Решив да отворам ваква тема бидејќи не сретнав на форумов (доколку има се извинувам).
Секој во нашава Македонија е сведок како се вработува несоодветен кадар како во државниот така и во приватниот сектор . Од лично искуство тврдам дека ни 50% од вработените не го работат тоа за што завршиле.
Пример1: Oдам во маркет за бела техника и дечкото што продаваше го прашувам колку е моќноста на оваа машина и он ми одговара 220V (волти) (уствари тој ми кажува на колку волти работи машината а не колку изнесува моќноста).
Пример2: Се јавувам во Кабелски-интернет оператор и на операторот му кажувам дека сакам да поставам рутер и да ми ја внеси новата MAC адреса за истото да ми функционира, истиот оператор ме прашува што е тоа МАC адреса ЛОЛ.
Пример3: Mи стигнува фактура за мобилен јас пресметувам дека имам поголем износ од одзбореното и дека се работи за грешка, се јавив во т-мобиле и ми кажаа да дојдам во нивниот продажен салон. отидов кажав за што сум дојден ме прими една девојка и објаснив а таа упорно не можеше да свати односно не знаеше да собере, јас изреволтиран ја прашувам извини девојче што имаш завршено она одговара: факултет за туризам , а зашто? .
Jас мислам краен момент е да се стави некој ред во државава: продавачот во маркет за бела техника да има средно електротехничко или машинско , интернет операторот да биде информатичар, готвачот да биде со угостителско, секретарката со средно економско и т.н, бидејќи купувачот е оштетениот кој го троши драгоценото време добива погрешни информации и нервоза.
Ме интересира како да се реши ова , дали треба да остане на моралот и желбата на работодавачот да вработува несоодветен кадар (затоа што му е блиска роднина или дека секретарката е по секси од останатите) или пак треба да се погрижи државата да воспостави ред?