Првата голема кавга во врската?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мацата
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
После колку време во врската ви се случи? Вие бевте виновни или партнерот/партнерката? Како постапивте после? Кој се извини прв и како ја пребродивте?
Ете јас вчера ја имав првата расправија во мојата таканаречена врска, после година и кусур заедно. Во поголем дел јас бев виновна, кажав нешта што во никој случај не ги мислам. Во периодов се борам со некои свои демони и едноставно избувнав. После се чувствував толку гадно, како никогаш порано и откако се оладив му се извинив, рече се е ОК, сепак двајцата останавме со повредени чувства...
Мислам дека нема потреба од гордост кога човекот навистина ти значи и добро е да речеш извини, дури и во случаи кога всушност немаш вина.
Што мислите вие?
 
Твојата таканаречена врска?
Скарајте се додека е време!
Морав така да се изразам во моментов :) но сепак е прекрасна врска подолга од 1 година и после толку време ова е прва вистинска кавга, па само прашав за ваши искуства ако сакате да споделите :)
 
Морав така да се изразам во моментов :) но сепак е прекрасна врска подолга од 1 година и после толку време ова е прва вистинска кавга, па само прашав за ваши искуства ако сакате да споделите :)
абе како викаат кој се кара тој се сака :)
 
Ја кој сум се карал тоа било крајот кој ми прелило више све иначе сум мирен :)
 
првата кавга... хмм на почетокот мислиш дека воопшто нема ни да ја има, се е мед и млеко и после... на шо сум мислел :D мора да има кавги, мојата т.е нашата беше глупост и другите се глупост ама мора да ги има :) како постапивме после? -молчевме, тишината значеше нешто.
 
Прва кавга по година и кусур?!?
 
Првата кавга се случи после 2 месеца одење,се разбира предизвикана од неговата тврда глава. Знам дека се убив од плачење и се извинував иако не бев крива. Затоа на последната он плачеше. :)
 
Првата кавга која се случи беше после 7-8 месеци одење.Чудно беше никако не се каравме, тој често знаеше да префрли некој зајадлив коментар во врска со тоа дека ич не се караме, дека навистина е невообичаено и дека толку арно не е на арно. Хехех ама па затоа кога почнавме со кавги, надоместивме за пропуштено. Сеуште трае надоместувањето на прпуштеното, ама ај се справуваме некако, не е страшно.
 
Boooo .. Poveke od edna godina? Nema da mi bide toj dechko veke ako treba 1 god da chekam za da se raspravame. Ke mi stane dosadno i klocite samO! Ja nemozam da imam vrska bez raspravanje, bidejki ne e interesno.
 
Скоро три месеци.
Убава беше кавгата, ама настана поради тоа што и двајцата избегнувавме да си кажуваме еден на друг што ни смета, па се собраа некако многу работи на куп. Може и јас претерав, ама затоа бев и тој што после го почна целиот муабет за средување на проблемот.
Договоривме дека од сега, колку и да е банално нешто, нема да си го преќутуваме и ќе гледаме да го средиме на начин од кој двајцата би биле задоволни.
 
После еден месец мислам дека се случи мојата прва кавга со девојка ми но во секоја врска има кавги но кај мене се се среди :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom