Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Овде ќе мора да те поправам Иренче,нема врска тоа шо некој неможе тоа е од Господа,ова се случило несакајќи фала богу шо има абортуси,не знам на која возраст беше девојчево ама нема теоретски шанси да стане мајка.Да сакаше немаше да абортира.Само не е добро што прават скришум од родителите а и од каде ПАРИТЕ за операцијата???

Несакајќи ? Епа сега несакајќи треба да го роди детето. После некое време ќе ја чука главата од дрво!
 
Абортус на прва бременост е многу опасен, може да доведе до стерилитет ама да се надеваме на се најдобро и дека има мозок во главата тој.
Не е само стерилитетот, туку може да се јават и компликации при абортус па може и девојката да почине при абортус. Ме интересира дали и тогаш ќе кријат од родителите?
Башка и се да заврши како шо треба, девојчето ќе има трајни психички пореметувања.
 
Утрово ја упатив на гинеколог кој што ми го препорачаа... и вечерва без согласност на родители се согласи човекот да изврши операција, ви благодарам на сите на помошта што ја дадовте во секој случај !

Ако и се случи нешто на другарка ти.... ТИ ќе бидеш виновен и тебе цел живот ќе те јаде грижа на совеста.
Ова не ти го кажувам за да те заплашам,,, туку да ти ги отворам очите да размислиш прво што и како ја советуваш другарка ти, а потоа при ЗДРАВА СОВЕСТ да се најде решение.
 
Како да и кажам дека ми се допаѓа и да излеземе заедно?

Е како де ? Иди кај неа пред врата со букет цвекиња , ѕвони на вратата и кога ќе ти се појави едноставно ќе собереш храброст и ќе и речиш „ мала, морам да ти признаам дека ми се допаѓаш и би бил среќен кога би прифатила да излеземе заедно на кафе„

Ако ти впери некој изненадувачки чуден поглед или ако осетиш дека е збунета, тогаш ќе и речиш „ размисли, па пиши ми во порака ( и дај и го твојот тел број во случај да го нема) „

Пробај, оти има случаево кога некој баш вака неочекувано и предложува и брак на својата сакана и ќе ја фати на тесно:)
 
А ако ми излезат со пушка?

И реков дека ми се допаѓа. (преку фејсбук).Сеа што да праам понатаму?
 
@Спенсер
Онака коа ќе се видеме,како што се вика ''на едно здраво сме''.
@Frankie Yale
Реакцијата и беше o.o :P
 
А ако ми излезат со пушка?

И реков дека ми се допаѓа. (преку фејсбук).Сеа што да праам понатаму?

Ако ти излезат со пушка ќе им речиш дека омилена игра ти е Counter Strike и дека би било добро доколку закажете средба за натпревар и кој ќе изгуби тој части едно кафе.:)

Ххахаха, шала на страна,,, па штом си си признал преку фејсбук , не е лошо да и побараш незин тел број,,,или едноставно прашај ја „ што шравиш за викендов ? сакаш ли да го поминеме заедно ?„

Ајде, ајде, не се мисли многу, покани ја да излезете , да се видете во живо :)
 
@Frankie Yale Реакцијата и беше: Не ми се верува.
@Irenna - I'll do that.
@Довичнски- Мој чоек. :P
 
@Спенсер
Онака коа ќе се видеме,како што се вика ''на едно здраво сме''.
@Frankie Yale
Реакцијата и беше o.o :P

Ееее штом имаш муабет не е проблем,макар и само здраво да е :)

Здраво,шо прајш... како си :) Каде идеш утре вечер/слободна ли си преку ден, кафе да пиеме? :) Ако рече ДА,твоја е.... а ако рече НЕ/ батали ја :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom