Родителите знаат најдобро

  • Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
не можам да сфатам зошто им пречи работата која е доста добро платена ( 3000 евра месечно ) и зошто упорно да се смени работното место ?????????

Зошто немаат разбирање бре ?:mad:
Сакаш да се смениме? Еве јас ќе работам за 3к еврони, ела ти на мое место, работи за 200 :)

Инаку, како што гледам работата ти е во странство... а тешко е кога некој е далеку од семејството. Од искуство ти зборувам. Работев 1 година во Скопје, се прибирав на 2-3 недели кон дома, па пак знаеа да ми спомнат шо планираш за дома ова она... Можеби не во таков тврд став како твојот, ама е нешто слично.

Инаку ниеден родител не мисли лошо за сопственото дете. Можеби знае да нафрли некоја сугестија (која може а и немора да биде прифатена) од време на време и тоа е тоа.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Дали е секогаш тоа така ??? Знаеме дека родителите ни мислат најдобро , но дали токму тие секогаш знаат што е најдобро за нас ????

Што се случува кога немате поддршка од вашите родители за некоја работа ??? Кога не можат да ве сфатат и кога упорно ви укажуваат дека „тоа„ не било за вас и да се ориентирате кон нешто друго ?

Дали секогаш ги слушате вашите родители и одлучувате како што тие ќе кажат ?

Значи дискусијата треба да иде во насока на тоа што кога родителите ви идат контра пние работи кои вие сте ги одбрале, вие ги сакате, баз разлика дали е тоа за работа, љубов, пријатели и слично.....
ај не отварајте несериозни теми форумов е за некој што се сериозни ако може да им помогнеме а не да се заебавате бие тука
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
ај не отварајте несериозни теми форумов е за некој што се сериозни ако може да им помогнеме а не да се заебавате бие тука
Во право е Noorotic. Не отварајте несериозни теми на форумов. Не за друго туку може да си ги најдете кај гуштерот :pos:
Он топик: Девојче, Никој не може секогаш да е во право па така и родителите грешат понекогаш иако имаат многу поголемо искуство од нас. Конкретно за твојов случај не може никој на форум да ти каже дали се во право или не. Во случај ако ја кажиш работата ке биде многу полесно за совет од форумџиите, ке си претрпиш критики, ке си претрпиш пофалби и тек после можеби ке можеш самата да одлучиш дали работата е добра и исплатлива или не.
 
П

Пепси_

Гостин
Не е точно тоа дека родителите знаат најдобро и не е точно дека секогаш се во право и не е точно дека секогаш не подучуваат правилно.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Јас најмногу што мразам е кога некој ми се меша во работата. Значи сама знам и свесно сум одлучила зошто сум направила конкретен избор.

Е сега доаѓа моментот кога старциве ќе ти виснат на глава и ќе ти идат контра. Нема да кажувам детали што и како , ама не можам да сфатам зошто им пречи работата која е доста добро платена ( 3000 евра месечно ) и зошто упорно да се смени работното место ?????????

Зошто немаат разбирање бре ?:mad:
Шо работиш бе со 3000 евра месечно?? Дрога, Шверц, Платен убиец????
 
H

-HRO

Гостин
Моите понекогаш се толку досадни, што искрено се чудам како можеле да направат толку искулирана личност (мене де :D). Не сум нарцис ама паметна сум и знам што правам и горди се на мене, го знам тоа, но таа нивна грижа за ситници и глупости е потполно непотребна и неможам да ја сватам. Сепак, имало ситуации каде отпрвин нивните совети ми изгледале глупаво, но подоцна сум сватила дека биле во право. Значи, најчесто родителите знаат најдобро, но не секогаш. Некогаш треба да не послушаат нас и да не креваат толку фама околу ситници. :D
Би морал целосно да се сложам со ова.
Значи некад како се фаќаат за најобични ситници - ќе ти се качат на глава старите за најобична глупост.
Дома си, ќе ти викаат излези....Ќе излезеш, ќе ти викаат „Ајде кај си враќај се цел ден те нема“. Ова го наведов само како пример и е 0.001% од непотребните муабети.
Се ќе се стори само да се прозбори нешто. Полнолетен си? Заборави...тие секогаш ќе те гледаат како дете од 5 години....необјаснива али истинита прича....
Инаку некои совети од нив вреди да се послушаат, ама не сите. Некогаш се во право, а некогаш не. Трагичното кај мене е што секогаш, апсолутно секогаш мислат дека се во право, па макар и да не се. Искрено тоа ми одеше на нерви до пред некоја година, ама сега сум максимално смирен, и дури не ни обраќам внимание....
Тие излегувале во време кога се излагало во парк, кога се лижело сладолед на улица со девојката, и кога се пафкало цигарче за да се напраиш фраер пред друштвото и девојката.
Ние излагаме во време кога светот е полн со расипани луѓе, кога еден спрајт во кафич е 100ден, кога таксито до дома е 300ден, кога цигарите се за деца од 1во одделение (а постарите дуваат трева), кога одвај се наоѓа вистински другар (секоја чест на тие исклучоци), кога дете од забавиште има Smart Phone итн.
Некои работи можат да ги разберат, ама некои работи не можат да ги разберат затоа што не излегуваат во денешно време и не се запознаени со околината. Нивното излегување е од 8 сабајле до 5 вечер....на работа...и така да нивните одлуки и познавања за денешниов живот се сведени на минимум од моја гледна точка. :)
 
A

Antigona

Гостин
Висината на платата зависи од работните обврски. За каква работа станува збор тука?
Стјуардеса
--- надополнето: Jul 20, 2011 7:56 AM ---
ај не отварајте несериозни теми форумов е за некој што се сериозни ако може да им помогнеме а не да се заебавате бие тука
Ц ц ц ц , добро бе мајка му стара. Дали вие младите некогаш ќе се научете да имате РЕСПЕКТ кон повозрасен ?

