- Член од
- 5 јуни 2008
- Мислења
- 3.632
- Поени од реакции
- 5.724
Види, ако и ова сега што се гради не се одржува низ годините ќе ја има истата судбина како МОБ и останатите постари објекти. Џабе ни е нас разубавување на градот кога немаме никаква култура и не знаеме да го пазиме своето. Мочалниците не станале сами од себе, ние сме ги направиле...
ја не знам што ги праат тоа зградите, подобро беше вака...коњи ливади наркомани и мочалници
кило сол ке изедете одколку да признете една општо полезна работа.
Тоа што коњи се `паркирани` на булевари и низ центар, виновни се градските влсти и МВР. Никаде низ Европа нема чергари во центар на градот. Кај железничка, под новиот мост гледам нправиле цела нселба... Тоа треба се да се истера од таму доколку сакаме градот да добие Европски изглед, а не Индиски....
Не можеме цело време да ставаме маски за да ги криеме старите објекти. Ни сметал изгледот на МОБ и редиме ѕид од згради за да не може да се гледа... Дури и да нема место, ние зградите ги правиме толку тенки и во таква форма само за да се потполни просторот...
Она што јас го очекувам од СК2014 е прочистување на Вардар и поставување на каскади или како и да го планираат... средување на тротоарите и стазите за пешачење (потполнување на дупките и пукнатините)... доградување на старата железничка (музеј на град Скопје). Редно време е срушениот дел да се возобнови, а веќе постоечкиот да си остане... повеќе зеленило... деловите кои се планирани за цвеќе, трева и дрва, да бидат целосно зелени, а не полни со земја, кал.... Тргање на графитите од зградите, мостовите и кејот на Вардар... Помалку реклами/билборди... Средување на фасадите на сите згради во центар... поставување на корпи за отпадоци со ДНО... и за зголување на свеста кај нас, полицијата треба почесто да казнува наместо да прогледува низ прсти. И тоа, за било каков отпадок 100 евра (под услов да има канти многу почесто!), а плукање на улица 300 евра! (јас би го бесел) И уште нешто, повеќе јавни тоалети. Не од типот на тие плавите, туку убави средени тоалети! Освен во Рамстор и Соравија нема каде да се оди по надвор, ако недај Боже те стегне во центар....