Не знам што го повлекло детето во езерото. Би можело да биде било што. Сомовите можат да израснат доста големи и тоа го потврдиле многу улови и фотографии. Имаше порано некакви вести за големи сомови, конкретно читав дека биле присутни во големите реки во Русија. Колку што се сеќавам, овие риби немаат заби, па или голтаат, или пак, ако се работи за поголем плен кој им е на дофат, а не е водно животно, едноставно го повлекуваат долу и така го дават, па чекаат да скапе или нешто слично. Во контекст на вестите за напади на големи сомови во Русија (не знам за линкови, а лесно може и да е жолт печат), жртви биле некое дете и некоја доста ситна жена. Како докази се наведени несварливи предмети и остатоци од човечки коски во утробата на рибиве. Мириса, дури и присмрдува на евтина приказна за големи деца, ама се` е можно.
Мислата ми беше дека е лесно веројатно во Велешкото или Тиквешкото да има некој сом-капиталец, чиј улов би бил голема сензација. Но не мислам дека се работи за животинка од некои 8-10 метри, димензии кои се длабоко во зоната на фантастиката. Сепак, ваквите мистерии имаат некаков шмек, добри се за развој на туризмот, па уште ако се удави некој несреќник, ете урбана легенда поткрепена од пар будали со приказни за 20 метарскиот сом што тероризира низ езерото.