Ау дете, полека со тоа апчињата за слабеење. Многу лоша работа се и колку што знам многу лошо реагира организмот на нив. А и фала богу се што е неприродно не е добро. Ти со сила ги симнуваш килограмите...се труеш со апчињата. Само треба да бидеш трпелив и упорен... Вози точак, почни трчај, вежбај ако не во теретана барем дома...на нет има многу страни за вежби за слабеење и зацврстување. Само верувај во себе и ќе успееш до септември. Затоа што и психата многу делува врз слабеењето.
Јади повеќе пати на ден, помали оброци, многу течности...овошје, зеленчук за да не ослабнеш крвна слика, имунитет. Исфрли ги благите работи, грицки, газирани сокови и густи.
Ти ако се изгладнуваш, организмот се празни и затоа слабееш многу брзо. Но на првото кога ќе почнеш нормално да јадеш килограмите ќе се вратат, затоа јади повеќе пати на ден во помали количини.