Ок ако дечките од Христијанската црквата низ времето биле будали, овие на модерен 20-21 век нашле сега да оправаат историја и "да им држат лекции". Ове биле будали пред 800 години овие се будали сега. Тоа не се аргументи, они сакаат да си се исмеваат и тоа е нивно демократско право. А дали стварно постои Бог или не, ни ти, ни јас, ни сатанистите не можат да докажат. А јас имам демократско право логички да ги критикувам бидејќи нивниот оснивач не понудил ништо оригинално туку копи-пејстирал се од други а највечи идол и човек од кој најмногу превземал е Алистер Краули кој што правел магии, повикувал духови и гледал египетски фараони.
Ти ги гледаш раските на другите а не си ги гледаш сопствените даски! Дали христијанството не е копи паст на јудеизмот? Дали Јудеизмот не е копи паст на сумерската и бабилонската религија?
Јас ги посочив причините зошто го сметам христијанството за зло! Дали ти посочи кој се причините поради кој го критикуваш Сатанизмот? Бидејќи од тоа досега што го кажа, се се само стереотипи и невистини! Сатанистите не повикуваат духови и не го обожаваат ѓаволот!
Нешто мене многу ми смрди тука? Зошто баш сатанските, мрачните, ѓаволските симболи на злото се одбрани, зошто не се одбрани симболите на Реал Мадрид на пример? И да, се согласувам со тоа Христијански атеизам дека делува парадоксално. Ама види, таму пак има некоја логика. Христијанскиот атеизам ти вика, ние не сметаме дека он е Бог, ама сметаме дека кажал многу убави, работи и принципи по кои ние треба да се раководиме.
Па кога Сатанизмот би бил обвинувач и противник на реал мадрид, тогаш можеби би користел фудбалска симболика и терминологија! Но Сатанизмот е противник и обвинувач на монотеистичките религии, па затоа и користи симболи и терминологија кој се однесуваат на нив! Зошто сатана? Затоа што на еврејски обвинувач и противник се вика - "SATAN" За сатанистот, зло е религијата, а таа е секогаш олицетворена во ликот и делото на нејзиниот бог! Што значи дека за мене симбол на злото се Јахве и Алах а не Сатаната, таа за мене е симбол на индивидуалноста, непокорот, вистината, правдата и интелектот.
И како тоа кога станува збор за сатанистички атеизам, тогаш тоа е парадоксално и глупо, а кога се зборува за христијански, парадоксално ама сепак имало логика?! Тие кажале дека неверуваат во бог, ама им се допаѓале принципите и пораките?! Па и мене ми се допаѓа тоа што сатаната им ги отворила очите на Адам и Ева давајќи им го интелектот - сознанието за добро и зло! Јас неверувам во ангели и ѓаволи, но сатаната за мене е оној што ја одкрива лагата на бог, го разодкрива во очите на Адам и Ева!
Од друга страна ако повлечеме паралела што треба да значи. Ние сатанистите не веруваме во ѓаволот арно ама ќе се раководиме по принципите кој тој ги застапува? Ако е така кажи си да знаеме дека си имаме работа со потенцијално зло во општеството.
Јас поставувам логични прашања, ти ми даваш половични и нецелисходни одговори, низ историјата....
Јас не добивам одговор асален еве ти ги пак прашањата
Во сатанизмот е јасно посочено кој се тие принципи и што преставува сатаната, но ти мислиш дека со неколку клипчиња на youtube и со слушање на лед цепелин, си дознал се.
Тие одговори и прашања на темава се сто пати одговорени, прелистај ја темава и ќе се увериш.
Зошто некои атеисти би формирале религија и црква а се атеисти? Зошто мора да е црква а не обична невладина организација на пример Здружение на атеисти?
А зошто некој атеисти носат бели чорапи, а некој тегет? А зошто некој атеисти се нарекуваат атеистички христијани?
Ти изгледа не разбираш дека сите атеисти не се клонови еден на друг! Сатанистите кој неверуваат во задгробен живот, го сметаат христијанството како и останатите монотеистички религии за кочница на напредокот, за зло, за олицетворение на глупоста и манипулацијата! И затоа се против него! Стварно незнам што е тука нејасно!
Зошто се баш сатанистички, мрачни, зло симболи, ритуали, а не други (зошто не будистички на пример)? Што им е симболиката на сатанистите како атеисти, со сатанските симболи на зло, црни магии и слично?
За нас се мрачни и зли симболите кој порачуваат дека треба да си понизен, покорен, да го сакаш оној што те мрази...и слично! Бидејќи тие пораки и идеологија се создадени за манипулација, за создавање на совршени робови кој ќе направат се и ќе прифатат се ако доаѓа од највисокиот афторитет!
Сатаната за мене е оној што имал м*да да се спротивстави и да го разодкрие нарцисоидниот, суетен, самобендисан садист од библијата! Богот кој е олицетворение на суетата, себичноста и манипулацијата.
Зошто оснивачот (како атеист) за свој личен идеолог посочува човек кој практикувал, магии, повикувал и верувал во духови, му се привидувале египетски богови?
Кроули е најмалку разбраниот човек во историјата, ти незнаеш за него речиси ништо за да имаш право да го критикуваш! Информирај се, па потоа дојди тука и дискутирај со телемитите на форумов за него!
Бидејќи индивидуализмот им е во основата, зошто мора да се здружуваат? Зошто Ла Веј баш црни магии и ритуали одбира за испуцавање на негативна енергија? Зошто не иде да се истрча на кеј и не се качи на Водно како што прават нормалните луѓе?
Па каде си видел ти сатанизмот да е против трчање на кеј за да се испуца негативна енергија? Дали ти знаеш воопшто дека сатанизмот воопшто не тврди за себе дека е единствената вистинска религија за сите, како што тоа го прават сите останати религии? Дали знаеш дека за да бидеш член, мора да си полнолетен? Која друга религија чека индивидуата сама да одлучи дали ќе биде или не дел од таа религија? Еве што пишува во дел од формуларите за членство:
Satanism is not for everyone, but if it is for you, we welcome you. We are not a fan club, a pen-pal society, or a lonely hearts group. We are a group of dynamic individuals who stand forth as the ultimate underground alternative, the “Alien Elite.”
http://www.churchofsatan.com/Pages/CS Basic.pdf
И други прашања имам за тебе лично.
Зошто си ти сатанист?
Зошто не си обичен атеист како што има многу на форумов? Зошто баш сатанист мора да си? Зошто не си Телемист, религија слична на сатанизмот?
Затоа што ги сметам религиите за зло, за напаст која го гуши и назадува човештвото.
--- надополнето: Jul 15, 2011 11:04 PM ---
Ама еве го чекам Ипсимус да се изјасни.
Чекањето беше поради моите работни обврски.