Која социјална мрежа повеќе ја преферирате?
1. Фејсбук. Затоа што има премногу интересни, забавни и корисни опции, достапен е за сите кои треба да имаат пристап на интернет (13+ год) и не е ограничен. Секој може да си пронајде забава која што му одговара, на пример на некој му се допаѓаат игрите, на некој опциите во профилите, на некој лајковите и коментарите, на некој сликите, на некој sидот.
Секој може да си подеси како сака и што сака да гледа/прави. Приватноста се почитува и не е задолжително профилите да бидат јавни.
2. Гугл+. Нова социјална мрежа, копија на фејсбук со мали измени ( кругови наместо пријатели) кои пак се копија на твитер (следачи). Едноставен дизајн, помалку опции и не секој може да си ја најде забавата таму. Гугл+ најверојатно има за цел да привлече дел од љубителите на фејсбук и дел од љубителите на твитер. Има ограничување на возраста (18+ год) и дел од профилите (име и пол) мора да биде јавен.
Мојот избор дефинитивно е фејсбук. Ако нешто не ми се допаѓа, постои опција скриј, избриши од пријател и блокирај. Како што кажав погоре гугл+ е копија на фејсбук и твитер и тоа ни малку не ми се допаѓа. Можеле да се потрудат да смислат нешто ново со кое ќе ги привлечат корисниците, како што фејсбук ги привлече корисниците на хајфајф со многу повеќе опции, подобар изглед итн.