Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
1. Не си го учел маркс, а зборуваш дека ве учеле.

2. Не ве учеле така во школо (ако воопшто ве учеле марксизам)

3. Напиши како што треба.

4. Не коментирај нешто што не знаеш - поставувај прашања интересирај се и така ќе дознаеш

5. Ти не си толку стар како што се правиш, гарант си некое дете од 15 до кај 18 години, не повеќе, оти гледам по изразувањето воопшто не си елоквентен. Затоа фати се за книга...

6. Сфаќам сериозно оти лажеш за да докажеш или покажеш некоја вистина, не се работи за Маркс.. те читам внимателно, за се си таков...

7. Лутел се или не.. тоа е тоа... за да човек ти покаже некои работи и докаже, и ти ја растури таа твоја безполезна и безпричинска тврдоглавост, мора вака да ти се обраќа...
Ептен забега, како и да е со ова го покажа твоето право лице.
Ја мислев елоквентен ќе си останеш до крај.
 
Хахах има и со тоа они ја финансираат.
Светот припаѓа на тие 1% моментално.
Секое подржување на државата е признавање на тоа право на владеење.
Жити се, немој да коментираш нешто што нема врска со темата.
 
Ептен забега, како и да е со ова го покажа твоето право лице.
Ја мислев елоквентен ќе си останеш до крај.

Жалам што те разочарав.. мене одамна „младината“ ме разочара, се гледа дека добро ја изрибале...
 
А што има врска со темата?
Механизмите на функционирање на државата?
Се е тоа зло.
Kaжи го како сакаш, секогаш има некој позади завесата.
Moже да биде суптилно, може да биде грубо ........ дупење во здрав мозок си е дупење во здрав мозок.
--- надополнето: Jul 11, 2011 4:55 PM ---
Жалам што те разочарав.. мене одамна „младината“ ме разочара, се гледа дека добро ја изрибале...
Што правиме тогаш?
 
Ги прочитав повеќето мислења, прочитав што нуди анархизмот и дојдов до заклучок дека анархизмот е невозможен на глобално ниво. Барем не ако сакаме да се вратиме во камено доба.

Ако сакаме анархизам, тогаш нема патување во странство за кратко време, нема интернет, нема технологија, нема развој на човештвото.
Бидејќи за да го има сето тоа погоре, треба организираност пред се, лидерство, а и жестока конкуренција.
Ако сите луѓе "владеат", тогаш имаме хаос.

Денешниот напредок се должи главно на конкуренцијата, која била доста жестока во поблиското минато, а е и денес.
Војни мора да има. Одвреме на време. Ако не војни, тогаш мора да биде присутна закана. Тие се двигател на технолошкиот развој пред се. Многу технологии произлегле од армиите, без кои денешниот живот е незамислив.
Она најбитното е, тоа што мора да постои конкуренција, ако сакаме развој.

А времето на капитализмот веќе изминува и е потребен нов систем.
Она што треба да се направи како основа за иднината на човештвото (неминовно ќе се случи, бидејќи постојано низ историјата се случувало) е да се намали што е можно повеќе моќта на владетелите да манипулираат со народот (кога во даден момент таа моќ ќе ја нема, благодарение на технологијата), за да може подоцна истите да бидат под контрола на народот.
Интернетот е добра основа за почеток на тоа.
 
А кој би бил тој нов систем? Мислам дека напредокот на технологијата и информатичкиот систем нема да смени многу. Секогаш Алчноста за повеќе моќ (или пари) ќе ја раздвижуваат конкуренцијата, ќе го раздвижуваат развојот и вложувањата. Тоа е сепак само мое мислење.... не знам

Затоа поставив претходно прашање, комунизмот, реалност или утопија?
 
Ги прочитав повеќето мислења, прочитав што нуди анархизмот и дојдов до заклучок дека анархизмот е невозможен на глобално ниво. Барем не ако сакаме да се вратиме во камено доба.

Ако сакаме анархизам, тогаш нема патување во странство за кратко време, нема интернет, нема технологија, нема развој на човештвото.
Бидејќи за да го има сето тоа погоре, треба организираност пред се, лидерство, а и жестока конкуренција.
Ако сите луѓе "владеат", тогаш имаме хаос.

Убаво што си ги прочитал повеќето мислења, ама сепак не можеш да сфатиш се од читање на тема на форум. Прв доказ за тоа е што не правиш разлика помеѓу анархизам и анархија. Втор доказ дека не си сфатил што ти се нуди од ова е тоа што сметаш дека нема развој на човештвото, другар, и те како има! И не, нема да се вратиме во камено доба. Организираност не значи и лидерство. Сепак, не е се така едноставно како што изгледа. За да разбереш за што се работи, треба да прочиташ малку повеќе анархистичка литература. Ако си заинтересиран, кажи, ќе ти дадам некои линкови преку пп.
 
Ги имаш ли Кропоткин или Бакунин?
 
Прв доказ за тоа е што не правиш разлика помеѓу анархизам и анархија.

Аман бе, колку е комплицирано да направиш разлика помеѓу анархизам и анархија? Сега ти ќе ни ја објаснеш круцијалната разлика помеѓу анархизам и анархија, и сите ќе испопаѓаме на газ...

:cuc:
 
Убаво што си ги прочитал повеќето мислења, ама сепак не можеш да сфатиш се од читање на тема на форум. Прв доказ за тоа е што не правиш разлика помеѓу анархизам и анархија. Втор доказ дека не си сфатил што ти се нуди од ова е тоа што сметаш дека нема развој на човештвото, другар, и те како има! И не, нема да се вратиме во камено доба. Организираност не значи и лидерство. Сепак, не е се така едноставно како што изгледа. За да разбереш за што се работи, треба да прочиташ малку повеќе анархистичка литература. Ако си заинтересиран, кажи, ќе ти дадам некои линкови преку пп.
Како би функционирала, ајде да ја земам за пример вселенската програма во состојба на анархија. Интернационалната вселенска станица, мисиите на НАСА и ред други. Твое лично мислење...
 
Аман бе, колку е комплицирано да направиш разлика помеѓу анархизам и анархија? Сега ти ќе ни ја објаснеш круцијалната разлика помеѓу анархизам и анархија, и сите ќе испопаѓаме на газ...

:cuc:

Kolku sto juzerot koj go citirala nema aber za razlikite sto jasno se gleda od negoviot post.
Prasanjeto ti e na pogresno mesto,a ako ja pratese temata ke videse deka razlikata skoro nikoj ne ja znae...
Za paganjeto...bastum druze...:D
 
А кој би бил тој нов систем? Мислам дека напредокот на технологијата и информатичкиот систем нема да смени многу. Секогаш Алчноста за повеќе моќ (или пари) ќе ја раздвижуваат конкуренцијата, ќе го раздвижуваат развојот и вложувањата. Тоа е сепак само мое мислење.... не знам

Затоа поставив претходно прашање, комунизмот, реалност или утопија?

Комунизмот = нужна реалност?. Човештвото ќе нема избор во скора иднина. Ќе мора да научи да се однесува како некои видови инсекти пред се пчели или мравки.
Секоја единка ќе треба да научи дека одржувањето на колонијата (човештвото) е исто толку важна колку и опстанокот на самата единка, и обратното самата колонија ќе научи да го вреднува опстанокот на секоја единка подеднакво важно, независно од можностите и доприносите кои таа единка ќе може да и ги пружи на колонијата.
 
Kolku sto juzerot koj go citirala nema aber za razlikite sto jasno se gleda od negoviot post.
Prasanjeto ti e na pogresno mesto,a ako ja pratese temata ke videse deka razlikata skoro nikoj ne ja znae...

Инаку, не мислам дека отфрлањето на анархијата како општественото уредување на иднината од повеќето членови овде се должи на неразликувањето помеѓу анархија и анархизам...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom