Да ти треба. Оти ти самиот неможеш ништо да направиш, а таму каде што се собрале луѓе во името Христово таму е и Црквата Негова. А кој не е со нас, тој е против нас. Христос ни ја даде причеста, а сами неможеме да се причестиме. За тоа ни треба Црквата, та да се причестиме заедно со сите верници. Како во Стариот така и впо Новиот Завет, можеш да забележиш дека верниците постојано се собираат сите заедно да го слават Бога. Во Новиот Завет дури верниците и заедно живееја и делеја меѓу себе се што имат. Понатаму ти треба Црквата за да ти помогне во тешки мигови, ти треба Свештено лице да те поучи, да те ислуша, и конечно да се исповедаш. Ти треба Црквата за таму заедно со сите верници да присуствуваш на Литургија, и сите заедно да се молите и за себе и еден за друг. И конечно ти треба Црквата за да те чува од надворешни лажни учења, та верата да ти остане чиста и вистинита. Ти треба Црквата Христова за да те држи во вистината.
.
Вака болдот ми боде очи ептен, па ќе почнам со другото што не е болдирано.
Велиш сам не можеш ништо да направиш - АПСОЛУТНО ТОЧНО - сам човек за никаде е. Меѓутоа тоа и неверниците и атеистите и еден куп други луѓе го знаат нели??????? Велиш дека треба се да се дели меѓу себе и така се собирале верниците години и векови наназад - тоа е начело на комунизмот нели? Сите да бидеме исти. И тоа е сосема во ред како учење - меѓутоа повторно нема врска со црквата и со Христос, тоа го прават и останатите и би го прифатиле.
Велиш ми треба Црквата за Литургија и сите да с емолиме еден за друг - ЗОШТО? Не можеме ли да с емолиме сите у парк??? Секако дека можеме. Не можеме ли сите заедно да се обидеме
нашата позитивна енергија да ја пренасочиме во интерес на нашите потреби (јас вака ја сфаќам молитвата како обид да се пренасочат причинско последичните односи во наша корист)?. Мора ли да биде тој брадестиот поп со петрахилот и книжулето да не води низ тоа??? ЈАС МИСЛАМ НЕ.
БОЛДОТ одиме по ред. Како бе пријателе кој не е со нас тој е против нас?????????????????????? Откај ли ова излезе???
Зошто ти д ане ме ислушаш и да не ме поучиш н апример??? Зашто свештено лице???? ТОј ли е избраниот од Бога да биде посредник???? ЈАС МИСЛАМ НЕ. ТОЈ Е САМОНАРЕЧЕН БОЖЈИ ПОСРЕДНИК.
И на крај не ми треба Црквата ХРИСТОВА да ме држи во вистината -
МИ ТРЕБА МОЈАТА ВЕРБА ВО ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ И ТОЛКУ. А тоа е различно од Црквата Христова.
Ако сум сигурен во Христовото учење - не значи дека сум сигурен во црквата дека добро го пренесува истото.
Ти ги израмни РЕЛИГИЈА = ЦРКВА = ВЕРА .
ПО мене АПОЛУТНО ПОГРЕШНО
--- надополнето: Jul 7, 2011 10:26 AM ---
Не е така тоа што го напиша за причеста. Ете што вели Христос за ова
19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: “Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!”
20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: “Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас.
Кога самиот Исус ни рекол да го правиме тоа во Негов спомен, тогаш тоа така треба и да биде.
Па и ние сите го кршиме лебот во рамките на својата фамилија кога ќе седнеме на ручек, оти нели инаку како ќе јадеме?????
Секојдневно ако пред оброкот го направиш тоа во негов спомен, тогаш тоа е секојдневна причест нели????
Јас искрено не би се впуштал во дискусија за одредени обичаи затоа што ќе забегаме во беспредметна дискусија. Да се задржиме на сржта околу потребноста на црквата и религијата како протагонисти на Христовото учење и вера, и Вер(б)ата во нешто како поим од друга страна независна од овие 2 работи (црквата и религијата)