Иако моите родители, како и сите родители, го посакуваат најдоброто за мене, сакаат да го одберам вистинското школо, работа, маж итн инт., сепак се стремат кон оној став дека јас самата треба да го искусам животот, што и мене ми одговара. Секако дека понекогаш и ќе ги послушам нивните совети, сепак тие веќе проживеале поголемиот дел од животот и имаат толку годишно искуство, но гледам најголемите одлуки во мојов живот да ги донесувам сама, како што јас сакам и што јас сакам, попатно слушајќи ги советите од моите. Добро е што моите никогаш не ми рекле од оние реченици: „Неможе да учиш таму! Неможе да работиш тоа! Ова ќе правиш, она ќе правиш!“.
Благодарна сум што моите родители не се од оној тип кој им го наметнуваат на своите деца животот кој тие не го проживеале, сонот кој тие не успеале да го остварат, туку ми дозволуваат сама да ги вкусам пријатностите и непријатностите на истиот, учејќи од сопствените грешки, борејќи се и давајќи ги сите сили да го постигнам она што го сакам. Нели сепак, резултатот за кој си вложил труд е многу посладок од оној кој ти е готово сервиран.
Да, родителите го сакаат најдоброто за нас, но не секогаш знаат што е најдобро.