
Но пред се сакав да кажам сите ние бараме можеби понекогаш многу и прво пред тоа нешто што го бараме и очекуваме од другарите, треба да се запрашаме дали и ние сме подготвени тоа да го сториме.Зошто за да другарството биде вистинско треба да биде обострано.