Kaiser
Hidden Fortress
- Член од
- 6 мај 2011
- Мислења
- 3.202
- Поени од реакции
- 2.443
Ќе ги опфатам болдираните делови .Токму ваквото во многу свои елементи вистинито објаснување за тоа какви се боговите низ историјата во суштина ја подгрева несуштинската разлика помеѓу атеизмот и теизмот.
Цело време предмет на дискусија стануваат Богови (и нивната улога во одреден период од човековата историја) кои никој не ги видел како изгледаат, нема пишан документ дека постоеле надвор од фикцијата на луѓето.
Од друга страна го имаме Исус како човек кој чекорел на Земјава пред 2 000 години има сведоштва, има и сведоштва за неговото учење (кое е блиско до утопистичкиот комунизам).
Доколку дискусијата меѓу верниците и оние кои го негираат постоењето на Бог (а со самото тоа и фактот дека Исус е Божји син) се сведе на тоа дали, како и колку е корисно и се спроведува Христовото учење, тогаш ќе се надминат многу беспредметни и дијаметрално спротивни мислења.
Секој верник живее и се стреми да го следи Христовото учење втемелено на 10 те божји заповеди и љубовта како најсилна позната позитивна енергија. Доколку покаже дека повеќе го практикува сето тоа од атеистот ја завршил работата.
И Атеистот живее по истите принципи и се стреми да го следи Христовото учење.
Разликата е во тоа што Верникот смета дека придобивките ќе следат после божјата казна наречена смрт, а атеистите сметаат дека придобивките од таквиот начин на живот се во рамкте на смртниот век на секоја единка.
Како неутрален посматрач на дискусијава затоа што сум помеѓу двата „огна“ на монотеизмот и атеизмот ќе кажам дека за мене нема разлика помеѓу Боговите и Исус, и во двата случаја имаме верба на оние кои тврдат дека за нив тие постојат и се реалност или дека постоеле ама денес од дистанца на 2000 години никој не може да провери што и како се случило и кои работи се фикција а кои вистина.
За мене аргументацијата на едните и на другите (старите Богови и Исус) за нечие постоење и докази за истото се практично со иста важност со напомена дека за Исус освен во Библијата и нема некој друг пишан текст каде би се потврдило неговото постоење или непостоење. Верникот ќе ти каже дека го чувствува во себе, неверникот дека се тоа глупости но и двајцата можат да имаат совршено убав и исполнет со љубов живот .
Освен тоа не постојат само верниците и атеистите туку и сите други кои сме некаде измеѓу со забелешка дека Муслиманите го прифаќаат Бог од Стариот Завет но не и Исус како негов син, значи работите не се толку едноставни за да ги прекинат недоразбирањата туку лежат во човечкиот карактер и желбата за наметнување на сопственото мислење и доминација врз другите, физичка како и психичка.
Колку е корисно Христовото учење треба секој сам да си одлучи но во свет на предатори како нашиот за мене не важи, посебно една од критичните постулати, љуби го непријателот свој и сврти му го другиот образ. Јас сум за старото, око за око, заб за заб но прифаќам дека има личности и психи на кои христијанството им е прекрасен систем на дејство и верување и е во ред се додека не пробаат на било кој начин тоа да ми го наметнат и мене (истото го мислам и за било која друга религија или верување).
Би напомнал дека Христовото учење и 10-те заповеди се парадокс затоа што 10-те заповеди потекнуваат од битие кое не се воздржува од геноцид, инцест, масакр, детеубиство и човечки жртви и кое е бескрајно осветољубиво и суетно додека наводниот негов син кој е истовремено и самото битие зборува за љубов кон сите вклучувајќи ги и непријателите. За останатите недоречености и подредената улога на жената веќе сме дискутирале.
Таква метаморфоза е невозможна и нереална и на многу ќе им биде и несфатлива и неприфатлива.
Кој и покрај сѐ може да разбере и да најде смисол во сето тоа прекрасно за него/неа, јас не можам и никогаш нема да можам е не ни сакам, спротивно е на моите сфаќања за животот и битисувањето па да речеме и на моите инстинкти .
Атеистот секако не го интересира Христовото учење и си има негови норми на дејство, за кои смета дека нему му се најисправни.
Тука сепак би напомнал дека нема едно исправно религиско верување за секого затоа што човечките психи и карактери се различни па на едните ќе им одговра едно а на другите друго и најголемиот проблем според мене не се догмите и верувањата дали некој постоел и дали некој треба да се следи или не, туку нетолерантноста и исклучивоста дека само еден сисем е вистинит а сите други се лажни што совршено ја отсликува човечката желба за доминација, како и неговата бескрајна суета и ограниченост.