Мики, ако не ти се допаѓа православието, тогаш твој проблем. Ете прашај си го чорбаџијава за протестанството, гледам повеќе накај него одиш.
Немаш потреба да избегнуваш дијалог
Јас пишувам и кажувам нешто сосема друго, не се обидувам да фатам нечија страна.
Пишав сосема нормални работи кои не се во согласност со моите рационални размислувања. Ако можеш да дискутираш з анив тогаш ок. Никаде јас не споменувам Православие, Протестантизам а уште помалку кој од нив е повеќе во право.
Цело време зборувам за ЦРКВАТА КОЈА И ДА Е ПРОТЕСТАНТСКА, ПРАВОСЛАВНА, КАТОЛИЧКА.
Ти одговарај за својата црква, Чорбаџија ќе одговори за својата итн....
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:07 AM ---
Miki1976, се сложувам скоро во се што пиша погоре. Би коментирал само за овие две работи:
Се сложувам дека институционализираната црква (после Константин) воопшто не е црква и радикално го злоупотребила Христовото учење. Дури и неинституционализираните протестантски цркви не се цвеќе за мирисање и тие си имаат еден куп мани. И локалната заедница (црква) каде што јас служам и си ја негувам својата вера не е цвеќе за мирисање и си има свои мани. Тоа е така затоа што вистинската црква не е музеј на светци, туку болница за грешници кои се во процес на покајание и кои долго време работат на свои духовно и морално усовршување. ли: „Немате ли куќи, за да јадете и пиете?“(1 Коринтјаните 11:22) Прочитај го контекстот, интересен е, ќе ти се допадне.
Поздрав.
Ако се сложуваш во многу работи со мене, тогаш Чорбаџија каде е границата меѓу Атеизмот и Теизмот?
За црквата се сложивме дека злоупотребила се што нашла пред себе. За ова мислам дека со никого нема да имаш контрадикторност ниту со Дибек како најжесток Атеист
Значи ли полека ќе дојдеме до фактот дека Доволно е да се следи Христовото учење кое пропагира љубов, пријателство, самопомагање меѓу човечките единки, еднаквост во разумни граници, итн..?
Ако е тоа доволно и ако секоја човечка единка го практикува тоа, тогаш неминовен е заклучокот дека нема потреба од Црква и Религија? Така ли е? Нема потреба од Теизам и Атеизам? Едноставно сите ќе живееме по библиските начеал и 10 те божји заповеди. Ќе го донесеме рајот на земјата. Нели е тоа суштината на Христовото учење?
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:15 AM ---
Епа ако се декларираш како православен, појди во некоја Црква и прашај да ти дадат некоја книга, ако сакаш да ти се разјаснат некои работи. Или прашај некое свештено лице од Црквата, со радост ќе ти објаснат.
Сум прашал многу свештени лица верувај ми, и помалку знаат и од тебе и од Мики1 да одговорат. Ако таквите се избрани од Господ да бидат пастири му ебавме мајката.
Мислам дека не ја сфаќаш поентата на разговоров. Не ми треба некој да ми објасни что е причест, што е православие, што е ерес, што е вечера во чест на Господ, што треба да правам на Велигден и слични пред се Земски работи.
Истиот тој треба да ми објасни (не само на мене на еден куп други луѓе) што тој ни помага во (не)разбирањето на Христовото учење, што тој прави за да им помогне на оние што доаѓаат во неговата институција. Ако е избран од Бога треба да го посвети животот на широките народни маси и служењето на бога, ама не го прават тоа нели? Никој од нив не го дава еден од трите мерцедеса на некој што нема ниеден нели? Никој од нив не се откажува од материјалните земски добра во интерес на служењето кон Бога?
ТИ ми велиш дека тие се избраните од Бога???