Другарство од интерес. Можно ли е?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Можно е како не е можно.
Во ова денешно искриволичено општество, каде што на жалост се помалку се почитуваат вистинските вредности и тоа како е можно. Не велам дека воопшто не постои вистинско другорство, постои, но денес се повеќе е од корист.
Подмолсност, користољубивост, измама, лицемерие и други негативни карактеристики гледам добро се етаблирани, восприемани во голем процент кај популацијата. Па уште и ако малку се правиш наудрен и газиш се пред себе зголемени се шансите за успех (малку излегов од контекст но тоа беше мотото на една дотична другарка). Жално, но вистинито кај некои повеќе, кај некои помалку се застапени. Можам да се пофалам дека имам една најдругарка, со која уште од градинка сме заедно, но последниве години поради километрите кои не делат не е исто како што е било, но барем се трудиме да го одржиме тоа другарство.
Но пред се сакав да кажам сите ние бараме можеби понекогаш многу и прво пред тоа нешто што го бараме и очекуваме од другарите, треба да се запрашаме дали и ние сме подготвени тоа да го сториме.Зошто за да другарството биде вистинско треба да биде обострано.
 
зошто да не е можно? денес се е можно. а и другарствата се повеќе и повеќе се од интерес. тешко да најдеш некое вистинско.​
 
браво,гледам доста мислите дека е од интерес,сигурно така и го применувате.....реално е дека малку има вистинско другарство денес - повеќето се зафркнати на било кој начин од другар-ка и ја изгубиле вербата во нив - за цел живот.....вистинското другарство е благослов и е една од најголемите работи што може да ви се случи во вашиот живот !!!
 
Не не, не ме сфати.:)
Ниту ги изедначувам, ниту ги ставам во ист кош.
Туку еве ќе ми послужи мислењето на Бат-Елохим како пример - не дека стрикно го посочувам тој лик, ниту пак знам дали тој/таа има направено нешто такво. :)
Има такви кои викаат „јас никогаш не сум искористил нико!ј“.
Можеби не злонамерно, ама имало случки и дешавки со пријателите од кои самите си извлекле полза.
А инаку таман работа ваквите да ги ставам во ист кош со „сериските искористувачи“ ;)
--- надополнето: Jul 23, 2011 9:16 PM ---
браво,гледам доста мислите дека е од интерес,сигурно така и го применувате.....реално е дека малку има вистинско другарство денес - повеќето се зафркнати на било кој начин од другар-ка и ја изгубиле вербата во нив - за цел живот.....вистинското другарство е благослов и е една од најголемите работи што може да ви се случи во вашиот живот !!!

Јас лично не велам дека СЕКОЕ другарство е од интерес. Самата тема и првото мислење си кажува - дали веруваме во другарство од интерес и колку трае. Никој никаде не рече дека СЕКОЕ другарство е од интерес, дека некој се дружи со другарката само колку да препишува на час или затоа што дечко и има убав другар... (има и многу посериозни примери ама да не набројувам)
И во право си - денес тешко е да се најде вистински другар и тоа е благослов. :)
 
А кое другарство не е од интерес?
Зарем не се дружите со ваши другари затоа што ви е убаво поминато времето со нив?
Зарем не е во ваш интерес да ви е убаво?
Или можеби затоа што се разбирате меѓусебно?
Зарем тоа не е интерес?
Зарем нам не ни е од интерес да најдеме некој кој ќе не разбере?
Не гледајте така на интересот.Сте го отуѓиле зборот.Проколнале.
Ајде,која е причината за другарување?
 
Почни од тие пријатели што ги имаш за излегување, тие ти требаат за да испадниш, ти им требаш нив за да испаднат
Пријателството е взаемна корист т.е интерес, ако е еднострано тогаш е лошо
 
Па добро, кога веќе се кажува кај нас од интерес, тогаш се мисли на придобивка врз нечив грб.Сега и вие до каде ја дотеравте........Интерес било, што интерес? Да ти е убаво на мене и на тебе на пример?
Па ако гледате така на работите, до крајност ај да не живееме подобро. Нозете во када со цемент и ене го Вардар со неговите пријателски настроени остри карпи.Можеби таму ќе најдете пријател.
 
Туку еве ќе ми послужи мислењето на Бат-Елохим како пример - не дека стрикно го посочувам тој лик, ниту пак знам дали тој/таа има направено нешто такво. :)
Има такви кои викаат „јас никогаш не сум искористил нико!ј“.

Јас не велам дека никогаш никој не се почувствувал искористен од мене. Можеби има и такви и во моиве скоро 32 години сигурно има. Ама сеа да се дружам со тебе затоа што утре можеби ќе имам некаква корист, тоа кај мене не иде...

-не дека стрикно ме посочи, туку да си кажам-
 
Кога интересот преминува во активно свесно цицање на ресурсите на оној кој го дружите,тој се претвара во користољубие.
Разграничете ги тие два поими.
 
А користољубието е предводено од..............
 
Јасно,али интересот само во рацете на луѓето се претвора во користољубие.

Па добро, зависи за што зборуваме тука.Затоа јас разграничив две работи и не можеш ти да одиш до таа крајност.Па тогаш што воопшто живееш? Ако гледаш така на работите јас не знам што сеуште бараш пред компјутер а искрено и не ме интересира, кога ќе размислам подобро.
Темата всушност е и тоа што реков, тој што ја отвори темата мислеше на користољубе и сл. односно работи кои би делувале штетно врз тебе.
А ако гледаш така на работите, па фала богу дека сите работи денеска во светот што се случуваат се случуваат зошто си имаат свои дејности, ама треба да разграничиш кои се добри а кои лоши работи.
Фала богу дека јас кога се дружам со некој, се дружам на пример зошто си го имаме муабетот на пример но тоа на него на пример не му штети, му годи муабетот со мене а истото важи и за мене.Тоа не му штети на него, ниту на мене.Кога веќе преминува во штета, тоа е веќе друга работа.Ако не, ајде да се сокриеме сите во пештера и да не комуницираме воопшто, зошто тоа на еден начин претставува интерес......
 
А кое другарство не е од интерес?
Зарем не се дружите со ваши другари затоа што ви е убаво поминато времето со нив?
Зарем не е во ваш интерес да ви е убаво?
Или можеби затоа што се разбирате меѓусебно?
Зарем тоа не е интерес?
Зарем нам не ни е од интерес да најдеме некој кој ќе не разбере?
Не гледајте така на интересот.Сте го отуѓиле зборот.Проколнале.
Ајде,која е причината за другарување?
Wrong.
Цел пост го утна.
Има онака, периоди од секое другарство коа другарството го фаќа криза.
Али не знам, секад се средуе кај вистинските. Со оние вистинските ќе имаш и периоди ко ќе ви биде и на двајцата тапа. И пак ќе сте заедно.
Некои периоди ќе се погоди нема да праите муабет ради обврски и остало, ако ко ќе заврши тоа, прво шо праите идете на „кафе“ и се исповедате. Се отварате еден на друг. Заедно сте коа ви е убаво, се дружите коа не ви е убаво.
Причина за другарување, нема.
Исто како шо нема причина да иам мајка и татко и брат, али многу си ги сакам.
Исто ко шо нема некоја опасна причина да живеам, али нејќам да умрам either.

Онтопик, неам нишо да коментирам -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom