СЕ ГОТВАТ ДРАСТИЧНИ КАЗНИ ЗА СПОРТСКОТО НАСИЛСТВО
Хулиганите на ладење зад решетки
Тепачките, навредите, фрлањето пиротехнички средства, односно насилното однесување на спортските терени, ќе се третираат како кривично дело со измените во законската регулатива
Македонија е особено кревко подрачје кога се работи за спортското насилство, затоа што кај нас тоа често е гарнирано со националистички испади и навреди кои можат да прераснат во нешто многу поопасно од тепачка на трибините. Тоа во изминатава година и нешто повеќе се покажа во неколку наврати. Во Тетово на фудбалски натпревар вистинска војна водеа навивачите на Тетекс „Војводи“ и на Шкендија, „Балисти“. Се скандираа морничави пароли од типот „каурски п....“, „голема Албанија“, односно „албански п....“ и „смрт за Албанци“.
Во Сарај наместо кошарка гледавме меѓунационален судир помеѓу Албанци и Македонци. Во Велес по одбојкарски меч Шкендија играше „спасувај се кој може“ пред разбеснетите домашни навивачи. Роми и Албанци се судрија во Шутка на бокс-меч. И Македонците меѓусебе не си простуваат; ножеви летаа пред еден меч помеѓу МЗТ и Работнички. Дури станавме бојно поле и кога тим од странство ќе дојде на гости. Сите бевме на штрек кога белградски Партизан се сретна со Шкендија. А сето тоа на сметка на и онака начнатиот ни спорт.
Да им се стави крај на спортските насилници и хулигани е од суштинско значење за македонскиот спорт. Дојдени сме во таква позиција што ако тоа не се стори, спонзорите и донаторите ќе избегаат и спортот буквално ќе ни биде дотепан до смрт. И онака тој едвај преживува... Вака размислува Дејан Лекиќ, генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, како и многу негови колеги, спортски работници. Измените во Законот за спречување спортско насилство што се во парламентарна процедура имаат поддршка од мнозинството на оние на кои работата им е спорт и на вистинските љубители на спортот.
Спортските насилници во Македонија во иднина ќе се соочат со затворски казни и до пет години и со зголемени парични казни. Ова ќе се случи кога измените на Законот ќе поминат во Собранието и ќе стапат во сила. Насилното однесување на спортски натпревар во Македонија во иднина ќе биде кривично дело. Ова е нов вид кривично дело во нашиот законски систем.
Сите морничави сцени на некои фудбалски, кошаркарски и други натпревари што зачестија кај нас, треба да се намалат, кога насилниците ќе се соочат со жестоки казни. Досега, главно, тие се извлекуваа поради „мекото“ законско решение, кое и онакво какво што беше, не се применуваше доволно. Лекиќ предупредува дека и со донесување нови построги мерки, нивната ригорозна примена во пракса е најбитна ако сакаме да имаме позитивен ефект.
Во затвор и до пет години
- Најважниот момент според нас во МКФ не се техничките детали од Законот. Тие можат да се менуваат тековно според искуствата од теренот. Најважно од се е да постои соработка меѓу институциите, односно, конкретно процесуирање по брза постапка на сторителите на кривични дела. Тука е клучот. Ако ние ги лоцираме, МВР ги изолира и поднесе пријава, тогаш мора и судството да реагира адекватно и брзо. Ако како досега таквите случаи се влечкаат со месеци и години како предмети по судовите, не сме направиле ништо. Тоа во пракса значи само охрабрување за сите останати, без страв од конкретни санкции да продолжат да не малтретираат сите нас, кошаркари, тренери, спортски работници и останатите вистински навивачи и публиката која е желна за врвни спортски настани - вели Лекиќ, чија федерација даде активен придонес во изработката на предлог измените на овој закон.
Според новите решенија ќе бидат казнувани оние кои извршиле насилство, но и оние кои имале намера да вршат насилство за време на спортските натпревари. Оној што предизвикува тепачка, внесува и користи пиротехнички средства и слично ќе се најде зад решетки од три месеци до една година. Оние кои што ќе решат во група да се изживуваат на сличен начин, ќе се најдат во затвор од шест месеци до три години. Најлошо ќе минат организаторите на вакви групи за кои треба да се резервирани места во затворите од една до пет години. Секое кривично дело од овој тип, ако биде сторено од маскирано лице, ќе биде третирано како потежок облик на насилство.
Паричните казни за насилниците ќе бидат од 500 до 1.000 евра, а казни и до 5.000 евра се предвидуваат за организаторите, ако не се држат до инструкциите од Министерството за внатрешни работи околу оваа материја.
Казните мора да остават трага
- Сегашниве измени одат во правец на поригорозни казни, што е за поздравување. Казните мора да остават трага врз оние кои се решиле да прават хаос на спортските манифестации. Можете ли да замислите каква трагедија би било сега на Арената „Филип Втори“ да ни се случи хаварија од типот на Хејсел. Се нагледавме разни омаловажувања, навреди кои ни се случуваат, што е посебно лошо, ако се на етнички план. Најсоодветно е оние кои го прават тоа да се казнат ригорозно со цел да им се всади в глава дека никој не може и не смее да се поигрува со вистинските љубители на спортот. Јас верувам во казнената политика - смета Иван Анастасовски, кој како член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, учествуваше во дебатата при усогласувањето на овие измени.
Законот за насилство на спортските терени од 2004 година заедно со измените во 2008 година кои значеа заострување на казните не даде некој ефект. Во 2008 година Владата на Македонија заедно со четирите најголеми спортски федерации, фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, водеа кампања „стоп за насилството на спортските терени“. Но работите не стивнаа. Напротив. Гледавме вистинска војна помеѓу „Балистите“ и „Војводите“ на трибините во Тетово за време на натпреварот Шкендија-Тетекс во август 2010 година, со арсенал навреди најмногу на национална основа. Двајца полицајци беа повредени. Не се штедеа ни навивачите на МЗТ Скопје и на Работнички во ноември минатата година. Имаше серија инциденти, а во тепачка помеѓу навивачите неколку часа пред мечот, едно момче беше избодено со нож и едвај преживеа. Група навивачи на кошаркарскиот клуб Лирија во јануари годинава во селото Сарај направија инцидент по завршувањето на мечот со МЗТ Скопје. Во инцидентот беа повредени тројца полициски службеници.
Инциденти и на бокс и одбојка
Масовна тепачка со неколку повредени се случи во Скопје минатиот април за време на бокс мечот помеѓу БК Тернипе и БК Чаир. Повторно полицијата под тревога, а дежурните лекари вработени. Во мај годинава тежок навивачки инцидент се случи по завршувањето на одбојкарскиот меч Борец Брако - Шкендија, во кој е оштетена салата на УО „Блаже Конески“ во Велес, а гостите мораа да чекаат полноќ за од силите на редот да бидат испратени дома. Најстрашно е тоа што во нашава средина навредите и тепачките често се на национална основа. Тие можат лесно да се прошират на „вонспортски“ простори и да бидат инструментализирани во политички цели. Насилниците се извлекуваат со прекршочни пријави.
- За жал, постојниот Закон не се применуваше во пракса или ако сакате се изигруваше по неговото донесување. Јас верувам дека последните измени и дополнувања нема да останат само на хартија туку ќе најдат и своја силна примена во пракса гледајќи какво значење му се дава во јавноста и тоа ме храбри на ваквото размислување. Апелирам до предлагачот (МВР, н.з.) да не се прават компромиси на тој пат - вели Анастасовски.
Белја и полни и празни трибини
Фудбалската и кошаркарската федерација на Македонија имаат донесено одлуки со кои се забранува патување на навивачи на гостински терен со цел да се избегнат нередите по стадионите и салите кои се повеќе стануваат место за судири на хулиганите.
ФФМ отиде дотаму што на своите службени лица на натпреварите им даде и овластувања кога ќе има навреди на националистичка основа и политички пароли натпреварот да го прекинат и да ги испразнат трибините. Досега тоа не се случи, а имаше повеќе поводи. Официјалните лица едноставно не сакаат да ризикуваат да предизвикаат уште поголема белја, со празнење на трибините.
Инаку, правилата на УЕФА и на ФИФА, кои се применуваат и на домашни и на меѓународни фудбалски натпревари во сите земји членки, предвидуваат драконски казни за клубовите чии навивачи ќе скандираат пароли на расистичка или националистичка основа.
Српскиот закон како модел
- Основата на нашиот Закон е преземена од нашите простори, пред се од Србија. Парламентот на Србија има усвоено Закон за спречување на насилно и недолично однесување на спортските манифестации во 2003 година. Со тој закон овој вид насилство се третира како кривично дело. Во нивниот закон се предвидува затвор за организирани групи кои предизвикуваат насилство или учествуваат во насилство од една до пет години. За навивачи кои ќе направат насилство од шест месеци до три години затвор. За пропусти во организацијата на спортските манифестации предвидени се казни од 200.000 до 400.000 динари... Во Хрватска парламентот го има усвоено Законот за спречување нереди на спортските натпревари во 2007 година, со кој се предвидуваат парични казни и за организаторот и за хулиганите. Во нивниот закон за пропуст на организаторот предвидени се казни од 300 до 14.000 евра, а за навивачи кои ќе предизвикаат неред од 70 до 1.400 евра, или казна затвор до 3 до 30 дена. Во случај на тежок инцидент на хулиганите ќе им биде забранет пристап на натпреварите од една до пет години - вели Иван Анастасовски.
Благоја Георгиевски
Тетовски навивачки бисери
На натпреварите кои се играат во Тетово на кои домаќини се екипите на Тетекс, Шкендија и Ренова редовно има меѓунационални, верски и расни навреди. Македонските и албанските навивачи најчесто се навредуваат на меѓунационална и верска основа, додека на расна црните играчи кои играат во гостинските екипи. Се скандира погрдно и се имитираат движења и извици на мајмун.
Балистите, навивачката група на Шкендија, кон македонската публика најчесто скандираат „Тоше, п...р“, „Карпалак“, или ја пеат песната „Македонско девојче“, но со мала промена на зборовите, па така нивната верзија е „Македонско девојче, к....а голема“. Има и други навредливи скандирања инспирирани од актуелните општествени и политички случувања. Се скандираат градови од Македонија, Албанија и Косово за на крај да се поентира дека се тоа градови од голема Албанија. Или пак се истакнуваат напишани платна, „Дон’т ју ФАЈРОМ ми, кол ми Илирида“.
Војводите, навивачката група на Тетекс, на натпреварите со екипите каде поголемиот број се играчи етнички Албанци пеат навивачки песни или препејуваат народни песни, но со мали измени, па така наместо „Нека разберат клетите душмани“, нивната верзија оди вака „Нека разберат клетите Албанци“ или пак една нивна навивачка песна оди вака „Ви кој не скока и тој е албанец“. На скандирањата „Карпалак“ војводите возвраќаат со „Планинска бура“.
(И.Ц.)
„Навивачки“ пароли
„Комити“, навивачи на Вардар
l За Албанци, гасна комора
l За Албанци, фокер авион
l Мртов албанец, добар албанец
l Убиј, убиј албанец
l Алах е п....р
l албански п...и
„Балисти“, навивачи на Шкендија
l „Македонско девојче, к....а голема“
l „Тоше п...р“
„Каурски п...и“
l „Don’t you FYROM me, call me Ilirida!“ (Не ме фиромирај, викај ме Илирида)
l Убиј, убиј каур
l „Карпалак“
„Шверцери“ навивачи на Слога
l Вашите сестри се хуманитарки
плачат за к.., ама и за марки
ние шверцерите, марки си имаме
со ваши сестри к.. ташак си играме
Пиеме алкохол, продаваме дрога
Ние сме шверцери, навиваме за „Слога“
Извор
Овие се ненормални бе.... ко кузнае какви инциденти да имало, ко којзнае колку навивачи да има по стадионите, салите па овакви казни ставаат.....