Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Ирвин Џонсон е најдобриот кошаркар на сите времиња, во универзумот. Аналогно на тоа, и најдобар „езерџија“ е.
Во шо е подобар од Џордан освен во организација на играта ?
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
3.
Во шо е подобар од Џордан освен во организација на играта ?
Тешко е да споредиш затоа што играа различни позиции и во различни времиња. Но ај ќе бидам адвокатот на темниот:

1. Meџик беше најдобриот тимски играч во историјата на NBA. Џордан отвори ера во која еден е главна ѕвезда а другите се второстепени. Коби и Леброн се негово производство.

2. Меџик играше во ера со Лери Бирд, Мекхејл, Периш, Думарс, Ајзеа, Моузес, Др-Џеј...80тите беа златната доба во NBA. Е во таа доба Меџик освои 5 прстени.

3. Меџик можеше да ја игра секоја позиција. Во неговата руки-сезона играше како центар во финалето и постигна трипл-дабл со 40 поени.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
3.

Тешко е да споредиш затоа што играа различни позиции и во различни времиња. Но ај ќе бидам адвокатот на темниот:

1. Meџик беше најдобриот тимски играч во историјата на NBA. Џордан отвори ера во која еден е главна ѕвезда а другите се второстепени. Коби и Леброн се негово производство.

2. Меџик играше во ера со Лери Бирд, Мекхејл, Периш, Думарс, Ајзеа, Моузес, Др-Џеј...80тите беа златната доба во NBA. Е во таа доба Меџик освои 5 прстени.

3. Меџик можеше да ја игра секоја позиција. Во неговата руки-сезона играше како центар во финалето и постигна трипл-дабл со 40 поени.
1. Се согласувам со тоа затоа и реков освен организација на игра

2. Па да беше златна доба, но Меџик кога влезе во НБА си го имаше на располагање дотогаш најзвучното име во кошарката - Карим Абдул Џабар, а и 90тите не беа баш лоши со Томас, Дрекслер, Баркли, Олајџуван, Малоун, Стоктон, Шек, Милер, Пејтон, Кемп и уште неколкумина , сите гладни за титули

3. 42 п , 15ск, 7ас , не гледам тука трипл дабл

И пак не ми одговори на прашањето, шо го прај Меџик подобар од Џордан ?
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Тоа што го напишав претходно.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Тоа што го напишав претходно.
Значи пошто бил потимски играч, пошто играл на сите позиции, во тешка златна доба и пошто имал одличен плејоф натпревар дур бил руки
Каков аргумент имаш, неможам да возвратам, тотално се согласувам, Меџик е најдобриот на сите времиња :cuc:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Никој ни бара да возвратиш, ни да си промениш мислење.

Јас горе пишав што би можело да се користи за Меџик против Џордан - адвокатот на темниот.

Така да, омекни.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.613
Поени од реакции
2.235
ШЕК несмеете да го ставите во најдобри „Езерџии“ пошо ви сврти грб(како и во сите тимови што играше досега).Али ипак ја го поштовам.Најдобар „Езерџија“ дефинитивно ви е Меџик поради љубовта кон клубот.
Ова ви го кажува (читај потпис) навивач на СЕЛТИКСИ.
ПС. Сакам да ве видам во финале оваа сезона со нас се разбира(ако се одигра).
Али и двата тима имаа истрошени играчи така да не се надевам многу.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тешко, тешко...

Ај како голем познавач на кошарката лесно ќе ја сфатиш разликата помеѓу обичен rainbow jumper fadeaway шо го прават голем број на играчи и trademark-от на Дирк one-legged fadeaway jumper каде отскокнува со една нога а другата ја исправа со коленото напред за да спречи другиот играч да се доближи до него, што Коби го изведува на тренинг. Што значи видеото и твојата поената сосема немаат смисла.


 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ок не мораше да ми го титловаш видеото, разбирам. Има разлика, да.

Но Коби веќе со години практикува fadeaway што е неодбранлив. Не дека е лошо што учи сличен шут, но неговиот fadaway е исто така смртоносен бренд.

Кој ќе го брани ова?


П.С Пред 2 години во летниот период Коби вежбаше со Хаким, сите се израдуваа дека ќе го научи dreamshake-от, па го искористи еднаш два пати и толку. Разбирам дека постот е најчесто зафатен со Бајнам и Гасол, но сепак ...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom