Ги кријам емоциите најчесто. Не ми треба некоја Х особа да ми ја гледа намуртена фацава. Кога излегувам ги оставам проблемите кај што им е местото.
Сега нормално, тие најблиските ќе ме прашаат "што е проблемот"? Некогаш ќе се позезам и ќе им речам - "Абе Фифа изгубив".... Не мора никој да знае за мојата емотивна состојба.
Јебига, животот е суров. Некогаш и лажната насмевка помага за повторно исправање. Не велам да не ги криете емоциите... Зависи какви емоции?
Кога сте среќни раскажете ако можете, ама тоа направете го во граници.
Ако сте тажни... Никој нема да ве ферма, а секој ќе го искористи тоа порано или подоцна против вас. Ова важи за тие личности за кои не сте сигурни дека цврсто се заколнати во лојалноста, но ако не им кажеме на најблиските, на тие што ги чувствуваме и ни се најблиски, правиме голем проблем.
Ако не нив, тогаш кому?
Кога станува збор за љубов, тогаш слободно кажете. Можеби и тоа ќе биде искористено против нас исто. Но тоа не треба да биде пречка за нашата затвореност.
Ги кријам емоциите, ама најдобро е што некогаш и ги контролирам. Велам "некогаш", затоа што некои се пресилни за да ги чуваме во нас. Но кога пред мене е некоја обврска, себеси се оставам пред вратата во која сум влегол за стопроцентно да се концентрирам во тоа што го работам.
Затоа што овој свет е сепак...