Z
zmej gorjanin
Гостин
Па добро, секој индивидуално го толкува и го разбира филмот, што е сосема во ред. Искрено кога го погледнав филмот за прв пат, претпоставував дека Фред пати од синдром на поделена личност, односно е еквивалентен на ликот на Едвард Нортон во Фајт Клаб, што е еднакво на алтер егото за кое зборуваш ти. Но ако ептен почнеме да ситничариме и навлегуваме во детали ќе увидиме дека можеби и не се работи баш за алтер его, барем според некои мои толкувања. На пример, во онаа сцена во која Дик Лорант му се јавува на Пит, т.е првин Mystery Man му се јави на Пит а потоа му ја предаде слушалката на "својот пријател" Дик. Потоа Дик почна да го распрашува Пит како тој се чувствува, па дури на моменти имаше и заканувачки тон, што очигледно наговестува љубомора и сомнеж. Второ, доколку би се работело за алтер его нели би било логично тоа да му биде достапно за вербална комуникација само на ликот кој пати од овој синдром, како во случајот со Фајт Клаб. Всушност во Фајт Клаб навидум имаше комуникација помеѓу Tyler Durden (Бред Пит) и Marla Singer (Хелена Бонам Картер), односно моментот кога креветот крцаше, по што Марла изјави - My God. I haven't been fucked like that since grade school,или пак ситуацијата во која Тајлер им се обраќа на членовите и им ги објаснува правилата на Фајт Клаб. Но никогаш немавме обострана комуникација помеѓу Тајлер и некој друг лик. Директната повратна комуникација на Tyler Durden секогаш се одвиваше исклучиво помеѓу него и ликот на Едвард Нортон. Додека во Lost Highway тоа не е случај, односно наводното алтер его на Фред, Mystery man, станува алтер его и на други ликови, а воедно комуницира и генерално со повеќе луѓе, типичен пример е забавата на Енди. Иако, ситуацијата со Пит и Дик може да биде оспорена во краен случај, бидејќи сепак се работи за имагинацијата на Фред. Но дури и во имагинацијата, јасна е намерата на Фред, а тоа е неговата неостварена желба - Дик да биде тој што пати, да биде љубоморен и огорчен,додека тој, Фред, олицетворен во ликот на Пит, му ја краде убавата девојка, која личи на неговата жена. Трето и најбитно, кога веќе правиме муабет за алтер его, треба и да знаеме што е тоа. Според некоја дефиниција алтер егото или замисленото другарче ги носи оние посакувани особини, било карактерни, било физички, кои што човекот, кој што е всушност носител на алтер егото, не ги притежува.Баш ко случајот на Бред Пит и Едвард Нортон. Дали ти мислиш дека старче облечено во црно, кое делува ко психопат и се смее морничаво, може да му биде алтер его на Фред? Ако веќе реално гледаме, вистинското алтер его на Фред е Пит. Тој е млад, изгледа добро, има бројни успеси на сексуален план, механичар е, не се замара за ништо и е посакуван од убави жени, плус останатите мажи му љубоморат (пак со љубомората ). Четврто, љубомората како концепт ми е многу покомпактен со контекстот на приказната.Бидејќи самите настани се движат постојано околу неверства, сомнежите на Фред кон Рене уште на почетокот на филмот ит.н. Така да јас сепак си останувам на тоа дека Mystery Man е олицетвориение на љубомората, а не алтер егото на Фред.