Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Бре ама си им се сипал на протестантиве,поише од атеистите:D
И не Бил Гејтс не го почнал бизнисот во гаража,али во соба(подрум) ја основал идејата за бизнисот.
А зарем не прошол миљарда фирми ко MITS за да им ја претстави идејата?

Smexy,

па чак и ја го иам глеано то документарецот за Бил и не верувам речиси во ништо од прикажаното....:)
А то што Бил „као„ почнал не „во гаражата„, туку „во подрумот„, не менува ништо битно. Исконструраните прикаски дека Бил правел „ова и она„ дур бил недовршен студент и пред да се офајди, тоа се прикаски за мали деца, демек, „...луѓе, еве видете што све треба да „поминете„ за да станете парајлии...„.

Реалноста е битно поинаква.

Еве, и ја иам еден куп идеи од мојата професија, ама не станав богат...Оти нема кој да ме поддржи финансиски и да ме внесе „во шема„.
 
1. А дали Робин Худ, кој крадеше од богатите и им раздаваше на сирмошаните, правеше добро?дело Не, затоа што не можам со сторен грев (крадењето...) да направам добро дело, колку и да „звучи „ таа моја намера како „добра„. Со крадењето, ја погазувам волјата Божја, далеку од тоа дека чинам добро дело...

2. Ќе барам друг начи, а не да очекувам пари од некој самоповикан филантроп, зад кој се крие мизантропот, старата змија.

1. Повторно суштинско разидување на прашањето и одговорот. Ама ајде ќе одиме според твојот одговор. Да РОбин Худ направи ДОБРО ДЕЛО за сиромашните и тие го величеа. Робин Худ направи ЛОШО ДЕЛО за богатите и тие не го сакаа. И сега што? Стави се на местото на некој од сиромашните. Требало да го одбијат Робин Худ и да продолжат да трпат тиранија?

ТОкму во овој пример е и сржта на нашава дискусија. Не дискутираме од гледна точка на Робин Худ, туку од гледна точка на сиромавите во твојот пример. Грешат ли тие?????

2. Ова не би се впуштал во дискусија. Лаконски одговор од позади монитор.
--- надополнето: Jul 8, 2011 12:01 PM ---
Во хуманитарните цели се исто добредојдени и делотворни како и парите донирани од протестантските верници и секои други луѓе. Пари си се пари. Колкав процент од тие пари завршуваат на вистинско место, тоа не знаеме, но сепак, како што кажа, тоа е за поздравување.

Има една поговорка која вели: Хуманоста се мери не по тоа колку даваш од џебот, туку колку задржуваш во него. Илустрација:

„ И седна (Исус) спроти ковчежето за прилози и гледаше како народот пушта пари во ковчежето; и мнозина богати пуштаа многу. И дојде една бедна вдовица и пушти внатре две лепти, односно еден кодрант. Тогаш ги повика Своите ученици и им рече: „Вистина ви велам, дека беднава вдовица даде повеќе од сите, кои пуштаа во ковчежето.“ (Ев. Марко 12:41-43, Библијата)

Ок Чорбаџија. Тоа е тоа. Болдираното длабоко во себе го крие одговорот дека нема разлика во размислувањата за подобро утре и подобра иднина на човечкиот род, помеѓу верник и атеист, различна е само интерпретацијата на нештата кои сакаме да ги прикажеме.
И верникот и атеистот ќе се завршат работа со донираните пари од Бил Гејтс ама едниот ќе го интерпретира тоа како фала му на Бил Гејтс што ми помогна и ми даде пари, а другиот ќе каже фала му на БОГА што го натера и овој безбожник да напраи добро дело:)

Кругот е интересна геометриска фигура каде 0 и 360 степени се едно те исто, а се напишани различно:)
 
1. Повторно суштинско разидување на прашањето и одговорот. Ама ајде ќе одиме според твојот одговор. Да РОбин Худ направи ДОБРО ДЕЛО за сиромашните и тие го величеа. Робин Худ направи ЛОШО ДЕЛО за богатите и тие не го сакаа. И сега што? Стави се на местото на некој од сиромашните. Требало да го одбијат Робин Худ и да продолжат да трпат тиранија?
.

Робин Худ (независно што е легендарен лик...) стори ЛОШО дело кон Бога, оти крадеше, а краденото им го даваше на сиромашните, кои беа среќни ради тоа крадење, но не значи дека и Бог би бил среќен, кога Робин ја кршел Божјата заповед за забрана на крадењето. Така, тоа што според луѓето нешто е добро, тоа за Бог е лошо...
 
Не реков дека нема да бидат делотворни, туку ќе бидат неблагословени, со тешко предвидливи последици...

Аха ок значи неделотворно е 100% неуспешно, а неблагословено ако е - тогаш не му ја знаеме делотворноста дали ќе биде или не во нечија корист?

Вака некако ли доаѓа разликата помеѓу неделотворност и неблагословеност?
--- надополнето: Jul 8, 2011 12:08 PM ---
Робин Худ (независно што е легендарен лик...) стори ЛОШО дело кон Бога, оти крадеше, а краденото им го даваше на сиромашните, кои беа среќни ради тоа крадење, но не значи дека и Бог би бил среќен, кога Робин ја кршел Божјата заповед за забрана на крадењето. Така, тоа што според луѓето нешто е добро, тоа за Бог е лошо...

Ех пак истото:) Ајде пак, не го судиме РОбин и не гледаме од негова гледна точка, гледаме од аспект на сиромавите во примерот:)
Робин Худ си напраил грев и ќе си плаќа за него. Ама откако украл нпраил добро дело ги дал на сиромавите и се искупил некако. КАДЕ Е ГРЕВОТ НА СИРОМАВИТЕ КОИ НАЕДНАШ СИ ДОБИЛЕ ДОНАЦИЈА!!!!
 
Робин Худ (независно што е легендарен лик...) стори ЛОШО дело кон Бога, оти крадеше, а краденото им го даваше на сиромашните, кои беа среќни ради тоа крадење, но не значи дека и Бог би бил среќен, кога Робин ја кршел Божјата заповед за забрана на крадењето. Така, тоа што според луѓето нешто е добро, тоа за Бог е лошо...
Така е Мики. Крадењето од богатите е лошо. Делењето на украденото на сиромашните е исто лошо. Безрезервна послушност на робот кон господарот е добро, така стои во писмото.

Мене навистина ми е жал што нема пекол. Како ти ќе се крчкаше во огненото езеро до крајот на вечноста, милина да му е на човек да гледа...
 
А то што Бил „као„ почнал не „во гаражата„, туку „во подрумот„, не менува ништо битно. Исконструраните прикаски дека Бил правел „ова и она„ дур бил недовршен студент и пред да се офајди, тоа се прикаски за мали деца, демек, „...луѓе, еве видете што све треба да „поминете„ за да станете парајлии...„.

Реалноста е битно поинаква.
Значи без два грама мозок си, жими све...
 
КАДЕ Е ГРЕВОТ НА СИРОМАВИТЕ КОИ НАЕДНАШ СИ ДОБИЛЕ ДОНАЦИЈА!!!!

Тоа е исто како да кажеш/прашаш: како згрешија Адам и Ева, кога лукавиот им понуди да бидат бесмртни? Ај еве Ти, одговори ми.
--- надополнето: Jul 8, 2011 1:31 PM ---
Значи без два грама мозок си, жими све...

Ето, и ја го мисла истово за Тебе, и сега, кој е во право, Ти или ја? :confused:
 
Тоа е исто како да кажеш/прашаш: како згрешија Адам и Ева, кога лукавиот им понуди да бидат бесмртни? Ај еве Ти, одговори ми.

Доколку мислиш на моментот кога го пробале забранетото овошје тогаш одговорот е НЕ ЗГРЕШИЛЕ. Или уште повеќе самиот Бог се поиграл со нив и на некој начин ги наместил, знаејќи дека едно новосоздадено кревко суштество нема да му одолее на лагите од Лукавиот.

Зошто Бог имал потреба да ја тестира својата креација, а ако тестот е неуспешен казната да биде страшна???

Јас на моето дете не му правам такви тестови а уште помалку ќе му наменам страшна казна ако не помине некој мој тест направен од некои си хирови мои? Исто така нема да го тестирам моето дете во услови каде што знам дека нема шанси да го помине тестот, а Бог го сторил тоа - попластично би одело д аму кажеш на 4 годишно дете да не јаде од отворената чоколада на масата, а ако случајно изеде ќе го дадеш за казна у дом на пример?

Виситнското прашање е: ЗОШТО БОГ НА СВОИТЕ ДЕЦА ИМ ПОСТАВИЛ ТАКОВ ТЕСТ?

И Уште повеќе - ЗОШТО БОГ ГО ОСТАВИЛ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ НЕЗАШТИТЕНО ВО ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА?
[/quote]
 
Јас на моето дете не му правам такви тестови а уште помалку ќе му наменам страшна казна ако не помине некој мој тест направен од некои си хирови мои?

Виситнското прашање е: ЗОШТО БОГ НА СВОИТЕ ДЕЦА ИМ ПОСТАВИЛ ТАКОВ ТЕСТ?

И Уште повеќе - ЗОШТО БОГ ГО ОСТАВИЛ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ НЕЗАШТИТЕНО ВО ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА?
Плус, како семоќен и надвор од времето, тој ЗНАЕЛ дека се ќе се случи така како што се случи.

Невиден садизам, од епохални размери...
 
Ето, и ја го мисла истово за Тебе, и сега, кој е во право, Ти или ја? :confused:

Абе, ти сигурно не си у право... пошто ти не размишљаш, нели. Погрешно било.

Од друга страна, грамажата на твојот мозок јас ја дознав од форумскиве колеги. Ако они лажат - лажам и ја.
--- надополнето: Jul 8, 2011 1:46 PM ---
Доколку мислиш на моментот кога го пробале забранетото овошје тогаш одговорот е НЕ ЗГРЕШИЛЕ. Или уште повеќе самиот Бог се поиграл со нив и на некој начин ги наместил, знаејќи дека едно новосоздадено кревко суштество нема да му одолее на лагите од Лукавиот.

Зошто Бог имал потреба да ја тестира својата креација, а ако тестот е неуспешен казната да биде страшна???

Јас на моето дете не му правам такви тестови а уште помалку ќе му наменам страшна казна ако не помине некој мој тест направен од некои си хирови мои? Исто така нема да го тестирам моето дете во услови каде што знам дека нема шанси да го помине тестот, а Бог го сторил тоа - попластично би одело д аму кажеш на 4 годишно дете да не јаде од отворената чоколада на масата, а ако случајно изеде ќе го дадеш за казна у дом на пример?

Виситнското прашање е: ЗОШТО БОГ НА СВОИТЕ ДЕЦА ИМ ПОСТАВИЛ ТАКОВ ТЕСТ?

И Уште повеќе - ЗОШТО БОГ ГО ОСТАВИЛ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ НЕЗАШТИТЕНО ВО ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА?
[/quote]
Да можев, трипути ќе ти кликнев лајк.
 
Плус, како семоќен и надвор од времето, тој ЗНАЕЛ дека се ќе се случи така како што се случи.

Невиден садизам, од епохални размери...

Ајде ќе кажеме дека сакал да ја тестира слободната воља на својата креација и колку послушно би се однесувала во иднина истата. Ама и тоа повторно не доведува до сознанието дека не сме создадени заради љубов , туку или од досада или за нечии потреби.

И зашто Адами и Ева на пример по грешката не ги терминирал едноставно и да створи други двајца со некои подобрени карактеристики. И уште повеќе зашто ХРИСТОС МОРАЛ ДА БИДЕ ОД ЧОВЕЧКА ЕДИНКА РОДЕН?
 
И уште повеќе зашто ХРИСТОС МОРАЛ ДА БИДЕ ОД ЧОВЕЧКА ЕДИНКА РОДЕН?

Може сконтал Јахве дека не го бива за мајстор, па си вика „Да пробам со Марија, шо! Може боље ќе искочи!“

Може осамен бил... може не планирал трудна да остане, може... свашта може да е у игра.
 
Ајде ќе кажеме дека сакал да ја тестира слободната воља на својата креација и колку послушно би се однесувала во иднина истата. Ама и тоа повторно не доведува до сознанието дека не сме создадени заради љубов , туку или од досада или за нечии потреби.

И зашто Адами и Ева на пример по грешката не ги терминирал едноставно и да створи други двајца со некои подобрени карактеристики. И уште повеќе зашто ХРИСТОС МОРАЛ ДА БИДЕ ОД ЧОВЕЧКА ЕДИНКА РОДЕН?
Не може да тестира, кога е семоќен, па однапред ги знае резултатите од тестот...
 
Ако они лажат - лажам и ја.
.

То шо се лажеш сам себе, упатувајќи ми погрдни зборој, то е Твој проблем. Уште поголем проблем е то шо и другите на форумов ги лажеш за мојата дебилност, па така , Ти се собираат два грева: „еден„ е Твојот кон себе си, а „другиот„ е Твојот, упатен кон форумџииве.

Таа грешка, по принципот “дупло голо, ја практикува и ѓаволот. тој се лаже сам себе, а ги лаже и другите, говорејќи им/лажејќи ги за себе.
 
лелеморимајко!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom