Со пластична операција.
Инаку ти можеш да осудуваш до сто и една и назад, ама нема да ти вреди тоа воопшто.
Запамети добро Омер што ти вика: - Не е далеку времето каде што речиси целата машка популација ќе го применува сунетисувањето (циркумзицијата), и со тоа свесно или несвесно ќе ја потврдува големата насушност на овој исламски верски чин, како што не е далеку времето каде што сите оние кои што се гадат од Исламот и неговиот златен шеријат ќе го заговараат истиот,од проста причина што веќе се дојдени до зидот и немаат каде понатака, немаат цел во животот, скитаат како пци скитници незадоволни од многуте испробани нешта.
Драга моја, Исламот е единствената солуција за твој, мој и сечив спас.
Драг мој Омер, мојата најдобра другарка е Албанка муслиманка. Јас не се гадам од исламот. Јас не се согласувам со исламот, исто како што не се согласувам со христијанството. Во моите очи сите вие сте во заблуда.
Та едните, та другите, сте убедени дека од вас мажите санки зависи светот. Ама се лажете, и тоа гадно. Немаат каде мажите повеќе, па ќе одберат ислам? Абе ајде.
Не сакам да навлегувам во шеријатски/канонски закони, не е темата. Ама тоа што ти сметаш дека е исправно, не значи дека е. Има доктори кои те поддржуваат, има доктори кои го отфрлаат тој став. Ти ја гледаш само едната страна на паричката, како и сите верници - неспособни сте за рационално и логичко сфаќање. Но ве разбирам - немате храброст да излезете од тој ваш магичен круг. Не се сите луѓе родени со храброст да бараат свое јас - па се претопуваат со другите.
А кога сме кај пластичната операција, не е ли похумано да му дозволите да одбере сам, сака или не сака?
Јас верувам дека ќе дојде ден кога во земјите кои функционираат по демократски, а не шеријатски правила, ќе се донесе забрана за осакатување на детето по било кој основ - како што е дупчење на уши за Благоец (ако не се лажам) и сечење на пениси кај мали деца. Кој си ти да одлучуваш за телото на некој друг макар е дете? Тоа дете еден ден ќе порасне, како ќе му ја надокнадиш штетата?
Јас можеби мислам дека треба да ја дефлорирам ќерка ми кога ќе се роди, може ќе си најдам некој таков култ и ќе си бидеме религија. Но тоа нема да биде во ред, зошто би се мешала во нејзиното право да одлучува за себе. Па ајде, ако машките деца ги сецкаме, зошто да не и женските?
--- надополнето: Jul 11, 2011 10:27 PM ---
Ок де знам дека за жените е потешко. Никој не спомна жена но ок.
Па и христијаните децата ги носат таму ги вкрстуваат или како и да се вика тоа не знам....тоа го прават родителтие бидејќи сметаат дека нивната религија е вистинската..веруваат во тоа..и затоа што за нивните деца го сакаат најдоброто т.е да го покажат правилниот пат и нормално уште од мали години го учат итн. И нашите родители па и јас кога ќе бидам родител бидејќи сметам дека религијата во која што верувам е вистинската и ќе ги учам моите деца за тоа и ќе правам се што треба за да станат еден муслиман и да знаат за таа религија што повеќе..тоа е нормално..Инаку денешните деца не се плашат воопшто..поминува безболно и плус си собираат доста голема сума на пари
А грешка си околу крстувањето, иако сум против него.
При тој чин, на детето не му се отсекуваат ниту додаваат делови на телото. Го бањаат со водичка и попче му пее. Многу лесно се поништува тоа.
Ама исечен пенис не се поправа така лесно.
И во двата случаеви децата никој не ги прашува и не им остава простор да одлучат (ти учи го да биде муслиман де, и како доказ кога ќе има 18 години нека прави сунет) само што со крштевањето како што кажав, не се осакатува детето.