Англицизми во јазикот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Е де, ајде да збориме сеа како Блаже Конески. Јазик се менува, јебига. Жива материја е. Глупо е коа ке ми кажат србизам, англичизам. марсозизам и слични епитети на жаргоните. Зашто не се сфати дека ако се користи тој збор у јазикот - не е веќе странски туку е наш. Што да праиме сеа коа ете зборот "добро" го има во скоро сите словенски јазици, со мали пермутации? Не е наш зборот? Или само тие зборови што се постари од Блаже Конески се прифатливи во македонскиот јазик?

Еееее има Едо Мајка еден стих вака од:

Где ми речи Денис
који курац (то је пенис).

Дејт мејт фејт и фенси менси денси значи како англицизам ми пречи и не употребувам туку извештачено ми изгледа, а у пичку матер ако е србизам некако поприродно ми доаѓа,
 
Младите учат реченици, реплики, правење фаци и движења од ТВ, поточно филмови. Половина од нив имитираат карактери од South Park. Кога ги прашаш нешто одговараат-реплицираат со некој извадок од филм, глумење на сцени, глумење на омилен лик од филм/серија. Едвај те чекаат да кажеш нешто што ке им се совпаѓа со смислената реплика, а после тоа мислат дека се Cool.

Колку пати наседна?
 
Тоа е дечиња.Еволуирај или исчезни.
Зашто у Меџик карта шо дава 2 мана од било која боја е боље од карта шо дава 2 мана од само една боја?
Затоа.
 
Тоа е дечиња.Еволуирај или исчезни.
Е арно го кажа ова... ама уште да му ја сватеа сите смислата ќе немаше ко нас. Со “дејтови, хејтање, фејкој“ и тн ти мислиш дека јазикот ни еволуира?

Чудоно ама јас мислам дека ни исчезнува...
 
На крајот, од оваа тема испадна дека е нормално внесувањето на англицизми, а исклучувањето на зборови кои веќе ги имаме.
Уште една глупост и доказ за испрани мозоци, во македонскиот јазик имаме англицизми како СЕНДВИЧ, чисто заради што немало збор оригинално за СЕНДВИЧ, пошто во македонија не правеле сендвичи туку правеле, Зелнкик мазник, пита, сарма и сл. И сигурно дека ако во продавниците за брза храна во америка почнат да продаваат сарма ќе го земат од македонскиот збор па ќе велат: One sarmich, please:) Али кога имаш за нешто збор, кој останал како традиција долги години, зошто да го уништуваш со некој супер глупав западно европски јазик, па тоа е културно наследство, колку зборови имаме останати во нашиот јазик со античко потекло, ајде сеа наместо македонија, да ја викаме МАСЕДОНИА.
 
Е арно го кажа ова... ама уште да му ја сватеа сите смислата ќе немаше ко нас. Со “дејтови, хејтање, фејкој“ и тн ти мислиш дека јазикот ни еволуира?

Чудоно ама јас мислам дека ни исчезнува...

Знаеш само шо ме нервира
Тоа што некои користат англицизми затоа што Македонскиот јазик бил ... сиромав.
Кога ќе чујам некој да го каже ова ми се преобраќаат црева.
Ова го слушам најчесто од генерациите од 85-90та па навака.
 
па добро е што некој јазик барем има онака пошироко влијание на другите, па да дојде време каде што сите ќе зборуваме еден ист јазик (али нормално на дијалетки xD)
 
Стојам на тоа дека треба да си го зачувуваме македонскиот. Треба да ги зачувуваме и дијалектите, затоа што колку што се сеќавам, колку повеќе дијалекти има еден јазик, толку е побогат. Меѓутоа влијанијата се неизбежни. Поради таквите влијанија, скопскиот и кумановскиот имаат србизми, источните дијалекти имаат сличности со бугарскиот и тн.
И јас одамна користам англицизми додека зборувам. И тоа многу често ги употребувам.
Ама тоа не значи дека јас ќе заборавам да зборувам македонски или дека не си го сакам јазикот.
Едноставно, секој одбира начин на кој ќе комуницира со останантите, но сите знаеме дека утре кога ќе бараме работа, кога ќе правивме било што кое од нас ќе бара сериозност, дека македонскиот е оној кој ќе ни помогне да ја постигнеме целта.
Не знам дали имате приметено, ама токму од младината која користи англицизми, се најчести коментарите за јавните личности кои прават грешки при зборување, се коментираат грешки во книги, како и што е напишано.
Па со самото тоа што ја имаме темава на форумот јасно е дека сме самокритични, свесни сме за појавата, но сепак не ја третираме како негативна. И тоа е она што е убаво.
Прифаќаме туѓи елементи, но ги задржуваме своите и се држиме до нив.
 
Знаеш само шо ме нервира
Тоа што некои користат англицизми затоа што Македонскиот јазик бил ... сиромав.
Кога ќе чујам некој да го каже ова ми се преобраќаат црева.
Ова го слушам најчесто од генерациите од 85-90та па навака.

Да, македонскиот јазик е сиромашен со фонд на зборови. Откако лицето Б.К. направи „нов“.
Можеби тоа го викаат најчесто луѓето од таа генерација, нмајверојатно заради тоа штио излегле од бункерот на ignorance-то каде што живееа нивните parents кои сеуште не можат да одговорат кој е македонскиот збор за lame.

Па нека ти се превртуваат цревата.

Инаку, да. Се надевам дека еден ден ќе има еден, сеопфатен јазик.
 
Да, македонскиот јазик е сиромашен со фонд на зборови. Откако лицето Б.К. направи „нов“.
Можеби тоа го викаат најчесто луѓето од таа генерација, нмајверојатно заради тоа штио излегле од бункерот на ignorance-то каде што живееа нивните parents кои сеуште не можат да одговорат кој е македонскиот збор за lame.

Па нека ти се превртуваат цревата.

Инаку, да. Се надевам дека еден ден ќе има еден, сеопфатен јазик.

Тоа што некој не е свесен за некоја работа,не ја прави таа работа непостоечка.
Сигурен сум дека на такви,излезени од бункер можам да им набројам 50 зборови кои нема да имаат поим дека се Македонски.
 
Eве, повели, кажи го зборот кој е адекватен на англискиот lame.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom