Еј дај не се карајте побогу,
Не сме ние криви што фати криза во државата а фати секаде на секое место од планетава,
Фабриките не се решение и да има фабрики пак ќе кукате како ви се мали платите и како неможете да идете на одмор и да купите најскап телефон и брза кола,леп провод,
Башка у денешно време една фабрика има таква технологија со што се намалува бројот на вработени за цели 20% до 30% така да тука не гледам некоја иднина,
Штета што кај нас сите фирми увозно извозни фирми што работат немаат интерес да вработуваат луѓе од проста причина што фирмите немаат сигурна иднина и не знаат што ќе се случува со Македонската економија во иднина,стравот им влева рецесија,
Ја поздравуваме секоја идеја за бизнис ама џабе е бизнис ако треба да чекате да ви платат после 1 година.
--- надополнето: Jul 13, 2011 12:45 PM ---
Darmon, државата и институциите колку што се твои толку се и мои, колку ти што имаш право да бидеш со розеви очила, толку и ја имам право и секој друг да плука по институциите и нивната неспособност. Да надвор од мојата држава сум патриот и си ја сакам Македонија највеќе, но кога сум таму не си свесен колку пати до сега сум сакал да се откажам од се што има врска со Македонија. Да јас си ги исполнувам своите граѓански должности но досега за возврат ништо не сум добил од државата. И да Никола многу лесно е да се соли памет на луѓе ако веќе имаш 300-500 евра месечна плата, и да лесно е да се жалиш како и тоа ти е малку, и да ти си сигурно некој во администрација, на којшто јавното здравство му е под "ниво" па оди по приватни клиники, а луѓе невработени треба дури и да плаќаат за јавно здравство... Да ајде како што кажа Chosen ќе работиме земјоделие, сакам да го прашам со кои пари да се почне? Да државата дава пари за тоа, но како што секој не може да биде инженер, не може и секој да биде земјоделец. Плус тоа само за документацијата за да почнеш свој бизнис ќе те одерат од земање пари, нели за да земеш нешто што е помош од државата. И да да се плукнам во едношалтерскиот систем во Македонија, никогаш нема да проработи од нашата ни Бадентерова администрација, и нивното незадоволство што го истураат на граѓаните затоа што имале 300-500 евра плата. Ете тоа е нашиот проблем.
Дечко не се криви толку шалтерите до луѓето е ,да речеме и брат да имаш со кој треба да праиш бизнис ако нема пари нема бизнис така,
Ова со државата може да се пегла ако има превработени можат да се отпуштат и да се реши проблемот,
Или ако имаат голема плата во администрација да им се намали,
Најголемиот проблем кој неможе да се РЕШИ се глупавите политичари и ПАСИВНИОТ народ кој мисли дека ако гласа за една ГОЛЕМААААААААААААААА партија ќе добие седмица на лото и Ќе му се позлати раката.така е тоа нажалост
А за инжинери и луѓе со Високо Образование знам многу кој немаат работа па работат друго нешто се снаоѓаат и можам да кажам дека им е далеку подобро.