Првата голема кавга во врската?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мацата
  • Време на започнување Време на започнување
Boooo .. Poveke od edna godina? Nema da mi bide toj dechko veke ako treba 1 god da chekam za da se raspravame. Ke mi stane dosadno i klocite samO! Ja nemozam da imam vrska bez raspravanje, bidejki ne e interesno.
кузнај мене колку би ме сакала!!
јас и тепам!
 
Првата кавга која се случи беше после 7-8 месеци одење.Чудно беше никако не се каравме, тој често знаеше да префрли некој зајадлив коментар во врска со тоа дека ич не се караме, дека навистина е невообичаено и дека толку арно не е на арно. Хехех ама па затоа кога почнавме со кавги, надоместивме за пропуштено. Сеуште трае надоместувањето на прпуштеното, ама ај се справуваме некако, не е страшно.

Истиот случај...:pos:

Ние двајцата се чудевме како е можно сите околу нас да се караат а ние до толку да се разбираме и воопшто да не се караме. У суштина ние уште не се караме ама одвреме навреме пука филмот и тогаш идеш на се или ништо. Таква ни е врската од крајност во крајност.

Иначе за тие ситни кавги увек сум ја крива, некогаш и си ги измислувам работите сама од себе и знам дека сама си комплицирам ама што да правам, таква сум :))
Ако нема сценски настапи не е интересно, а ја сум кралица на драматични сцени за какви што не сте ни помислиле. Некогаш се плашам од самата себе :pos:
 
Првата кавга со девојка ми што идеме веќе четири месеци ни беше пред месец дена на прославата и ми се наљути за банална работа и не ми збореше цела недела, а уствари нејќев да ја пољубам во јавност пред толку луѓе зашто врската ни е тазе и тие интимни моменти сакам да ги чуваме за нас, а она инсистираше и мене ме фати инает. После тоа се смиривме и она ми кажуваше дека згрешила, но јас длабоко во себе осетив дека она уствари почна да се заљубува во мене и јас во неа зашто таа недела додека бевме скарани и двајцата бевме ставени на "слатки маки". :pipi:
 
Првите 6 месеци, не памтам кога не вриштевме еден на друг.
Многу бевме различни.
Не знам ни зошто воопшто идевме тие 6 месеци.
После адаптацијата, до ден денес (4год) функционираме супер, најчесто не се караме, иако и тоа ни се случува, урламе некое време и двајцата, ќе си поплачеме и на крајот си се гушкаме и смееме, и едино сексаме :)
--- надополнето: Oct 13, 2011 12:18 AM ---
Првата кавга со девојка ми што идеме веќе четири месеци ни беше пред месец дена на прославата и ми се наљути за банална работа и не ми збореше цела недела, а уствари нејќев да ја пољубам во јавност пред толку луѓе зашто врската ни е тазе и тие интимни моменти сакам да ги чуваме за нас, а она инсистираше и мене ме фати инает. После тоа се смиривме и она ми кажуваше дека згрешила, но јас длабоко во себе осетив дека она уствари почна да се заљубува во мене и јас во неа зашто таа недела додека бевме скарани и двајцата бевме ставени на "слатки маки". :pipi:

Јас никогаш не сум сакала лигавење во јавност.
Ни на почетокот, ниту сега.
Интимна по дома ќе си бидам, кога сум надвор, посебно со друштво, не сум излезена за лигавење. По некој бакнеж не е на одмет, но по некој е клучниот момент.
 
Во поголем дел јас бев виновна, кажав нешта што во никој случај не ги мислам
Ова е предобро што имаш доблест да си признаеш и имај на ум дека повеќе од половина е решено.
толку арно не е на арно. Хехех ама па затоа кога почнавме со кавги, надоместивме за пропуштено. Сеуште трае надоместувањето на прпуштеното, ама ај се справуваме некако, не е страшно.
Апсолутно и тука се согласувам,кавгите какви такви се неминовни зашто според мене сето тоа што сте си мислеле дека е минорно и небитно наеднаш испливало на површина и морало кога тогаш да се решат некои различни размислувања.
Кажувам од лично искуство зашто иначе не би се дрзнал да коментирам на тема ако не сум го доживеал на своја глава.
 
Првата кавга беше поради тај ФБ зошто лајкови, машки пријатели едно месец дена и се лутев ништо сериозно од тогај па наваму. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom