кој е гладен бе несреки едни..претпоставувам вие...со мобилните кафињата и бутиците...
чаршиски муабети, зла крв, неаргументирани ситења ....особено одлеандра
АЈМО ПО 100ТИ ПАТ
1. дали прокетот значеше витаминска инекција за градежниот сектор истовремено кратејки ги кириите доделени на партиски послушници
2. дали 20 милиони годишно на 2 МИЛИЈАРДИ буџет ке не задолжеа, упропастеа избришеа од картата на светот???? дали многу повеке ке се допринесе со рационализација на лични потреби од кој никој плукач не сака да се откаже???
3.дали македонија е средно задолжена земја, дали се увезоа 50.000 европски и уште толку нови возила, дали туристичките агенции бележат пораст во аранжамани, дали се покачени платите на и така џаболебраскана администрација, дали се работат проекти,дали ви се потат газињата на климите во колите и канцелариите... дали некој од вас трпи за леб??? пошто се закачени на интернет претпоставувам не.
КОЈ ви дава право, на Вас малцинството неаргументирано тралалајски ко на сред село да не тероризирате и да плукате на проекти кој имаат мнозинска подршка но пред се да плукате на ЗАЕДНИЧКИ споменици , историја и земја!!!
има ли маж аргументирано да се држи на темава и да ги оспори точка 1 2 и 3???
Јас не сум маж, сум жена. Па радо би ти одговорила на твоите комплименти „мрсулковци“
Од првата реченица па надоле:
-кој е гладен бе несреки едни..претпоставувам вие...со мобилните кафињата и бутиците...
чаршиски муабети, зла крв, неаргументирани ситења ....особено од леандра“
Факт1 и тоа од владин извор кој секако е филуван:
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30.9%.
Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47.3% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 41.8%, односно 44.8% од сите сиромашни се невработени лица.
Факт2
Активно население (I.2011) :
944216
Вработени (I.2011) :
649575
Невработени (I.2011) :
294641
Стапка на вработеност (I.2011) :
39.3 %
Стапка на невработеност (I.2011) :
31.2 %
Точка1
Значеше витаминска инекција за градежните компании. И за италијанските леарници цитат:
12,6 милиони во леарницата со истото име за лиење во бронза на девет споменици, и уште 3,4 милиони за изработка во мермер на 3 споменика во галеријата Базанти, која, според историјата на компанијата, исто така е во сопственост на семејството Маринели.
Освен овие 16 милиони кај Маринели, во Италија завршиле и дополнителни 3-те милиони за лиење на Филип Втори, или т.н. Воин, но во леарницата Гуастини.
За останатите девет споменици за кои има податоци дека се склучени договори, потрошени само околу 2,5 милиони евра. Ситните бизниси ги добила домашната РЖ Институт, која за лиење на три споменика добила 1,6 милиони евра, белградската Јеримиќ, за 5 добила околу 700.000 евра, и загребската Ујевиќ за еден споменик добила 230.000 евра.
Витаминската инекција за Бетон и Гранит значеше каснење на парите кон помалите фирми кој влегоа во проектот.Ако Бетон и Гранит можат да издржат 6 месеци без прилив (бидејќи имаат константна работа надвор еве види од нивен сајт
http://www.beton.com.mk/contabroad - mk.htm) малите неможат. Значи тој ланец на долг го почна најголемиот работодавач Владата. Конкретен пример за ланец ќе ти раскажам се плашам дека таа букова глава нема да сфати. Фирмата носи храна во болниците,здравтсво не им платило 6 месеци. Они прекинуваат да носат храна и се тужени зошто прекинале. Компанијата за достава на храна плаќа вработени,придонеси до 15ти во месецот зошто УЈП ти ја блокира сметката. Потоа плаќа за лебот на пекара која плаќа за брашното итн. Е сега овие паметниве каснат.Оној што го произведува лебот само вложува пари а прилив нема.Оп по 6 месеци нема леб,фала богу нема ни брашно. И се така натаму до компанијата која вели нема појадок во болници!
И исто така во овој бизнис,малтер,бетон,превоз,струја,вода,цигли итн.
Немало да се плаќаат кирии. За кого бе се градат зградиве? За ова лешинариве да има кај да си го ладат газот? Со милион души во администрација кирија плаќале висока? Па нека ги избркаат и така се вишок,зошто згради им градат? Кај нас на 2 милиона народ ни треба две згради и нека ги начукаат внатре. Да се потат! Згради ќе им градиме кирии ќе штедел.Ќе штедел гласови,пикаат како луди и плати на оние дома што седат. Аргументов кирии да не плаќаат ќе го кажеш дома пред твоите додека во позадина Латас ви кине ружи. Мене за кирии не ми кажувај.
Точка2
20 милиони вие ги создадовте? Имате суфицит па и вишок пари? И дваесет да се кој ги создаде? Клатовратачиве кој само го гракаат проектов? Како пицајзли само се закачувате и цицате додека има,20 милиони од 2 милијарди ќе не срушеле. Седнале цел ден си го ладат и они за нашите пари ќе кажуваат.Секој ден минат инспекции казнуваат за грешка буква кај нас,не одраа со даноци и закончиња,измислени лиценци и срања,а он 20 милини ме прашува што се.
Ќе кажуваш дека се малку кога татко ти ќе ги направи,а не на готови пари паметен да се правиш. И 5 денари да се кога ќе ми ги земат од мојата фирма ме боли и 5,а не па 20.
Скапале во вечен дефицит издаваат еврообврзници со 10% камата па и паметни се прават.Си играат луксуз.Историја сме плукале ние мрсулковци.Абе копук еден ваква историја може само во газ да си ја напикате и да виете. Сме плукале по видни личности од минатото,грешка си бе младичу,плукам по тебе и по оние кој ни ги поставија спомениците денес,плукам по простата раја која освен Латас друго не гледа. Ако ви е полесно викајте не предавници,ние ќе ве викаме копуци. Ние не плукаме по Гоце,плукаме по вас,запамети го тоа.Ти не си ни Гоце ни Даме,ти си......
Точка 3
Средно задолжена земја сме и што? Што ако сме средно? Имаме амбиции за повеќе или? Еден показател кој Латас и компанија го верглаат од кога почна проектот,еден.Наспроти БДП,наспроти невработеност,животен стандард,инвестициите на Мизо кој останаа само дупки во Бунарџик,Шише џам вложил милиони ама не кај нас туку во Бугарија и такви иронии. Средно сме па средно и што знаеш ти што сме средно задолжени? СО кои параметри се мери? Како се одразува во иднина? Знаеш ли од кој стандард е извлечен средно? Знаеш ли ти воопшто што значи средно задолжена?
Сме пушеле цигари,сме имале интернет и сме плукале. Па мајка му да ја ебам да не сакаш во пештера да живееме и со лист да се криеме? Глупо перење на прости души. Влегле 50 000 возила и што? Возило е луксуз?Само ние во мкд имаме коли? Во светот авиони имаат кај нас 50000 канти влегле.Летовање луксуз.Луксуз е и леб да јадеш.
Тој филм овде не го пуштај не сме ние деца од 5то одделение па ти да ни кажуваш дека треба да живееме како пештерски луѓе,а се останато да ни биде луксуз.
А тебе бе братучед кој ти дава право да ни го потиш на темава со „лелелле каков ни е плоштадот?“ Кај работиш ? Ти да не ги создаде париве па имаш право да ни кажуваш дека треба да блееме на плоштад? На дедо ти да не се 20 000 милиони?
И следен пат не пишувај глупости,ми се повраќа.