Copa America 2011, Argentina

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Тоа е бе со дрва не бива.Види им одбрана голманот мизерија,страна не погоди на пеналите,Бурдисо ,Милито и најголемата дупка Забалета ми се одмили фудбалот од него.Меси играше се трудеше ама побрзо ослободување од топка треба да на таа позиција зашто 1-2 и третиот ти ја зема,густо е во средина.Во второто немаше ни акции Игуаин пробување сам имаше и еден одличен шут од свртување ама Муслера беше фантастичен.Како трчаше по изгубените топки до средина секоја чест,за мене одигра солидно.Грешката беше во исфрлањето на Ди Мариа и Агуеро.Иако беа слаби синоќа сепак имаат доста издржливост и брзина за да ги решат продолженијата.А грдотијава и Пасторе не ни знаеја која им е улогата.ДАле 2-3 гола од тука и нон-стоп чекаа шут од 16 м.Браво за Уругвај,срце и душа оставаат на терен во недостаток на квалитет.Некогаш и тоа е и те како битно.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247

Застанав со читање кај „дрвото од голман“ на Аргентина. Ромеро е прекрасен голман, без тон среќа како Муслера (добро, немаше само на пеналите), и да, ги погоди страните на пеналите, ама беа too damn good за да ги одбрани.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Многу лоша генерација имаат Аргентина. Немаат одбрана. Средниот ред им е полн со деструктивни играчи, а немаат ни еден креатор. Толку се очајни на тие позиции што мораат Меси кој им е најдобар напаѓач да го играат како обичен среден играчи.

Нападот им е добар. И ќе станува се подобор ама мора веќе да се решат што сакаат. Брз и мобилен напад со Ди Марија и Агуеро или Тевез и Лавеци. Ако ги сакаат вторите двајца нека не го замараат Меси. Кажи му дека не влегува во плановите за тимот и чао играјте без него.

Ама Баптиста се покажа како многу неодлучен менаџер и катастрофален стратег. Не знаеше како да искористи играч повеќе цело полувреме, а можеше едноставно да го внесе Милито на местото на Гаго, кој беше очаен и бескорисен. Маскерано и онака ја вршеше истата работа многу подобро. Немаше ни да добие црвен картон ако не мораше да игра вон позиција.

Со Милито напред, Игуаин може да игра десно (има играно така и на светското и во Реал), Агуеро лево, а Ди Марија можеше да се врати поназад за да му помогне на Меси да го искористат просторот што го добија со црвениот картон. Ди Марија ми изгледаше најлогичен избор за да се врати назад затоа што многу добро играше и како плејмејкер во делови од сезоната за Реал. Особено против Барса во финалето на суперкупот кога Озил изчезна.

Ама он мораше да го стави Пасторе кој што изгледаше ко да не знае што бара на стадионот и тој неупотребливиот габор што знае само да трча.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Браво за Уругвај,срце и душа оставаат на терен во недостаток на квалитет.Некогаш и тоа е и те како битно.
LOL, Недостаток на квалитет?

Ако вчера уругвај немаше квалитет, тогаш, не знам која друга екипа досега на Копа Америка покажувала поголем квалитет од нив. Да играш од 40 минута со црвен картон, знаеш ли колку треба да се потрудуиш да организираш акција? Они освен што организира акција, контри, па и се заканија многу повеќе од Аргентина, зарем тоа не е квалитет??.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Тој шо не ја гледаше Аргентина- Уругвај (како јас на пример) можи сега да ја гледа снимката на мтв1
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Уругвај вчера одигра многу добро и организирано,не би рекол дека тоа е недостаток на квалитет.
Цврсто во одбрана без пропусти,густо во средина со цел да го неутрализираат Меси и Ди Марија,додуша овој вториов сам се неутрализираше,ко циган изгубен у Веро изгледаше на моменти,додека Уругвајците знаеја што сакаат,тоталка организирани и смирени напади,посед на топка,а после црвениот картон како да ги стегна инетот и почнаа да играат како да нема утре,решени да ја победат и да ја расплачат цела Аргентина...им успеа.

Одбраната на Аргентина беше како озонска дупка,средниот ред тепачки место креативен,нападот изгубен у свемир,па Милито иако не е во форма подобро ќе одиграше од Игуаин :icon_lol:
Тренерот не го ни коментирам,не можам да најдам соодветен збор за него...
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.483
Поени од реакции
10.220
Браво за Уругвај,ми ја наполнија душата.Сега од Колумбија се префлуваме на Уругвај. :)
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.643
Поени од реакции
22.705
Милито иако не е во форма подобро ќе одиграше од Игуаин :icon_lol:
А, шо толку лошо одигра Игуаин??? Игуаин е измислен напаѓач за Тевез, од тоа што го видов на Копа Америка.
А, Милито, да требаше да влезе, ама никако место Игуаин. Кога излезе Агуеро, место да влезе Тевез требаше Милито да влезе, а Игуаин да си игра по страната. Така веројатно ќе ја решеа утакмицата уште во 90те минути.
Тевез и Лавеци не знаат што прават, само се одметаат по теренот, Игуаин нон-стоп влегува во шанси, ама реализацијата му беше страшно лоша и на крајот он ќе испадне повеќе крив од нив двајцата. :eek:
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
А, шо толку лошо одигра Игуаин??? Игуаин е измислен напаѓач за Тевез, од тоа што го видов на Копа Америка.
А, Милито, да требаше да влезе, ама никако место Игуаин. Кога излезе Агуеро, место да влезе Тевез требаше Милито да влезе, а Игуаин да си игра по страната. Така веројатно ќе ја решеа утакмицата уште во 90те минути.
Тевез и Лавеци не знаат што прават, само се одметаат по теренот, Игуаин нон-стоп влегува во шанси, ама реализацијата му беше страшно лоша и на крајот он ќе испадне повеќе крив од нив двајцата. :eek:
На последниве три утакмици катастрофа беше,кој шанси ги утна,100% шанси и тоа,Меси му мести топки на тацна овој утнува.Можеби да ги дадеше тие голови што ги утна од пола метар од голот,на Аргентина ќе идеше даље,па и вчера што утна,тоа не смее да го прави расен напаѓач како него.
А што се бори низ цел терен се бори,собира топки,не ја тинтри топката,одма подава на слободен играч,не е како Агуеро,да дрибла без врска и да може сосе топка ќе влезе во гол.
Во право си инаку,кога излезе Агуеро,требаше и мораше да го стави Милито,барем знае да навлече противнички играчи на него и да ослободи повеќе простор за Меси и компанија да влезат во шанса за гол,ама тоа ти е,тиквар од тренер кога ја води Аргентина :D
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Срамота е ова за Аргентина. Ептен слаба генерација, иако го имаат најдобриот на свет. Имаа среќа што Уругвај не ги згази поштено веќе во 90 мин. Со црвен картон играа пола утакмица и една посериозна шанса немаа цело второ полувреме.

Колумбија гледам испаднале по продолженија, ако вечер испаднат Парагвај и Чиле, толку од мене за Копа Америка 2011 :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909

Црвен картон за противникот, Батиста дреме. Табарез намерно ги остави двајцата напаѓачи на терен, со тројца во средина им играше, пошо знаеше дека Батиста е ебен аматер шо нема да знае да ја искористи ситуацијата.

Најстрашното е шо ова он не го смета за неуспех, а Грондона (претседателот на Арг. фудбалска федерација) му верува. Што значи дека Аргентина најверојатно иде и на светско со Батиста на чело. Ако успее да се квалификува нели...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Тренеров на Аргентина ни за школа да отвори не го бива :tapp:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Утакмицава пак ја гледав и не ми се верува како Аргентина не усепа да направи ни една шанса со играч повеќе ...
п.с Одбраната на Муслера :vozbud:
--- надополнето: Jul 17, 2011 3:16 PM ---
Вечер Бразил,гази !!! :D
И да не тепаат вечер Парагвајциве нема да ми биде криво само заради оваа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom