Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
И Рамос по стапките на Роналдо, Nike стегач... За што ни е ондак адидас спонзор не ми е јасно :)
Пошо играчите сами за себе си прават какви сакаат договори. Адидас е спонзор за на Реал и му ги произведува само дресовите. Наредното лето истекува...па можеби ќе ти се исполни желбата да биде Најки.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Mourinho (12.07.11 - RMTV):

П: Како го поминавте одморот?
ЈМ: Имав краток одмор, но беше добро. 15 мирни денови и среќни.

П: Дали сега ја имаме екипата која José Mourinho ја планираше?
ЈМ: Задоволен сум со играчите кои ги имаме, особено ако знаеме дека ги имаме уште и Higuaín и Di María, кои се важни за нас. Мое мислење а и на останатите е дека ни недостига уште еден напаѓач. Одлично е кога во јули 90% од екипата е формирана, фантастично, тоа ни дозволува да работиме поинаку. Higuaín и Di María веќе ја познаваат екипата, имаат работено со нас и нема да им требаат месеци за да влезат во нашата динамика. Задоволни сме затоа што конструираме екипа за иднината. Ова е екипа за наредните 10 години.
П: Значајно е што се ревалоризираше екипата од мината сезона. Зборуваме, меѓу останатите, за имиња како Ozil, Di María, Khedira.
ЈМ: Луѓето можат да зборуваат за парите кои ги вложи клубот во овој нов период на Florentino Pérez за играчи, но ако направат споредба меѓу инвестираните пари и сегашната вредност на пазарот на екипата која ја имаме ќе сфатат дека инвестицијата е фантастична. Колку вредат Ozil и Di María денес? Играчи се кои кога дојдоа овде не знаеја што значи да си под постојан голем притисок. Или самиот Cristiano, кој ако утре Real Madrid го продаде, нормално не сакам да биде така, ќе добие голема сума. Оваа екипа има фантастична глобална вредност и тоа исто така е сатисфакција.

П: Еден податок, од 1985 во Real Madrid немало тројца голмани во првиот тим кои доаѓаат од младинската школа.
ЈМ: Сега има четворица. И тоа е единствен случај во светот на фудбалот. Не сум сретнал таков случај до сега, три-четири голмани кои доаѓаат од младинската школа и се различни генерации. Еден кој е најдобриот во свет, друг кој до вчера беше трет голман и двајца млади кои ќе тренираат со нас и со текот на времето ќе одлучиме кој ќе биде трет голман и кој ќе го брани голот на Castilla. Можат да играат со Castilla и да тренираат со првиот тим. Мислам дека во наредните години голот на оваа екипа секогаш ќе го брани некој од младинската школа.

П: Освен тоа ова е многу важна сезона за Castilla. Ви минатата сезона покажавте дека сметате на нив и со оваа претсезона го потврдувате тоа.
ЈМ: Не е лесно, затоа што во овие моменти имаме две цели. Едната е еволуцијата на играчите, а другата е Castilla да обезбеди место во Segunda А што ќе ни помогне да ја организираме екипата на поинаков начин. Затоа сакаме поинаква ситуација за некои играчи, да им дадеме минути во Primera како што се случи со Juan Carlos, Mateos, Juanfran, Sarabia. Тоа се играчи кои имаат ниво да играат во поквалитетно првенство, и Seginda B не беше добра за нивниот развој. Кога луѓето мислат дека сакаме да ги оддалечиме од нас, дека ги пуштаме да ни побегнат, грешат. Овие играчи кои Real Madrid ги позајмува или продава со bay-back опција тие продолжуваат да бидат играчи на Real Madrid и ако сакаме да ги повратиме нема да имаме никаков проблем. Сакаме да им дозволиме да бидат дел од поинакво натпреварување. Во исто време мислиме и на екипата која треба да се искачи и затоа задржавме играчи кои можеа да играат во повисоко ниво, играчи како Alex, Casado, Joselu, Morata, Carvajal. Тие ќе бидат базата на екипата и сакаме да најдеме двајца или тројца кои ќе му помогнат на Toril да формира силна екипа за Segunda A.

П: Екипата која ја имаме сега има неверојатен просек од 24,8 години.
ЈМ: Не подмладува и нас постарите. Треба да се навикнеме на нивната димензија. Позитивно е за сите нас. Имаме екипа која треба да расте и која во одреден период може да почувствува слабост на емоционално ниво и во искуство. По моќност имаме многу добра екипа. Задоволство ми е да работам со нив, мотивирани се и сакаат да научат и да помогнат.

П: Кој ви недостигаше за време на одморот?
ЈМ: Manolín (еден од помошниците), затоа што штом го погледам се смеам.
П: Можеби и капитенот, Casilla...
ЈМ: Видов колку многу патуваше и уживаше во одморот што не ми остави простор да ми недостига. Но излезе една многу глупава приказна дека јас и Real Madrid сакаме да му ја земеме капитенската улога. Разбирам дека треба да се продаваат примероци и дека кога нема фудбал, ако треба да се лаже, се лаже. Тоа е лага која може да ти наштети. Да не бев јас толку сигурен дека го сакаме и дека без сомнеж е капитен на екипата, можеше таа лага да предизвика голема штета. Секогаш кога ќе биде стартер ќе биде капитен.
П: Имаше некого со кого зборувавте додека бевте на одмор?
ЈМ: Со JÁ Sánchez зборував секој ден и повеќе од еднаш.
П: Малку е зачудувачки колку сте задоволен од новите дресови.
ЈМ: Ми се допаѓа златната боја и имињата и броевите во таа боја. Мислам дека дресот за ЛШ ќе биде нешто ново во однос на последните години и дека на многумина ќе им се допадне.
П: Сега сме во Beverly Hills, лулката на ѕвездите. Која “ѕвезда“ би сакале да ја сретнете на улица?
ЈМ: Al Pacino.
П: Би се смениле со некоја од овие “ѕвезди“?
ЈМ: Ни на ден.
П: И за крај, една цел за следната сезона?
ЈМ: Навивачите да се почувствуваат горди на својата екипа. Имам впечаток дека лани го постигнавме тоа и дека оваа сезона ќе поминеме во друга димензија на емпатија и позитивна врска меѓу екипата и навивачите.
:cuc:

п.с. вика ќе пробаме да му доведеме 2-3 играчи на Торил, што најверојатно значи дека ќе се купуваат u-19 играчи, ко примерот со Хоселу...
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Пошо играчите сами за себе си прават какви сакаат договори. Адидас е спонзор за на Реал и му ги произведува само дресовите. Наредното лето истекува...па можеби ќе ти се исполни желбата да биде Најки.
Го разбирам тоа, али незнам, не ми е баш по кеиф. Нема везе дека ми е некоја желба. Ситници за нас, за нив милиони. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Сахин 3 недели аут... рикнаа Турциве уште од почеток.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.939
Поени од реакции
30.930
Марсело е цар :eek:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Сега уште Негредо да го вратат и тип-топ е тимот
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
656
Поени од реакции
37
Агуеро изјави дека после Копа Америка нема да се врати во Атлетико... :cautious:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Neymar comes in August for 35m + 5m Euro in variables

Даде два гола и одма се вратија комбинациите...

A Адебајор изјавил дека сака да се врати во Мадрид... дај нека го вратат него и готово. Ем трет шпиц, ем Пике среќен што ќе може да игра против црнец...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom