Балканот ни се чуди: празни џепови = полни стомаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување
како прво просечна плата не е 333 евра туку е под 250 евра а има и многу кој живеат со многу помалку од тоа, како на пример во сите продавници продавачите не добиваат повеќе од 10.000 денари плата (а сте приметиле дека сега ги има премногу) со која неможат да се исплатат сите трошоци а посебно не ако се издржуваат повеќе лица во заедницата (кое што е и случај во поголемиот процент од семејствата во македонија), туку многу тешко се наоѓа асална работа која ќе те снабдува со барем просечна плата...
 
4 Члено семејство да обезбедиш со 200 евра треба да си..незнам што да јадеш леб и паштета 2 пати на ден, под 500 евра реално една кошница не може да е..
 
201.gif

201.gif

201.gif


Оф леле...
 
Потрошувачка кошница...да се смее човек...здраво е. Факт е дека одувек сме биле балкански лидери и најјаки, ништо ново, сите ни завидуваат...ама ние не сме свесни. Дефинитивно полни се кафаните, добро е.
 
Вака кога ќе ме насмеете по сабајле, да ми тргне денов бар на смеа..:pos:
 
Ова како муабетот, се ни е супер ама ние уште не знаеме за тоа .. :))
 
лоши беа визиве, не заворија и не затупеа...слушам кафето во загреб било евро а становите оделе по 300 евра квадрат;)

чекам бројки за српско-хрватската потрошувачка кошница
 
лоши беа визиве, не заворија и не затупеа...слушам кафето во загреб било евро а становите оделе по 300 евра квадрат;)

чекам бројки за српско-хрватската потрошувачка кошница
Јас за Чехословачката.
@HornySensei просечната плата е толку ~330 евра ама дистрибуцијата на плати кај населението е проблемот. Медијаната би ја покажала вредноста на платите кај мнозинството.
 
Бетер од бубашваби сме, буквално се издржуваме, па и со најминимални средства на крај на месец да излеземе. Тоа е Македонецот, никогаш не се предава :D и колку и да го дупиш, пак ќе си трае...ова е баш ко оној муабетон кога седат двајца и едниот му се жали на другиот како не му стига платата од 20 000 за курташачење, а другиов му враќа "јас пријателе со социјално сум" :LOL:
 
on.net.mk_363421.jpg


Македонците имаат плата од 333 евра кои им се сосема доволно за да ја наполнат потрошувачката кошничка тешка 200 евра и притоа да им остане и за други трошоци. Такво нешто можат да сонуваат во Хрватска, Србија и Црна Гора на чии гражани месечно им недостасуваат 18 односно 38 посто од просечната плата за оснивните намирници, пишува Слободна Далмација, толкувајќи ги резултатите од истражувањето спроведено од белградски Прес.
Во табелите ги нема Словенија која има методологија за формирање потрошувачка корпа неспоредлива со другите земји од поранешна Југославија и Босна и Херцеговина која едноставно, не пресметува ништо.
Храната е најзначајна ставка во оваа категорија. Во Хрватска таа одзема дури 40 проценти од вкупната потрошувачка а остатокот оди за домување, хигиена, превоз и сл.
Хрватските експерти кои ги консултирал весникот наведуваат дека земјоделството во Македонија има поголем удел во бруто домашниот производ од Хрватска а некои од нив сметаат дека добриот потрошувачки биланс на Македонците се должи и на заостанатиот банкарски сектор кој не ни овозможува повеќе да трошиме.
ОД СИТЕЛ твојата омилена телевизија

Просечно семејство може да преживее со барем 500 евра

24.02.2011 - 19:45 |

На четиричлено семејство му требаат барем 500 евра за да го преживее месецот. Новата потрошувачка кошничка ја пресметаа синдикалците. Освен храната, за разлика од државната статистика, тие во кошничката ги ставија и останатите потреби.

koosssmmm_47404.jpg
Пресметките одат вака: минимално за храна четворица трошат 12.000 денари, или толку колку што мери и Заводот за статистика. Но, во синдикалната кошничка влегува и домувањето кое чини 9.000 денари месечно.
Синдикалците пресметале дека половина од овие пари одат за сметки, а половина за одржување на домот. 2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена, за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари, а 500 денари за здравствени услуги.
Овие 500 евра се минимална потребна сума на четиричлено семејство кое живее во стан не поголем од 50 квадрати и нема автомобил.
- Мерејќи ја просечната нето плата и оваа потрошувачка кошница ќе видиме дека платата покрива само 70% од кошничката. Тоа значи дека се потребни уште 30% за да се задоволат потребите пресметани од наша страна - изјави Живко Митрески, претседател на ССМ.
Според пресметките на ССМ само 2% од вработените во државава можат од плата да си ги задоволат минималните потреби. Толку од вработените имаат плата над 30.000 денари. 9% пак се заработуваат меѓу 20.000 и 30.000 денари. Заради ова синдикатите веќе најавија дека ќе бараат законска можност платите да растат согласно порастот на животните трошоци.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prosechno-semejstvo-moze-da-prezivee-so-barem-500-evra
А што има во потрошувачката кошница :


Месечните издатоци за основните десет производи од прехранбената кошница во јуни годинава, во однос на јуни минатата година, се зголемени во просек за 500 денари, пресметано за килограм од тие производи. Реалната слика за процентот на поскапување на храната и на пијалаците кои месечно ги троши едно четиричлено семејство покажува дека месечно се трошат по неколку килограми од овие десет производи, што значи екстра-трошоците за храна годинава се многу поголеми од минатата година.

На тоа треба да се додаде фактот дека потрошувачката кошница не се состои само до десет производи, туку многу повеќе, статистиката брои 63, кои на крајот ја даваат горе-долу вистинската математика за потребите на едно семејство која, пак, излегува од рамките на статистичките пресметки на трошоците.

Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.

Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.

„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.

Ова на некој начин го поништува податокот дека со издвојување средства за просечната потрошувачка кошница од една просечна плата на семејството му остануваат вишок средства во висина од 3.395 денари овој јуни или 3.837 денари минатиот јуни. Овој вишок практично е стопен од честите поскапувања на храната и екстра-трошоците што треба да се издвојуваат за парно, струја и за други комуналии, па на крај излегува дека просечната плата е премала за се' друго, освен за неопходната храна.

40E98DB2E8508E4495ADA81A6D6985A6.jpg
Поскапувањата на храната различно се одразуваат врз различна категорија граѓани. Не е исто зголемувањето на цените на храната за оние што земаат, на пример, 20.000 денари плата и за оние што земаат 8.000 денари плата, кои се наоѓаат на егзистенцијален раб, велат социолозите.

Со ваквите движења на примањата и издатоците за храна, Македонија спаѓа во редот на земји каде што сиромаштијата зема замав, со оглед на тоа дека трошоците за храна се индикатор за мерење на оваа појава. Растечките цени на храната се закануваат уште повеќе да го оптоварат семејниот буџет на граѓаните.

Рекордно зголемување на цената на храната во последните десет години е забележано и во Европа. Според Европската агенција за статистика „Еуростат“, тешката финансиска криза на светскиот пазар и високите цени на нафтата се причина за „неподнослива инфлација“ во некои земји од Источна Европа, каде што одделни продукти поскапеле и за 86 проценти.

Она што е страшно е тоа што меѓу поскапите производи се и оние најнеопходните, леб, млеко, сирење, јајца, овошје и зеленчук. За помалку од една година цената на храната во Бугарија е зголемена за повеќе од 25 отсто, во Литванија за 22 процента, во Унгарија 14, во Романија и во Словенија 12 отсто и 10 проценти во Чешка.

Излез од ваквата ситуација, според домашните експерти, е зголемување на производството на храна, со цел да се амортизира ударот врз потрошувачите. Проблемот со недостиг од храна е од светски размери, кој уште посилно се рефлектира врз Македонија, каде што за купување храна и пијалаци едно македонско семејство издвојува околу 80 отсто од просечната плата. Тоа е далеку над просекот во ЕУ, каде што средствата што се даваат за храна се движат во рамките од 10 до 20 отсто од просекот на примањата.


Анализата на европските истражувања покажува дека Македонците плаќаат поскапи производи отколку жители на земји-членки на ЕУ. Германците, на пример, ја полнат месечната потрошувачка кошничка за 160 евра, а граѓаните во земјава за основните продукти за живот треба да платат 200 евра. Грчкиот весник „Та неа“ неодамна објави дека потрошувачката кошница со 86 производи ги чини Грците 215,7 евра и потенцираше дека жителите на Грција купуваат за 168 отсто поскапи производи во споредба со Германците или со Холанѓаните, што земјата ја прави европски лидер според скапотијата. Според грчко истражување, килограм кисело млеко во Берлин чини 0,93 евра, во Атина 2,49 евра, а кај нас од 0,5 до две евра. Шише газиран пијалак Грците ги чини 0,74 евра, Германците 0,39 евра, а Македонците 0,73 евра. Европските аналитичари сметаат дека во последните две години најмногу поскапеле прехранбените и млечните производи, маслото и нафтата, што важи и за нашата земја.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AB2CDFB521C1FF4E8919F98C0178F86C

http://forum.kajgana.com/threads/Што-има-во-потрошувачката-кошничка.43286/

Ах бре едвај чекам Илија да те отпуштат , не можам темиве и глупостите да ти ги читам

ЧАО пријатно
 
Владата потроши 200 милиони евра на земјоделски субвенции а цените отидоа на храната погоре. Давајте им на земјоделците пак. Во индустрија во која има инвестирање мора да има пад на цената и повисока конкурентоност.
 
Владата потроши 200 милиони евра на земјоделски субвенции а цените отидоа на храната погоре. Давајте им на земјоделците пак.
смешна споредба знаеш дека цените отидоа нагоре пак глобално и дека земјоделските производи овде head over fist се купуваа од грчки закупници. Проблемот со македонското земјоделство е непланско сеење и ред други тракатанци, да не се споменува дека тие што добија субвенции мораа да имаат специјални карактеристики и да се пријавени даночни обврзници . Грујо поштено им го начука првин им ги зеде парите виа данок после им ги даде наводно на поклон под име субвенција.

А ти држи дајле либетаријански проповеди во името на маркетот - бог...
 
Владата потроши 200 милиони евра на земјоделски субвенции а цените отидоа на храната погоре. Давајте им на земјоделците пак.
хаха, сега Стефус ќе видиш реприза на -земи сади па да видиш колку е лесно- за земјоделието :)

Стварно некои производи не поефтинуваат, иако веќе требаше од нивското и масовно производство цена да им падне. Че поцркамо бреј, без витамини и протеини. Да не извезуваат?
 
Дефинитивно земјоделциве не се нормални, и не само земјоделциве цела прехрамбена индустрија пошандрцале. јебеш му матер не иди подалеку од житниве култури Јачменот пошто се ожнеа сакаат цена од 16 денари а до пред жетва беше 17 :) ај лани немаше јачмен башка забранет увоз ајде летна цената ама сега бе брате има колку сакаш жито и овие болниве бараат по 16 денари на жетва па кој ноирмален ке ти даде за јачмен 16 денари кој што ке калира и ке ти се фати 22 денари уствари кој ги ебе нека си го чуваат житото ке увеземе од србија по 7 денари со се транспорт :)
 
Проблемот е што Македонија е увозно ориентирана држава и сите пари што ги заработуваме ги заработуваме во домашното стопанство да не ги спомнувам оние даноци и казни кои се на товар на граѓаните .

Ајде вака да резимираме,

1)кое чоколадо сте го купиле а да не е со потекло од еу,

2)кое млеко го пиете македонското или она од регионот.

3)во вашата потрошувачка кошничка кој процент на македонски производи го имате

4)на што плаќате најмногу сметки секој месец и дали тие фирми се со странски капитал,

5)на кого повеќе му давате работа на македонскиот или странскиот капитал,

6)Зошто во Македонија нема работа или има ама нема за секого кој не е подобен

7)Зошто земјоделците немаат добар пласман ,заради квалитет или квантитет

решението е многу болно и едноставно...

Овој проблем го имаат сите мали држави на Балканот и решението е Балканска унија меѓу државите за спас на Економијата не само во Македонија целиот Балкан.

Платите се пропорционални на работата обртот на пари во Економијата значи оние пари шо ги заработувате да речеме во Словенија пример 700 евра се исти со парите шо ги заработувате тука 300 евра.

Значи се е исто само Југославија ја нема пазарот е мал а куповната моќ е слаба.

Не верувам дека можеме да се ориентираме на надворешен извоз затоа што немаме што да понудиме ,

А она дека кафаните се полни е точно ама каков промет прават е друга работа за две флаши пиво и безделничење по цел ден па сега видете каква економија имаме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom