- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Турски тајкун купува шест грчки острови
08 јули 2011
Турскиот бизнисмен Фикрет Инан преговара со брокери за купување на грчките острови Лихнари, Калцониси, Микри Аморгос, Кардиотис, Навсика и Вувало, чија површина изнесува меѓу десет илјади и два милиони метри квадратни, наведува атинскиот весник "Авријани". Според весникот, Инан, кој е сопственик на градежна компанија, најавил дека на шесте грчки острови планира да изгради хотелски комплекси и да воспостави фериботска врска со турскиот брег.
"Авријани" посочува дека неодамна Инан за 35 милиони долари купил остров со површина од 400.000 метри квадратни во близина на турскиот град Измир, на кој планира да изгради луксузен комплес од хотели и вили.
Турскиот бизнисмен проценува дека за купување на грчките острови ќе му бидат потребни меѓу три и 20 милиони евра, по што е подговен да инвестира уште околу 80 милиони евра за изградба на хотелските комплекси. Покрај ова тој планира да отвори и филијала на својата градежна компанија во Грција.
Инан смета дека не е исклучено ваквата негова постапка да предизвика негативни реакции во Грција, но сепак се надева дека ќе наиде на позитивен прием од страна на властите во Атина. Тој смета дека ако неговиот пример го следат и другите турски бизнисмени и почнат да купуваат острови во Егејското Море, Турција ќе обезбеди полесен пристап до Европа
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=25F5F48B7EDE5642BFA17238AA61FC6F
http://24press.mk/story/svet/turski-milijarder-kupuva-ostrovi-vo-grcija