Тебе значи тоа ти пречи. За разлика од тебе, мене повеќе ми смета тоа што сме криминална држава. Еве ќе ти пишам што се дешава.
Пред неколку месеци купив нов компјутер и поминува месец дена , завршува триал верзијата на антивирусот, поминува недела дена покажува дека виндоусот не е оригинален, а на денот кога го купив никакво ми дадоа некакво си ЦД со софтверски програми кои некогаш ќе ми се најдат.
Е сега им велам на вработените таму „ зошто бе не сте инсталирале оригинален виндоус и зошто не ми дадовте recovery CD за јас да си го преинсталирам виндоусот ако ми притреба„ , а они ми одговараат „ не смееме да даваме recovery CD , ако ти треба преинсталација ќе дојдеш ке си платиш 600 денари и готово„ А му велам а треба ли да платам и ако компјутерот ми е под гаранција и они велат „ да да секако се плаќа„.
Е сега, идам во друга продавница и им велам да ми дадат оригинален виндоус со активациски клуч и они човече вадат копија , на обично ЦД и ми даваат некаква си шифра да сум ја пробала дома. Идам онака дома ( пошто јас обожавам да експериментирам и не ме мрзи да пробам било што во било која работа) го ставам ЦД-то , го преинталирам виндоусот и знаете што се дешава, нема интернет конекција бидејки фали драјвер за мрежна картичка
Е сега идам им го вракам ЦД-то и им велам фала што не ми се најдовте на помош, не завршив работа бидејки фалеа драјвери за мрежна картичка и ми викаат они „ па добро де, остај го компјутерот ние ке ти инсталираме драјвери, ке си платиш и готово„
Значи никако да се разберам со луѓево дека јас сакам кога ке ми се даде нешто , цд и било каква опрема, да биде во пакет со се,, ништо да не фали бидејки јас дома ке средам и инсталирам, но упорно луѓево за ПУСТИ ПАРИ само ке те мотаат , ке те нервираат да дојдеш и пак и пак да го носиш компјутерот на сервис за ситници кои постојано ке фалат...Па добро бе , на секои 6 месеци ли ке го носам на сервис ко на заболекар да го носам мајка му стара , ц ц ц ц
И така, фино , лепо, си идам јас во сосема друга продавница за компјутери и им викам да ми дадат оргинално ЦД со виндоус 7 и го купувам , доаѓам дома и го средувам и ете си функционира се.
Значи во Македонија дефинитивно нема човек што може да ти заврши некоја работа ко што треба,,,се нешто за пари , се нешто ке фали и постојано за ситници ке те враќаат, знаат само бела мечка да не прават, а мене страшно ем нервира кога работите не се како што требаат.
Значи ова беше само еден пример, а има и другу глупости по други установи за кои нема да пишувам тука.