Како не ти е срам на ваков начин да се обраќаш кон мене кога ниту лично ме познаваш , а гледам погрешно проценуваш уште на старт.

Велат трпение - спасение

Прво научи да бидеш трпелив и да почекаш до крај , потоа коментирај

Срамота дете, имаш ти бааги да учиш во животот.
 
S

smexy

Гостин
Ц ц ц ц , добро бе мајка му стара. Дали вие младите некогаш ќе се научете да имате РЕСПЕКТ кон повозрасен ?
ПОЧИТТА треба да се заслужи.Не,со пари ПОЧИТТА не се купува.Да,повеќето родители не ја заслужуваат ПОЧИТТА на нивните родители.

Така :)
 
A

Antigona

Гостин
ПОЧИТТА треба да се заслужи.Не,со пари ПОЧИТТА не се купува.Да,повеќето родители не ја заслужуваат ПОЧИТТА на нивните родители.

Така :)
Зборуваме за респект (кога не познаваш некој) од гледна точка на култура , нели ? :)

Секоја чест на оние кои си имаат култура и нема потреба да им се објаснува ништо:)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Моите се премногу зафатени и никогаш не се дома така да кога се дома само одмараат. Секогаш сум се борела сама и знам што е најдобро за мене... Некогаш стварно ми недостига нивно внимание :( а не само онаа реченица која ја кажуваат дека веруваат во мене дека јас сум паметна и нема да ги разочарам. Но кога финансиски зависиш од некој нормално ке играш според туѓи правила. Мора се да биде во склад со нивните барања и ако им се спротиставам со моја одлука водат инат :tapp: конзервативни се многу, афторитативни и она што ке го решам доколку не е во согласност со нивните погледи не го ни слушаат туку веднаш неможе...
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Стјуардеса
--- надополнето: Jul 20, 2011 7:56 AM ---

Ц ц ц ц , добро бе мајка му стара. Дали вие младите некогаш ќе се научете да имате РЕСПЕКТ кон повозрасен ?

Како не ти е срам на ваков начин да се обраќаш кон мене кога ниту лично ме познаваш , а гледам погрешно проценуваш уште на старт.

Велат трпение - спасение

Прво научи да бидеш трпелив и да почекаш до крај , потоа коментирај

Срамота дете, имаш ти бааги да учиш во животот.
ја треба да учам а? а ти па што толку знаеш и за основни работи прашуваш на форум, тоа беше прашање на 8 оделенци кога родителите кажуваат со кој да се дружиш кај да се запишеш у средно и тн... а не сеа кога си возразна имаш 18+ можеш што сакаш да правиш ако тогаш не те научиле незнам
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ма и ние ќе бидеме исти.....
затоа слушајте ги родителите што ви кажуваат, истата методологија ќе треба и ние да ја користиме :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Стјуардеса
Ужифкај си и шетај си... ич да не те замара шо викат од дома. Посекако стјуардеса е работа која што се работи 2-3, 5 години и ќе ти здосади па ќе се смириш.

Но од друга страна, за тие 5 години да си на добро работно место (да речиме во фирма во која има место за развој и унапредување на кариера) баеги ќе дотуркаш. Можеби никогаш нема да ја видиш Бора Бора, ама ќе имаш огромно знаење и искуство во областа за која си се одлучил да ја работиш.

За социјалниот живот не коментирам, бидејќи немам познавање (нити пак сум работел како стјуардеса :eek:) а искрено ме интересира.... па во некоја прилика не е лошо да подобјасниш шо како зошто...
 
A

Antigona

Гостин
ја треба да учам а? а ти па што толку знаеш и за основни работи прашуваш на форум, тоа беше прашање на 8 оделенци кога родителите кажуваат со кој да се дружиш кај да се запишеш у средно и тн... а не сеа кога си возразна имаш 18+ можеш што сакаш да правиш ако тогаш не те научиле незнам
Прашањата се поставени во генерална смисла за да може да ги читаат сите и тие над и тие под 18 години. А како тоа мислиш да те научат родителите кога живееш надвор од Македонија неколку години и се стекнуваш со други сфаќања во животот и почнуваш да размислуваш на друг начин на кој дури и оние од дома ( во Македонија) не можат да го прифатат ?????

И пак ќе ти кажам : немој да се правиш паметен кога нешто не знаеш како е, бидејки испаѓаш смешен.

Немам намера да се рспаравм со тебе , ете самиот ќе видиш колку ти грешиш кога сакаш да ме навредуваш млад господине.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Прашањата се поставени во генерална смисла за да може да ги читаат сите и тие над и тие под 18 години. А како тоа мислиш да те научат родителите кога живееш надвор од Македонија неколку години и се стекнуваш со други сфаќања во животот и почнуваш да размислуваш на друг начин на кој дури и оние од дома ( во Македонија) не можат да го прифатат ?????

И пак ќе ти кажам : немој да се правиш паметен кога нешто не знаеш како е, бидејки испаѓаш смешен.

Немам намера да се рспаравм со тебе , ете самиот ќе видиш колку ти грешиш кога сакаш да ме навредуваш млад господине.
види не за џабе сеа глеам твојте родители не ти веруваат тоа е затоа уште мислат дека не си созреана иако имаш години за тоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom