Балканот ни се чуди: празни џепови = полни стомаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
on.net.mk_363421.jpg


Македонците имаат плата од 333 евра кои им се сосема доволно за да ја наполнат потрошувачката кошничка тешка 200 евра и притоа да им остане и за други трошоци. Такво нешто можат да сонуваат во Хрватска, Србија и Црна Гора на чии гражани месечно им недостасуваат 18 односно 38 посто од просечната плата за оснивните намирници, пишува Слободна Далмација, толкувајќи ги резултатите од истражувањето спроведено од белградски Прес.
Во табелите ги нема Словенија која има методологија за формирање потрошувачка корпа неспоредлива со другите земји од поранешна Југославија и Босна и Херцеговина која едноставно, не пресметува ништо.
Храната е најзначајна ставка во оваа категорија. Во Хрватска таа одзема дури 40 проценти од вкупната потрошувачка а остатокот оди за домување, хигиена, превоз и сл.
Хрватските експерти кои ги консултирал весникот наведуваат дека земјоделството во Македонија има поголем удел во бруто домашниот производ од Хрватска а некои од нив сметаат дека добриот потрошувачки биланс на Македонците се должи и на заостанатиот банкарски сектор кој не ни овозможува повеќе да трошиме.
 
Верувам дека знаеш што содржи потрошувачката кошничка кај нас а што во Србија, Црна Гора и Хрватска?
За жал како и секое несериозно новинарство Слободна Далмација ги зела официјалните податоци (кои се достапни) од наброените држави а воопшто не ни проверила колку тие се разликуваат меѓу себе по содржината.
 
хххахахаххаа

Ова е виц така?
200 евра потрошувачка кошница за што?
1 литар јогурт месечно и 10 тоалетни?

Ужас
 
Верувам дека знаеш што содржи потрошувачката кошничка кај нас а што во Србија, Црна Гора и Хрватска?
За жал како и секое несериозно новинарство Слободна Далмација ги зела официјалните податоци (кои се достапни) од наброените држави а воопшто не ни проверила колку тие се разликуваат меѓу себе по содржината.

мислам дека кај нас е леб и сол а во србија и хрватска кулен месо и пастрмки:vozbud:

дајте посериозно...темава е 2000 евра не се 2000 евра во швицарска...односно стандардот не се мери во апсолутна вредност на примања
 
Од некоја подалечна вукојебина да даеше вест ,можеби поточно ќе ја проценеја состојбата.
Потрошувачкава кошница за 1 члено семејство да не е случајно , пошо едино така ќе има смисла.
 
мислам дека кај нас е леб и сол а во србија и хрватска кулен месо и пастрмки:vozbud:

дајте посериозно...темава е 2000 евра не се 2000 евра во швицарска...односно стандардот не се мери во апсолутна вредност на примања

Ти си сериозен?
Па во Хрватска, Србија и Црна Гора покрај храната во кошницата се сметаат и трошоци за превоз, хигиена, облека, образование, култура и кирии... кај нас е само храна.

Нереална кошница
Српското и македонското млеко и јогурт

Од текстот на СД:
Upravo je hrana najznačajnija stavka u mjesečnoj potrošnji – u Hrvatskoj, primjerice, odnese 40 posto kompletne košarice, a preostalim se pokrivaju i stanovanje, higijena, odijevanje, prijevoz...

Бапни му уште 60 посто... па ќе видиш колку ни се полни стомаците.

П.С. Мразам лаичко и непрофесионално новинарство... па после ќе имаме искривена слика за состојбите... ќе имаме.
--- надополнето: Jul 10, 2011 10:08 PM ---
Е сега ако сметаме од ракав... бидејќи фалат уште 60'% од кошничката (за облека, образование, хигиена, кирија...), значи компаративната македонска потрошувачка корпа би изнесувала 500 евра или во споредба со просечната плата тоа би било покриеност од 66% што не става само малку над Србија и Црна Гора, а далеку зад Хрватска.
А бидејќи храната во нашата потрошувачка корпичка е скромна и нереална (ние имаме 10 србите 17 кила овошје, ние 11 србите 30 литри млеко, ние со 3,5 литри јогурт србите со 11...) реалната споредба на кошничките на овие четири земји нас ќе не стави на убедливо последното место.
 
ма не тоа ти е само оптичка илузија...
што ќе ти се на тебе 11 литри јогурт на пример?
Можеш само со леб и сло да живееш
 
кој ли им плаќа да објавуваат вакви фејк работи ...
 
Лажи лажи лажи ме, ти то знаш најбоље....
 
Еве ги и официјалните податоци:
Статистика веќе престана да го користи овој метод за пресметка на потрошувачка кошница:

„Почнувајќи од 2011 година, Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според досегашните критериуми со цел да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на нашиот статистички систем со оној на земјите од ЕУ. За таа цел, Државниот завод за статистика во 2010 година за првпат ја спроведе Анкетата за приходи и услови за живеење, која во целост е хармонизирана според препораките на Еуростат. Оваа Анкета, меѓу другото, ќе биде и извор за пресметка на меѓународно споредливи податоци за животниот стандард во Република Македонија.“
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=42

Потрошувачката кошничка на Црна Гора официјални податоци:
Хрватска потрошувачка кошничка неофицијално:
Српската потрошувачка кошница неофицијално:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom