Не треба ниеден тим да се потцени, но реално ако гледаме, начинот и среќата со која Вардар ја елиминираше ЦСКА, се случува еднаш во илјада години. Со Спарта беше друга приказна, тие натпревари беа во најмала рака рамноправни, за разлика на оние помеѓу Вардар и ЦСКА каде што шансите и поседот беа 90% на страна на ЦСКА, а Вардар беше тој што од 4-5 шута на двата натпревара даде 3 гола, голови кои се и најважни во фудбалот
Тој тим на Вардар и овој на Шкендија не може да се споредуваат, тогаш во Вардар имаше неколку квалитетни играчи кои можеа колку-толку да направат некоја разлика на терен, во денешниот тим на Шкендија таков играч е само Хасани.