Англицизми во јазикот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Бедно you say?

Lame одговор.
--- надополнето: Jul 5, 2011 1:18 PM ---

П.С. Чудно од твоја страна што грицкаш нокти дури се уништува јазикот. Зошто си толку загрижен?
 
Еве ви. Слушајте.

Не е во ред тоа што се употребуваат, но факт е дека се повеќе се присутни. Ги употребувам често кога намерно, кога и случајно од навика. Не велам дека е исправно, воопшто не е, си имаме ние соодветни зборови кои треба да ги употребуваме место соодветните англицизми, но како што гледам земаат се поголем замав во секојдневниот говор. Посебно помалите генерации нема реченица да не кажат а да не употребат англиски збор,изгледа модерно е така.
 
Коментирав и во темата што беше слична на оваа, и џиш јас потполно те поддржувам, а претходно ме нападнаа мене и уште двајца или тројца членови, дека многу сме биле загрижени за јазикот, дека јазикот мора да се менува и дека нема ништо лошо во хејтер, адни ме, поукни ме... сепак јас останав на ставот од претходно. Зошто да употребуваме туѓи зборови кога имаме соодветни на нашиот јазик!?
 
Од никогаш не ми се допаѓала насилната англизација на нашиот јазик. Пример кога почнавме масовно да го користиме мсн, избегнував да користам адни ме. Или велев додај ме или ја избегнував целата реченица само да не го спомнам адни ме од инает. Ама полека почнав да го користам зашто цела средина околу мене буквално стана зависна од англицизми и ги користеа постојано. Е сега, откако почнав да живеам во англофонска земја, мешањето англиски и македонски ми стана уште поодвратно. Од една страна ги имам овие што пијат оринџ џус што е рили колд зашто цел ден бил во фриџот, а од друга страна ги имам другарите што си се лајкаат еден со друг онлајн. Понекогаш родниниве овдешни ќе ме прашаат абе стварно вака зборуваат децава во Македонија? Не знам што да им одговорам искрено :) Кога ќе видите како некој што пола век живее надвор од Македонија и користи англицизми барем во 30% од говорот ќе ви стане јасно зошто сум против англиското влијание во македонскиот јазик. Добро е што има некои што се алармираат и им е јасно дека "лајкни ме" е доволно лошо. Ако не се превземе ништо, во иднина би зборувале нешто во стилот "do you know that I have a lot of prijateli on facebook?". Одвартно, нели? Епа цел ден го трпам ова, не зашто сакам туку зашто морам :)
 
Факт е дека јазикот е променлива. Факт е дека многу изрази се превземени од странскиве (најчесто англиските) изрази. Но не мора да значи дека во формалниот па и некаде во неформалниот говор мора да се внесуваат изрази за кои постоји соодветна замена на македонски јазик. Да речеме, горе напишаа Покнување, Лејм, Лајк, Фејл итн... И најтрагичното е што веќе неколкумина се застапени во медиумите за инфорирање, (весници, телевизија, радио...) Тука веќе човек треба да се запраша како да го зачува она што сеуште опстојува во оригиналноста на нашиот јазик а да го отфрли она што е еден вид непотребно и го загрозува идентитетот на јазикот. Да речеме, вклучувам вести на некоја од телевизиите и наеднаш забележувам спикерот (говорникот) објаснува за незнам какви „Бенч маркови“ или тоа као се „апдејтувал“ договорот помеѓу две фирми. Да не одам понатаму...
Потребен е еден вид на педагошки мерки во образуванието уште од мали години да се научи што е правилно а што е неформален и „неморален“ јазик. Затоа што тоа што влегува во почетокот на детството треба да биде еден вид на квалитет а не било што да се превзема.
И да... Факт е дека медиумите многу влијаат во секојдневието. Можеме барем нив да ги исористиме за кон збогатување на јазикот со изрази соодетни на денешниве „англицизми“.
 
Не е мрза. Си има убаво зборче за мрза во англискиот јазик.
туку, гледам темата за „дејт“ во Скопјето е сменета во „состанок“. Баш планирам да искористам некој совет од коментарите ако одам на состанок ... на наставничкиот колегиум на факултет на пример.
Затоа е сиромашен јазикот, верувале или не.

Инаку, јас се испричавам што се уфрлам толку лево и касно, ете на г-диш Џиш му реплицирав, е сега, за принцезата на злото која немаше доволно добри зборови во мак. јазикот за да си напише ник, а преку тоа со сите сили го брани фондот и фонтот на јазикот, нема да и реплицирам, освен прашање.. како тоа јас сум беден? Или како тоа може ад сум lame, ама да не сум беден?

Дечки, give me a break.

ПОЛА од зборовите на нашиот јазик не се македонски и за нив нема замена.

За чешма на пример...
Е сега, темава беше за англицизми...
такви, барем засега нема како официјализирано ор самтинг (хахах), ама се надевам дека ќе се уфрлаат од време на време.
И да, сеуште не добив одговор за македонскиот пандан на lame.
 
Lad, you just don`t get it....
Јас го сфатив Џиш што сакаше да каже. И одговорив (упростив) тоа што го мислеше (јбг се сложуваме во оваа тема). Не е до зборовите: чешма, скали, ќумбе, цигара итн. До изразот што во иднина ќе гласи вака: Гивај ми 3 капричиози со многу мит и чиз + една бутилка кока кола и фрајзот да не биде overdone. Мислам... БЕДНО е нели?
 
Не е мрза. Си има убаво зборче за мрза во англискиот јазик.
туку, гледам темата за „дејт“ во Скопјето е сменета во „состанок“. Баш планирам да искористам некој совет од коментарите ако одам на состанок ... на наставничкиот колегиум на факултет на пример.
Затоа е сиромашен јазикот, верувале или не.

Инаку, јас се испричавам што се уфрлам толку лево и касно, ете на г-диш Џиш му реплицирав, е сега, за принцезата на злото која немаше доволно добри зборови во мак. јазикот за да си напише ник, а преку тоа со сите сили го брани фондот и фонтот на јазикот, нема да и реплицирам, освен прашање.. како тоа јас сум беден? Или како тоа може ад сум lame, ама да не сум беден?

Дечки, give me a break.

ПОЛА од зборовите на нашиот јазик не се македонски и за нив нема замена.

За чешма на пример...
Е сега, темава беше за англицизми...
такви, барем засега нема како официјализирано ор самтинг (хахах), ама се надевам дека ќе се уфрлаат од време на време.
И да, сеуште не добив одговор за македонскиот пандан на lame.

Може јас да пробам? Еве еден можен преводен еквивлент за lame = тапа

lame party = тапа забава
This is so lame! = Еј, ептен е тапа!
What a lame excuse! = Изговорoв ти е тапа!

Има и други (и веројатно подобри) преводи, зависно од контекстот.
 
зарем не е исто со србизмите, најмалку 50 пати денес прочитав и слушнав " јебига " ...јебига :)
 
Така е.Абе ова Скопјаниве многу се демек open minded,а уствари го масакрираат јазикот.
Дури и мачките у Скопје праат "мјау да ти еам".

А ти малце да воведеше ред во „масакров“? Како освестен и непристрасен јазички полицаец... уствари...;)
 
O noooooooooooooooo , ова почнав да го користам многу јако е кога играш покер и се избацуваш малце на заебанција :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom