Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Вака ќе ви одговорам. На Господ воопшто не му е мило кога гледа како некои луѓе се оддалечуваат од Него, а одат кон бессмисленоста на човечката измислица. Госопoд сака сите луѓе да одат по вистината, а не да настрануваат кон разни лажни богови и учења.
Абе ова е закана...не ли приметуваш. И тоа креаторот на билиони галаксии им се заканува
на кревките луѓе дека ќе ги снема ако не го обожаваат него. :)
Нешто овде не штима
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Па и ние сите го кршиме лебот во рамките на својата фамилија кога ќе седнеме на ручек, оти нели инаку како ќе јадеме?????
Секојдневно ако пред оброкот го направиш тоа во негов спомен, тогаш тоа е секојдневна причест нели????
Ако мислиш дека сечењето леб предсекое јадење е причест, тогаш тоа е твое погрешно мислење.

26 Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28 Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.

Патем кажи ми, ти како Православен Христијанин се декларираш или како протестант?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
зошто тогаш Господ е ревнив, односно како што стои во преводот -љубоморен- доколку не постојат други божества...всушност љубомората (jealous и envy) е честа појава во Стариот Завет.

Дали Господ може да ги има истите особини како и луѓето кои честопати доведуваат до страшни последици?
Втора работа е што самата реченица од заповедите содржи уште некои нелогичности (на пример вид на колнење до трето колено доколку не го сакаш Господ и никој друг), Стариот Завет изобилува со вакви недоречености или двосмислени реченици и закони.
Кога веќе ја споменувам љубомората, потчинетоста и второстепеноста на жената се наоѓа и во делот каде се опишува законот за љубомора при што само мажот смее да ја пројави својата љубомора, а жената да биде казнета.
Господ не ги има особините на луѓето туку тие ги имаат неговите особини, впрочем он ги создал според својот лик и со сите особини кои нему му биле својствени :).

Во сите легенди и преданија Боговите се осветољубиви, често злобни, суетни до бескрај и крајно немилосрдни кога треба да покажат моќ или да казнат некого кој се осмелил да им застане на пат или едноставно да им ја негира величината (егото). Тука и библискиот Јахве не е исклучок така да палење, масакр, геноцид, инцест, убиство на бебиња и човечки жртви му се само дел од репертоарот на располагање кога треба да се казнат оние кои не му ја признаваат врховната власт и кои признаваат некоја туѓа на некој друг измислен или реален Бог (затоа што не е единствен а нему му било тоа и те како познато).

Најмалку во два наврата проработува и стравот креираните да не станат силни како него (нив) (дрвото на бесмртноста како и рушењето на вавилонската кула и мешањето на јазиците) каде јасно се гледа дека ученикот (детето) ако е обединет и сложен има потенцијал да ја преземе власта и да се доближи по сила до креаторите, казната се разбира е немилосрдна.

Кога ќе се помешаат сумерски и вавилонски митови (антропоморфни битија) со трансцендентална енергија (бестелесна и неутрална) настанува несреќната комбинација наречена монотеистичка религија со потекло од Блискиот Исток (каде само „случајно“ егзистирале и Вавилон и Сумер).

Така да кога некој ги криви луѓето дека се вакви или онакви и немале „човечност“ треба да се обрати на адресата на оној кој такви ги направил или со други зборови лошо ги креирал :) .

Тие пак што не се такви и ги немаат неговите особини нека се запрашаат дали се воопшто негова креација или пак нечија туѓа :).
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И ќе дополнам дека дека освен наведеното ме вади од рамнотежа и мешањето на Црквата и нејзината потреба да укажува како да веруваме. Како ли таа црква се самопрогласи да биде посредник меѓу човечкиот род и Хрисос?
Кој видливо управува со Црквата? Пастирите. А кој ги поставува нив? Бог Отецот (1. Кор. 12, 28), Бог Синот (Еф. 4, 11) и Бог Светиот Дух (Дела 20, 28). Соодветно со тоа, Црквата преку пастирите не ја управува само едно исклучиво лице, туку Едниот Триипостасен Бог. Заради тоа таа и се нарекува и Црква Божја (1. Кор. 10, 32; 11, 16; 15, 9), или Црква на Живиот Бог (2 Кор. 6, 16; 1 Тим. 3, 15).

Ти препорачувам убаво да си го прочиташ Новиот Завет оти таму и Христос и апостолите имаат зборувано надолго и нашироко за Црквата Господова, за нејзината улога и за нејзиното управување.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако мислиш дека сечењето леб предсекое јадење е причест, тогаш тоа е твое погрешно мислење.

26 Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28 Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.

Патем кажи ми, ти како Православен Христијанин се декларираш или како протестант?
Види јас не сметам ништо околу причеста , само изведов заклучок од стиховите кои ми ги постираш. Јас стиховите така ги сфаќам секојпат кога ќе јадеме леб и пиеме вино да се присетиме на големото дело на Христос што го направил за човечкиот род - НЕГОВАТА ЖРТВА. Никаде во стиховите не гледам дека пишува иди у црква помини под олтарот нека те покрие со петрахилот попот и таму јади леб???

Јас себе си се декларирам како Христијанин, бидејќи го ценам Христовото учење. Самиот Христос не им кажал на луѓето поделете се на православни, протестанти, католици и што уште не. ТОа некој друг го направил.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Никаде во стиховите не гледам дека пишува иди у црква помини под олтарот нека те покрие со петрахилот попот и таму јади леб???
Не пишува, ама и не пишува тоа да се прави тукутака, него во цитатот кој ти го постирав можеш да видиш дека причеста е нешто повеќе од обично делење леб. А те прашав дали си Православен, затоа што во православието имаш еден куп книги пишувани од Светите Отци и во врска со причеста, и во врска со самата Црква.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кој видливо управува со Црквата? Пастирите. А кој ги поставува нив? Бог Отецот (1. Кор. 12, 28), Бог Синот (Еф. 4, 11) и Бог Светиот Дух (Дела 20, 28). Соодветно со тоа, Црквата преку пастирите не ја управува само едно исклучиво лице, туку Едниот Триипостасен Бог. Заради тоа таа и се нарекува и Црква Божја (1. Кор. 10, 32; 11, 16; 15, 9), или Црква на Живиот Бог (2 Кор. 6, 16; 1 Тим. 3, 15).

Ти препорачувам убаво да си го прочиташ Новиот Завет оти таму и Христос и апостолите имаат зборувано надолго и нашироко за Црквата Господова, за нејзината улога и за нејзиното управување.
Мислам дека нема потреба да дискутираме околу болдот. Бог ги поставува Пастирите т.е свештените лица? Стварно е светов отиден под закрилата на Луцифер:)

Црквата за која таму говорат во Новиот Завет, Христос и апостолите нема врска со сегашнава институција Црква, ниту со инквизицијата ниту со било која друга црква од Константин наваму.

Христос секој пат говорел во метафори , нели и самата Библија е пишувана метафорично во најголем дел. И ти мислиш дека Христос и апостолите зборувале за 10 метарски куполи на цркви и еден куп икони?
--- надополнето: Jul 7, 2011 10:51 AM ---
Не пишува, ама и не пишува тоа да се прави тукутака, него во цитатот кој ти го постирав можеш да видиш дека причеста е нешто повеќе од обично делење леб. А те прашав дали си Православен, затоа што во православието имаш еден куп книги пишувани од Светите Отци и во врска со причеста, и во врска со самата Црква.
Да православен сум, бидејќи живеам во православна МАкедонија, и сум крстен во православна црква. Но тоа нема врска со разговоров нели?

Мислиш ли ти со тоа што одиш во црква 362 пати повеќе од мене во годината, што се причестуваш, и што користиш други религиозни алатки од црквата, тоа што оставаш пари на икони ТЕ ПРАВИ ПОПРАВЕДЕН ОД МЕНЕ, И ПОГОЛЕМ СЛЕДБЕНИК НА ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ ОД МЕНЕ?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Мислам дека нема потреба да дискутираме околу болдот. Бог ги поставува Пастирите т.е свештените лица? Стварно е светов отиден под закрилата на Луцифер:)

Црквата за која таму говорат во Новиот Завет, Христос и апостолите нема врска со сегашнава институција Црква, ниту со инквизицијата ниту со било која друга црква од Константин наваму.

Христос секој пат говорел во метафори , нели и самата Библија е пишувана метафорично во најголем дел. И ти мислиш дека Христос и апостолите зборувале за 10 метарски куполи на цркви и еден куп икони?
Мики, ако не ти се допаѓа православието, тогаш твој проблем. Ете прашај си го чорбаџијава за протестанството, гледам повеќе накај него одиш.
--- надополнето: Jul 7, 2011 10:56 AM ---
Да православен сум, бидејќи живеам во православна МАкедонија, и сум крстен во православна црква. Но тоа нема врска со разговоров нели?

Мислиш ли ти со тоа што одиш во црква 362 пати повеќе од мене во годината, што се причестуваш, и што користиш други религиозни алатки од црквата, тоа што оставаш пари на икони ТЕ ПРАВИ ПОПРАВЕДЕН ОД МЕНЕ, И ПОГОЛЕМ СЛЕДБЕНИК НА ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ ОД МЕНЕ?
Епа ако се декларираш како православен, појди во некоја Црква и прашај да ти дадат некоја книга, ако сакаш да ти се разјаснат некои работи. Или прашај некое свештено лице од Црквата, со радост ќе ти објаснат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Miki1976, се сложувам скоро во се што пиша погоре. Би коментирал само за овие две работи:

И на крај не ми треба Црквата ХРИСТОВА да ме држи во вистината - МИ ТРЕБА МОЈАТА ВЕРБА ВО ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ И ТОЛКУ. А тоа е различно од Црквата Христова.

Ако сум сигурен во Христовото учење - не значи дека сум сигурен во црквата дека добро го пренесува истото.
Се сложувам дека институционализираната црква (после Константин) воопшто не е црква и радикално го злоупотребила Христовото учење. Дури и неинституционализираните протестантски цркви не се цвеќе за мирисање и тие си имаат еден куп мани. И локалната заедница (црква) каде што јас служам и си ја негувам својата вера не е цвеќе за мирисање и си има свои мани. Тоа е така затоа што вистинската црква не е музеј на светци, туку болница за грешници кои се во процес на покајание и кои долго време работат на свои духовно и морално усовршување. Бидејќи црквата е ширум отворена за грешници, во неа може секој да влезе, да се нарекува христијанин и да прави ујдурми и злодела. Тоа се волците во овчи кожи. Тој/таа може да биде исклучен од членоството, но тој обично продолжува да се нарекува христијанин и се групира со други свои истомисленици и тие си прават своја заедница и така се создаваат лоши примери на цркви и се хули Христовото име.

Затоа поимот на црква јас не го гледам во некоја институција, туку мислам дека Црквата Христова се луѓето кои вистински веруваат и се обидуваат да го следат Исус, а не нужно се собрани во една иста заедница, туку веројатно ги има во повеќе библиски цркви. Значи тоа е духовно невидливо семејство, кое се препознава по љубовта кон Бог и луѓето, и по чистото библиско учење.

Црквата во Библијата е наречена столб и потпора на вистината (1 Тимотеј 3:15). Да, тоа не значи дека таа самата е вистина, туку дека е само столб (носител, држач) на вистината кое е Божјото Слово - Библијата. Во Новиот Завет на Библијата е запишано веродостојно учењето на Исус. Ако тоа не го веруваме, тогаш од каде би знаеле што и како поучувал Исус, кога тоа се најверодостојните историски документи (по сите стандарди и критериуми проверени и оценети) Ако тоа не го веруваме, тогаш излегува дека Исус дошол само за тогашните луѓе, нив ги поучил и не обезбедил начин тие да не поучат нас за Неговото учење. Но не е така. Христовата црква „чудно“ преживеала и се проширила во светски рамки дури и во тие 3 први века додека била крваво прогонувана се со цел да го прошири Христовото евангелие на сите народи - онака како што заповедал Христос. Секако тука се и пророштвата од стариот завет кои се во согласност со случките од новиот завет и ја потвдуваат веродостојноста на истиот.

Па и ние сите го кршиме лебот во рамките на својата фамилија кога ќе седнеме на ручек, оти нели инаку како ќе јадеме?????
Секојдневно ако пред оброкот го направиш тоа во негов спомен, тогаш тоа е секојдневна причест нели????
Ако се крши лебот со цел да се припомне на Христовата жртва, тогаш да тоа е Господова спомен вечера. Но сите ние не го правиме тоа кога ќе седнеме на ручек со нашата фамилија. Ние седнуваме и јадеме. Ако е христијанска фамилијата, тие може да се помолат и да благодарат за храната, но повторно не (или барем не секогаш) си припомнуваат за Христовата жртва.
Христовата жртва бара посебна почит и треба посебно да се одбележи со група верници кои исклучиво за таа цел (а не заради глад) ќе ја одбележат.
Во писмото до Коринтската црква Павле дури и ги укорува верните таму затоа што доаѓале на Господовата вечера за да се изнајадат и изнапијат. Тој им вели: „Немате ли куќи, за да јадете и пиете?“(1 Коринтјаните 11:22) Прочитај го контекстот, интересен е, ќе ти се допадне.
Поздрав.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мики, ако не ти се допаѓа православието, тогаш твој проблем. Ете прашај си го чорбаџијава за протестанството, гледам повеќе накај него одиш.
Немаш потреба да избегнуваш дијалог:)
Јас пишувам и кажувам нешто сосема друго, не се обидувам да фатам нечија страна.

