Очајот на македонската љубовна сцена

S

Shellshock nam67

Гостин
е па дај да ти џирнам малку во мозочето ;) (y)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Интересна дискусија вака од страна да се посматра :icon_lol:.

Јас очајот не го приметувам што не значи дека го нема воопшто. Од муабет со другарки и другари, жени и мажи, сфатив дека жените главно се жалат дека нема мажи, не им приоѓаат зошто им е страв од одбивање, не ги частат или едноставно не ги бива.

Маживе па се жалат дека се девојките принцези, многу извољеваат, премногу бараат, се шмизлосуваат и мафтаат.

Двете страни се на некој начин во право ама ако ставам на вага чии „гревови“ се поголеми машката страна многу повеќе ќе натежне.

Жена може да е шмизла, да бара, да мафта (онолку колку ќе и дозволиш) ама пак ќе биде ЖЕНА ама машко што нема храброст да пријде, не му текнува да ја части па пушта она да плати, нема иницијатива па ја прашува она како сака не е машко по мои канони а изгледа и по женски не е, барем не таков каков што повеќето жени сакаат.

Шмизла може да ме нервира ама ако ми се свиѓа ќе стиснам заби и ќе ја плеснам да си направиме двајцата ќеиф ама машко од новиов ков нема ни да стигне до муабет а за нешто повеќе не станува ни збор.

Секоја жена (или скоро секоја) ќе си ја опроба силата да види колку може да те контролира во почетокот на контактот и не треба тоа толку трагично да се сфаќа, и мене не ми се свиѓа ама ја играм играта затоа што знам дека ако е девојката асална ќе сфати каде се границите и ќе се корегира. Таа што нема да разбере ќе си добие чао пријатно ама повеќето ќе сфатат.

Бројот на сексуални партнери ако она не ми каже нема никогаш да го дознаам и за тоа неам ама баш никаква илузија. Посебно ако имала повеќе гарант неколку ќе ми преќути исто како што и јас никогаш нема да ја кажам мојата вистинска бројка која може е голема а може е и мала. Тоа си е моја а и нејзина приватна работа и ако ми прија да бидам со неа нема многу да тупам глава за минатото.

Ми се чини се помеша малку муабетот погоре со бројот на сексуални партнери и нечива моралност или карактер штго не мора да биде секогаш поврзано.

Мојот став е дека ако е девојката здрава, не се збори дека ја плеснало пола Скопје, да не ми каже клиент на вечера или прием дека била со овој или оној па да ми квари репутација, да не дознаам дека била со неколку типци кои на пример јас органски не ги поднесувам или се исплескала без критериум со секој што и побарал нема да и направам проблем а нема ни да ја прашам со колку била. Впрочем и никогаш не сум прашал девојка со колку спиела затоа што не сакам да ја ставам во ситуација да ме лаже но пред да бидам со неа добро сум испитал која е и каква е по карактер и нормално во какви кругови се движи.

Часна сестра секако нема да земам а не знам ни дали би сакал. Ако погорните неколку гранични линии не ги поминала а ми одговара супер на изглед и карактер секако ќе биде добредојдена :).

Иако сум машко пак ќе потенцирам нацијава пропаѓа претежно од неспособни мажи а не од неспособни жени кои не водат туку само следат и се прилагодуваат на општата декаденција во општеството.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Намалете ги критериумите ве молам, на денешницава ако не се врти нејзино хом мејд порно кај осмооделенциве низ мобиљки се останато поминува :D.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Па не ќе да ти алудира на Скопјево. Тинк аген..
Знам на што алудираше ама не сум голем фан на алузии од тој тип а уште помалку да мислам едно а пишувам друго само за некој да не помисли дека имам одредени (мувачки или не знам какви) намери.

Моите ставови се тие во и надвор од форум и на тие што ме дружат им е тоа многу добро познато.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Знам на што алудираше ама не сум голем фан на алузии од тој тип а уште помалку да мислам едно а пишувам друго само за некој да не помисли дека имам одредени (мувачки или не знам какви) намери.

Моите ставови се тие во и надвор од форум и на тие што ме дружат им е тоа многу добро познато.
Твоите ставови, без навреда, се неверојатно досадни и банални. Јас пред да почнам да ти го читам постот знам што ќе кажеш, Најопштото од најопштото, досадно до посер. На пример, дека надворешноста е битна, ама за долга врска е важно духовно да си одговарате.Не заебавај, како само ти текна. Мене лично ми е срам да пишувам вакви работи, мислам, бљах...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Неможам да поверувам дека во денешно време, дел од жените, сеуште се понесени, т.е. дозволуваат да бидат допрени од озборувањата на комшиите, и оние од блиското опркужување, па зарем за нив треба да го живеете животот? нека зборат што сакаат, ако ми се спие со одредена девојка око нема да ми трепне дали е орпсија или дама, ако сакам да си поминам убаво нити еден чуден поглед, нити оговарање нема да ме отргнат од тоа, викате дека сте модерни, напредни, и све остало а озборувањата ви се репер за честа и достоинството? смешни сте!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Големо е Скопјево ако бараш ќе најдеш и фина, не се сите толку за никаде :).
Да, ама јас не познавам девојки во бели патики и маичка без градник од Стајковци коишто дома немаат 1500 пријатели на фејсбук, ама го читале Достоевски и се љубители на ликот и делото на Финчер. Шо би се рекло, големо е Скопјево, уште поголем е очајот на љубовната сцена во истото.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Да, ама јас не познавам девојки во бели патики и маичка без градник од Стајковци коишто дома немаат 1500 пријатели на фејсбук, ама го читале Достоевски и се љубители на ликот и делото на Финчер. Шо би се рекло, големо е Скопјево, уште поголем е очајот на љубовната сцена во истото.
Аааах, so true.:(
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Некои мажи на темава треба да се подзамислат со какви девојки се дружат....
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Да, ама јас не познавам девојки во бели патики и маичка без градник од Стајковци коишто дома немаат 1500 пријатели на фејсбук, ама го читале Достоевски и се љубители на ликот и делото на Финчер. Шо би се рекло, големо е Скопјево, уште поголем е очајот на љубовната сцена во истото.
Сите пичиња на форумов имат помалку од 1500 пријатели на фаце бук и голем дел од нив читаат книги,и се љубителки на Финчер...

Убаво да си дел од форумов:cool:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако одиме по оваа смешна логика и јас не познавам машки со изглед на Бред Пит, кои ја сакаат Агата Кристи, не флертуваат на секој чекор, верни се, интелегентни, воспитани и џентлмени. Мажи кои не бегаат од одговорност во било каков облик и кои се посилни од најсилната жена. Гледате што правам нели? Нивелирам непостоечки лик исто како што вие мажите сакате жена со изглед на Адријана Лима со духовна состојба на дете. Затоа е всушност љубовната сцена западната во очај, сите бркаат духови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom