Јас сметам дека одењето во дом за стари лица е МНОГУ хумана работа.
И зборувам од мое лично искуство.
Мојата баба, со која бев поблиска од што сум со моите родители, како мала ме чуваше. Дојде време да остаре многу, и да почне да се разболува посериозно (имаше преживеано 4 мозочни изливи) односно, имаше склероза. На почетокот не беше многу симптоматично, со тек на време стана. Моите родители бидејќи и двајцата работат многу, не приметуваа дека нешто се случува со неа.
Но јас тогаш бев на почеток на средно. Добро ги знам фазите низ кои поминуваше. Добро знам што се случуваше. Ама на нив ништо не им кажував. Се плашев токму од тоа - дека ќе оди во дом. Како поминуваше времето баба ми стана зависна од мене буквално. Пред да одам во школо и правев појадок, и правев кафе, и ги давав таблетите. Ја научив сама да не пробува да зготви ништо, да не се бања кога е сама, да не излегува од дома сама. Добро е што и таа беше свесна за својата болест. И оставав потсетници за се и сешто. Не ручаше додека јас не се вратам од школо. Едноставно - ништо не правеше.
Но како поминуваше времето, нејзината болест стануваше се поагресивна. Почна да заборава. Почна да замислува. Мислеше дека разговара со мојот дедо кој тогаш беше починат повеќе од 20 години.
Веќе и моите сфатија што се случува. Ја носеа по лекари, доктори, по се и сешто. Но немаше лек - тоа е староста. Меѓувремено, доживуваше и преживуваше мали изливи, кои се повеќе и ја загрозуваа ситуацијата.
И немаше кој да се грижи за неа во текот на денот. Беше сосема сама, без социјални контакти. Нејзините пријателки веќе не ја посетуваа. Сестрите не и се јавуваа. Беше препуштена на мене и моите родители. Тие колку можеа излегуваа од работа да ја видат, но сепак, не работат во свои фирми и не можат кога сакаат да напуштаат работно место.
Дојдовме до фазата каде што веќе беше опасно за неа да седи сама. Решивме да оди во дом, еден во наша близина, за да има кој да се грижи за неа. Таа секако веќе не комуницираше со светот каков што е - секако немаше претстава за ништо. Само од време на време се ,,враќаше,, и прашуваше уште колку долго ќе се мачи.
Но во домот не ја примија - примале само здрави и способни да се грижат за себе старци.
Баба ми отиде на геријатрија во Ѓорче. Доби одлична цимерка, одлични доктори, одличен физиотерапевт. Секој ден по 2 пати човекот ја шеташе, правеше вежби со неа, за да го успори процесот на атрофија на мускулите.
Сите доктори беа јасни - не знаеа дали ќе живее еден ден, една недела, еден месец...Лек нема за таа состојба.
Јас ја посетував секогаш кога можев, не пропуштав на 2-3 дена да отидам после школо или пред школо. Но дојде декември, а јас заминав со другарите на славење нова година надвор од Скопје. Кога се вратив по една недела и заминав да ја видам, таа не ме препозна. Не знаеше која сум. Го праша татко ми зошто толку е остарен. Прашуваше каде е маж и, и други починати роднини. Никого не памтеше. Ништо не знаеше од минатите 15 години.
Јас толку многу плачев и тагував тогаш, не се сеќавам на друга таква тага во мојот живот. Толку неутешно, и толку очајно. Бев лута, МНОГУ лута.
Татко ми уште еднаш ме однесе кај неа и мене повторно ми се случи истото.
Од тогаш повеќе не сакаше да ме носи и практично ми забрани да одам. Јас бев мала тогаш, имав 16 години. Не можев да се инаетам со него, а и од денешен аспект сфаќам зошто го направи тоа.
Баба ми живееше уште една година и 2 месеци откако отиде во болница. Почина мирно, спиејќи. Сите доктори, физиотерапевтот, болничарите кои буквално ја хранеа, ја бањаа, ја чешлаа, разговараа долго со неа, придонесоа да биде мирна, да не се плаши, да верува дека е се во ред. Дома тоа не можевме да и го обезбедиме. Таа веруваше дека е маж и жив и дека е моментално на пат кон неа да ја види. И секој ден се будеше со истата приказна и ја раскажуваше. Понекогаш се сеќаваше дека е болна и тогаш стануваше многу раздразлива. Ако и се случеше такво нешто додека е сама дома, веројатно ќе се повредеше.
Баба ми не страдаше зошто не беше дома. Напротив. После долги 2 години седење дома без социјални контакти, сама, таа промена ја расположи. Беше меѓу луѓе слични на неа. Разговараа. Се смееа. Сите живееа во некој свој свет, за нас непознат. Ама јас ви кажувам, дека беа задоволни.
Баба ми почина на дента на мојот 17 роденден.
Многу си ја сакав. И еве сега се нажалив додека ви го пишувам ова.
Знам колку грдо звучи домот. Ама знам и колку е побезбеден за старите луѓе кои од разноразни причини не се способни да се грижат самите за себе. Една болничарка не е доволна. Негувателка. Тоа што се во таква ситуација не значи дека не им е потребна комуникација. И тоа со луѓе слични на нив.
--- надополнето: Jul 11, 2011 1:52 PM ---
Имав неподвижна баба, 40 години живееше дома, 20 години со нас. Не ја однесовме во дом.
Ја не би сакал да ме фрлат у дом ама не знам што снаи ќе ми се паднат...
Да се надополнам. Снаата во мојот случај - мајка ми, беше таа што ја пролонгираше работата. Татко ми испадна потрезвен и посвесен за ситуацијата.
--- надополнето: Jul 11, 2011 1:54 PM ---
Се надевам за оваа сума на пари се мисли на приватни домови со лиценци?
Во државни геријатрии,од искуство на моја пријателка голи ги оставаат да спијат,ги откриваат зимно време за да можат побрзо да умрат.Иако има Господ,на моја баба тоа да и се деси со јаже ќе ги задавам сите вработени таму.
Од секогаш сум била за приватни старечки домови,не гледам причина дома да им сметаме и верувам дека е по природно да се наоѓаме со наши врсници. Е сега може сум гледала амерички филмови,со паркови,со чисти соби,со редовна контрола од лекар...
п.с.Еве и јас нешто ново да научам,30 000 пензија машала.
Не знам за други геријатрии, но баба ми доби навистина добар третман. Можеби има нешто од страна што промучкал татко ми за така да ја чуваат, но јас не би можела да зборувам за тоа.
--- надополнето: Jul 11, 2011 1:54 PM ---
Ај вака размисли , додека си била бебе ти да те даеле во дом бидејќи и тие имале обврски па да почуствуваше како е тоа?:smir:
Но, кога бевме бебиња не даваа во градинки зошто не бевме способни сами да се чуваме.