Пишав сосема нормални работи кои не се во согласност со моите рационални размислувања. Ако можеш да дискутираш з анив тогаш ок. Никаде јас не споменувам Православие, Протестантизам а уште помалку кој од нив е повеќе во право.

Цело време зборувам за ЦРКВАТА КОЈА И ДА Е ПРОТЕСТАНТСКА, ПРАВОСЛАВНА, КАТОЛИЧКА.
Ти одговарај за својата црква, Чорбаџија ќе одговори за својата итн....
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:07 AM ---
Miki1976, се сложувам скоро во се што пиша погоре. Би коментирал само за овие две работи:

Се сложувам дека институционализираната црква (после Константин) воопшто не е црква и радикално го злоупотребила Христовото учење. Дури и неинституционализираните протестантски цркви не се цвеќе за мирисање и тие си имаат еден куп мани. И локалната заедница (црква) каде што јас служам и си ја негувам својата вера не е цвеќе за мирисање и си има свои мани. Тоа е така затоа што вистинската црква не е музеј на светци, туку болница за грешници кои се во процес на покајание и кои долго време работат на свои духовно и морално усовршување. ли: „Немате ли куќи, за да јадете и пиете?“(1 Коринтјаните 11:22) Прочитај го контекстот, интересен е, ќе ти се допадне.
Поздрав.
Ако се сложуваш во многу работи со мене, тогаш Чорбаџија каде е границата меѓу Атеизмот и Теизмот?

За црквата се сложивме дека злоупотребила се што нашла пред себе. За ова мислам дека со никого нема да имаш контрадикторност ниту со Дибек како најжесток Атеист:)

Значи ли полека ќе дојдеме до фактот дека Доволно е да се следи Христовото учење кое пропагира љубов, пријателство, самопомагање меѓу човечките единки, еднаквост во разумни граници, итн..?

Ако е тоа доволно и ако секоја човечка единка го практикува тоа, тогаш неминовен е заклучокот дека нема потреба од Црква и Религија? Така ли е? Нема потреба од Теизам и Атеизам? Едноставно сите ќе живееме по библиските начеал и 10 те божји заповеди. Ќе го донесеме рајот на земјата. Нели е тоа суштината на Христовото учење?
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:15 AM ---
Епа ако се декларираш како православен, појди во некоја Црква и прашај да ти дадат некоја книга, ако сакаш да ти се разјаснат некои работи. Или прашај некое свештено лице од Црквата, со радост ќе ти објаснат.
Сум прашал многу свештени лица верувај ми, и помалку знаат и од тебе и од Мики1 да одговорат. Ако таквите се избрани од Господ да бидат пастири му ебавме мајката.

Мислам дека не ја сфаќаш поентата на разговоров. Не ми треба некој да ми објасни что е причест, што е православие, што е ерес, што е вечера во чест на Господ, што треба да правам на Велигден и слични пред се Земски работи.

Истиот тој треба да ми објасни (не само на мене на еден куп други луѓе) што тој ни помага во (не)разбирањето на Христовото учење, што тој прави за да им помогне на оние што доаѓаат во неговата институција. Ако е избран од Бога треба да го посвети животот на широките народни маси и служењето на бога, ама не го прават тоа нели? Никој од нив не го дава еден од трите мерцедеса на некој што нема ниеден нели? Никој од нив не се откажува од материјалните земски добра во интерес на служењето кон Бога?
ТИ ми велиш дека тие се избраните од Бога???
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Ако се сложуваш во многу работи со мене, тогаш Чорбаџија каде е границата меѓу Атеизмот и Теизмот?
Едните не веруваат, другите веруваат. Кај вторите е проблем што живеејќи во материјален свет, ако се сфати премногу озбилно работата, се создава несогласување помеѓу духовното и световното.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Едните не веруваат, другите веруваат. Кај вторите е проблем што живеејќи во материјален свет, ако се сфати премногу озбилно работата, се создава несогласување помеѓу духовното и световното, на подолги патеки и ментална дисонанца која може да влијае и те како на верувањата или неверувањата и внатрешниот мир на таа личност. Треба бааги сила за ваквите расчекори да се избегнат или пребродат.
Хмм во што веруваат едните а во што не веруваат другите? И тука има мал милион работи. Ние дефакто живееме во материјален свет, ист таков бил и кога Исус се симнал првиот пат да помогне на од Бога створениот вид хомосапиенс но казнет од истиот тој створител.

Или поточно мислиме дека живееме во материјален свет бидејќи нашата перцепција е сеуште ограничена и 3-те димензии што ги познаваме ни овозможуваат единствено таков поглед на светот.

Јас у суштина мислам дека нема некои големи расчекори помеѓу оние што веруваат и оние што неверуваат - разликата е во начинот на интерпретацијата на својата верба или неверба.

И верникот и неверникот знаат дека телото ќе заврши во земјата и ќе се претвори во прав откако ќе се распадне или го изедат црвите. И верникот и неверникот нагаѓаат што ќе се случи со "душата" после смртта. Едните мислат дека ќе оди во пеколот или рајот, другите мислат ќе отиде во ништавило то ест ќе исчезне заедно со телото како негов пропратен елемент создаден од органот наречен мозок.

Уште повеќе мислам дека ако Библијата се сфати метафорично дека не се разликува многу од интерпретациите на науката.

Јас затоа воопшто не се ни обидувам да дебатирам околу одредени фрагменти од Библијата.
ПО мене многу побитна е инхибиторната улога на Црквата и Религијата во развојот на човековата свест (душа, разум).

Да имаш неуки поданици му одговара само на суровиот владетел. Христос тоа НЕ ГО ПРОПОВЕДАЛ.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Според с еона кажано тука на форумов ако живееш праведно ( и тоа многу поправедно од многу верници) не кршејќи ги во голема мера божјите заповеди, а не веруваш во постоењето на Бог, тогаш во голем дел ти е загарантирано местото лево од Христа:)

А всучност со таквиот начин на живот и почитувања на библиските норми и правила (свесно или несвесно) многу поблиску си до Бога и си го восприемил него иако несвесно:) Според тоа би требало да ти биде загарантирано место од десно :)

Арно ама... црквата некако ги извитоперила овие работи.

Поарно убиј и искрено покај се, отколку живеј праведно неверувајќи во бога.
Не знам дали оваа симплификација реално ја отсликува улогата и влијанието на црквата и религијата во општеството, ама мислам дека тука некаде е.

Изгледа темава треба да е Прашања за Христијанската Црква.
My point exactly.Се прашувам дали јас би одела во пеколот (не верувам дека постои,само хипотетички)затоа што, ете не верувам во Бог, безбожник сум,а сепак мислам дека живеам во голема мера во склад со Божјите заповеди, а некој си таму монструм како Јозеф Фрицл, кој си ја силувал ќерката 30 години ќе оди во рајот, затоа верувал во Бог и на крај се покајал за тоа што и наштанцал 5-6 деца на сопствената ќерка?

Кога веќе ја споменувам љубомората, потчинетоста и второстепеноста на жената се наоѓа и во делот каде се опишува законот за љубомора при што само мажот смее да ја пројави својата љубомора, а жената да биде казнета.
Лурц, не ми додавај сол на раната, жити се. :D
Трагично е тоа многу примитивци ги користат тие делови на Библијата како покритие за психофизичко малтрестирање на своите девојки и жени, а постојат и жени кои мислат дека тоа го заслужиле, затоа што тие треба да му се покорни на мажот во се,нели според Светото Писмо.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Господ не ги има особините на луѓето туку тие ги имаат неговите особини, впрочем он ги создал според својот лик и со сите особини кои нему му биле својствени :).

Во сите легенди и преданија Боговите се осветољубиви, често злобни, суетни до бескрај и крајно немилосрдни кога треба да покажат моќ или да казнат некого кој се осмелил да им застане на пат или едноставно да им ја негира величината (егото). Тука и библискиот Јахве не е исклучок така да палење, масакр, геноцид, инцест, убиство на бебиња и човечки жртви му се само дел од репертоарот на располагање кога треба да се казнат оние кои не му ја признаваат врховната власт и кои признаваат некоја туѓа на некој друг измислен или реален Бог (затоа што не е единствен а нему му било тоа и те како познато).

Најмалку во два наврата проработува и стравот креираните да не станат силни како него (нив) (дрвото на бесмртноста како и рушењето на вавилонската кула и мешањето на јазиците) каде јасно се гледа дека ученикот (детето) ако е обединет и сложен има потенцијал да ја преземе власта и да се доближи по сила до креаторите, казната се разбира е немилосрдна.

Кога ќе се помешаат сумерски и вавилонски митови (антропоморфни битија) со трансцендентална енергија (бестелесна и неутрална) настанува несреќната комбинација наречена монотеистичка религија со потекло од Блискиот Исток (каде само „случајно“ егзистирале и Вавилон и Сумер).

Така да кога некој ги криви луѓето дека се вакви или онакви и немале „човечност“ треба да се обрати на адресата на оној кој такви ги направил или со други зборови лошо ги креирал :) .

Тие пак што не се такви и ги немаат неговите особини нека се запрашаат дали се воопшто негова креација или пак нечија туѓа :).
Токму ваквото во многу свои елементи вистинито објаснување за тоа какви се боговите низ историјата во суштина ја подгрева несуштинската разлика помеѓу атеизмот и теизмот.

Цело време предмет на дискусија стануваат Богови (и нивната улога во одреден период од човековата историја) кои никој не ги видел како изгледаат, нема пишан документ дека постоеле надвор од фикцијата на луѓето.

Од друга страна го имаме Исус како човек кој чекорел на Земјава пред 2 000 години има сведоштва, има и сведоштва за неговото учење (кое е блиско до утопистичкиот комунизам).

Доколку дискусијата меѓу верниците и оние кои го негираат постоењето на Бог (а со самото тоа и фактот дека Исус е Божји син) се сведе на тоа дали, како и колку е корисно и се спроведува Христовото учење, тогаш ќе се надминат многу беспредметни и дијаметрално спротивни мислења.

Секој верник живее и се стреми да го следи Христовото учење втемелено на 10 те божји заповеди и љубовта како најсилна позната позитивна енергија. Доколку покаже дека повеќе го практикува сето тоа од атеистот ја завршил работата.

И Атеистот живее по истите принципи и се стреми да го следи Христовото учење.

Разликата е во тоа што Верникот смета дека придобивките ќе следат после божјата казна наречена смрт, а атеистите сметаат дека придобивките од таквиот начин на живот се во рамкте на смртниот век на секоја единка.
--- надополнето: Jul 7, 2011 12:42 PM ---
My point exactly.Се прашувам дали јас би одела во пеколот (не верувам дека постои,само хипотетички)затоа што, ете не верувам во Бог, безбожник сум,а сепак мислам дека живеам во голема мера во склад со Божјите заповеди, а некој си таму монструм како Јозеф Фрицл, кој си ја силувал ќерката 30 години ќе оди во рајот, затоа верувал во Бог и на крај се покајал за тоа што и наштанцал 5-6 деца на сопствената ќерка?
Ех Мачорке ова е поентата на моите пишувања низ форумов со месеци наназад, ама не ќе да добиеме соодветен одговор.:)

Пеколот не ни бега секако:) Тој е загарантиран, дај сеа да видиме што можеме да сториме да одиме во Рајот:) можеби рамо до рамо со Јозеф Фрицл.

И не само ти како "безбожник" нели , и многу други живеат во склад со Божјите закони и начела, меѓутоа објаснувањето во Црквата симплифицароно од моето искуство гласи вака: "Поверувај чедо во Бога, сплоти се со него, покај се за гревовите и ќе добиеш спасение". Откако ќе прашаш добро бе попе како да го направам тоа, ја дај кажи како да се сплотам, откај знам ја кои ми се гревови и за што да се покајам - тогаш ќе добиеш еден куп различни одговори од типот - сам треба да знаеш, прочитај во словото божје, иди остај зејтин и пари на иконата, само ќе ти се каже итн....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Лурц, не ми додавај сол на раната, жити се. :D
Трагично е тоа многу примитивци ги користат тие делови на Библијата како покритие за психофизичко малтрестирање на своите девојки и жени, а постојат и жени кои мислат дека тоа го заслужиле, затоа што тие треба да му се покорни на мажот во се,нели според Светото Писмо.
Девојко, откако се појави во подфорумот религија, само за тоа пишуваш. Жените онеправдени, жените еднакви, стрижена, бричена...

Досадно е малку...

Дали знаеш дека не еден црковен собор (или како веќе се нарекува)на католичката црква се гласало за тоа дали жените воопшто имаат душа или немаат?

На крајот изгласале дека сепак имаат душа, но со МНОГУ ТЕСНО мнозинство...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom