Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
4. Црквата вели множете се чеда божји и живејте со верба во Бога и ќе ја осетите неговата милост. КОја е таа милост?? ако сите ние сме казнети со самото раѓање?
„Таа„ милост се огледува на повеќе начини: На пример: преку моето постоење наспроти можноста од моето непостоење, преку тоа што сеуште сум жив и лупам по тастатурава а Бог може веднаш да ме повика на Суд, преку тоа што иако сме грешни, Он не трпи, преку тоа што иако живееме грешно, сепак можеме да ги видиме и да уживаме во убавините од овој Свет и сл.

Тоа што ме казнети од самото раѓање, тоа значи дека имаме можност, во текот од своите животи, да дораснеме до ниво од Светост.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
уште еден дебилен софистички обид да се замачка ОЧИГЛЕДНА МАТЕМАТИЧКА грешка во Библијата во големи параграфи... НОРМАЛНО, за џабе
Доста се пенавиш околу ОЧИГЛЕДНА математичка грешка.

Земи и наврати се на КАЛТА СО КОЈА ЗМИИТЕ СЕ РАНАТ!

Ооо, бедо манипулаторска, дај опсипи не' со порој небулозни, циркуларни, духовно-логички пируети, во уште еден патетичен обид да дадеш смисол на едно ИНФАНТИЛНО ирационално 3000 години старо тврдење на пустинци без грам увид во биологијата животинскиот свет на Земјата!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Хахаха, аман бре човеченце мало. Остај тоа, него дај ми го линкот од кај што ги вадиш тие цитатите Библиски, не ни требаш како посредник. Дај ни линкот па самите ќе си прочитаме, без да ги читаме твоите беззначајности.
Библијата тврди дека змијата е ПРОКОЛНАТА ОД ГОСПОД да се храни со КАЛ.

Сакаш да пробаш да објасниш или?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А човекот, од кал ли е створен?
Човекот е резултат на милијарди години ЕВОЛУЦИЈА.

Човекот НЕ Е СТВОРЕН.

Твојата дебилна книга ти пишува глупости кои не се помалку инфантилни от тврдењето дека Брама го креирал универзумот слегувајќи по лотосово стебло.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Човекот е резултат на милијарди години ЕВОЛУЦИЈА.

Човекот НЕ Е СТВОРЕН.

Твојата дебилна книга ти пишува глупости кои не се помалку инфантилни от тврдењето дека Брама го креирал универзумот слегувајќи по лотосово стебло.
А Џек и грашокот, ги заборави? :confused:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Затоа што такава волјата Божја, искажана до Адама и Ева: да се „плодат и множат и да ја наполнат Земјата„.
„...Затоа што преку Адама, сите згрешија...„
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:16 AM ---

Не, не е подобро: колку повеќе луѓе има, толку повеќе потенцијали праведници можат од нив да произлезат.

Судот Христос со сигурност ќе се случи, оти све што Христос ветува, све остварува.
Пак недоречености.

1. Ајде ќе речеме таква е Божјата воља оти сака да ужива во казната што ја одредил на човечкиот род. Ама зашто да ја послушаме ако гледаме дека не ни оди во прилог?

2. Јас прашувам за мислење зашто би требало сите новородени единки да ги изложиме на казната божја и која е потребата од тоа а ти ми велиш Преку Адама сите згрешија.????? Е добро де сите згрешиле ОК , ама кога веќе знаеме за тоа дај да го прекинеме човечкиот род оти тој е на овој свет само за д аја отслужи казната.

Еве тоа е и прашање. Дали црквата смета во согласност со Библијата дека човечкиот род постои на Земјава само за да ја отслужува казната?

3. Какви се тие потенцијални праведници ????? Јас не велеам дека Христос не остварува се што ќе вети, јас велам нема ли да м у олесниме на Христос ако го прекинеме човечкиот род и неговото постоење. Па кога ќе го нема ќе дојде и порано веројатно.

Навистина доаѓам до апсурд дека треба да сум роден за да ја плаќам грешката на мојот прапра......дедо Адам. И дека божјата воља се сведува на тоа дека човечкиот род постои за да ја отслужува казната изречена пред Х години. Не оди нешто тука у математикава.

После смртта на секоја единка се знае ли дали е во рајот или во пеколот? Или се тоа ќе чека на Конечниот суд?

Ај да речеме дека Бог сака нон стоп нови единки и мило му е да од сите тие казнети единки на почетокот, излезат на крајот што повеќе праведници и Христовиот суд ќе им дари рај и вечен живот. ТОгаш пак ќе се сведеме на истото дај да го прекинеме за кратко човечкиот род, нека дојде конечниот суд, и после тоа сите праведници ќе остваруваат потомство во рајот на Земјата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак недоречености.

1. Ајде ќе речеме таква е Божјата воља оти сака да ужива во казната што ја одредил на човечкиот род. Ама зашто да ја послушаме ако гледаме дека не ни оди во прилог?
Затоа што човекот беше створен да Го слави Бога, како што та непрестано го чина ангелите. А тоа што „..не ни оди во прилог..„ тоа е лично есапење на рационална, а не на духовна основа.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:10 AM ---
П
2. Јас прашувам за мислење зашто би требало сите новородени единки да ги изложиме на казната божја и која е потребата од тоа а ти ми велиш Преку Адама сите згрешија.????? Е добро де сите згрешиле ОК , ама кога веќе знаеме за тоа дај да го прекинеме човечкиот род оти тој е на овој свет само за д аја отслужи казната.
Постоењето на родот човечки е повеќеслојно, а не саде просто „отслужување„ на казната Божја до Адама и до сите нас. Прекинот на битисувањето на родот човечки ради „бесмислицата„ според која, „...и вака и така сме грешни па зашто тогаш живееме?...„, еднаков е на (само)убиството, како тежок грев.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:13 AM ---
3. Какви се тие потенцијални праведници ????? Јас не велеам дека Христос не остварува се што ќе вети, јас велам нема ли да м у олесниме на Христос ако го прекинеме човечкиот род и неговото постоење. Па кога ќе го нема ќе дојде и порано веројатно.

Навистина доаѓам до апсурд дека треба да сум роден за да ја плаќам грешката на мојот прапра......дедо Адам. И дека божјата воља се сведува на тоа дека човечкиот род постои за да ја отслужува казната изречена пред Х години. Не оди нешто тука у математикава.
Нема на Христа да Му олесниме, туку ќе Му отежниме, оти Он доброволно отиде на Голгота и добровлоно умре за нашите .т.е. моите гревовип, а не прифаќањето на крсната жртва Христова е чисто богоотпадништво и богохулење. Така, ќе испаден дека Хрсистос умре „за џабе„ (Бог да чува...).

Математиката и духовноста речиси и да немаат ништо заедничко.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:18 AM ---
П
После смртта на секоја единка се знае ли дали е во рајот или во пеколот? Или се тоа ќе чека на Конечниот суд?
Не, никој за себе и никој за некого , не смее да каже и не може да каже.да досуди кој каде ќе „оди„. Таа одлука ја има ексузивно само Христос Богочовеко, кој суди праведно а не суди по човечки ум.

После смртта, секоја човекова душа поминува низ својот личен Суд, после кој (Суд) добива „привремена„ пресуда, според која или ќе „оди„ во Рајот или во пеколот. „Таму„; душата останува се до конечниот Суд Христос, на Неговото второо доаѓање, кога сите ќе воскреснат, а Судот Христов ќе се оденсува не само на душата, туку и на душата и на телото едновремено, а после конечниот Суд Христов, секој од нас ќе знае што добил: или казна или награда.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:22 AM ---
Ај да речеме дека Бог сака нон стоп нови единки и мило му е да од сите тие казнети единки на почетокот, излезат на крајот што повеќе праведници и Христовиот суд ќе им дари рај и вечен живот. ТОгаш пак ќе се сведеме на истото дај да го прекинеме за кратко човечкиот род, нека дојде конечниот суд, и после тоа сите праведници ќе остваруваат потомство во рајот на Земјата?
Второто Христово доаѓање и Судот Негов, ќе се случат тогаш, кога „...ќе се исполнат времињата...„ и тогаш кога Он ќе одлучи дека треба да дојде, како што вети. Прекинот на битисувањето на човековиот род, би значело ставање на сам себе во улога на одлучувач за тоа кога Христос ќе дојде и кога Он ќе ни суди. Така, пак би ја прекинале и побиле волјата Божја, ставајќи се самите себе во улога на конечен одлучувач за она кое допрва треба да се случи, а кое е волја Божја а не волја човечка. Така, творението пак ќе посака да одлучи самото за себе, а не онака како Творецот промислил за сите нас.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За ова зборуваш?

Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш се до крајот на својот живот!

Стварно не разбираш? Абе ептен ми е глупо и да ти објаснувам. Или воопшто немаш читано книги или поезии во твојот живот, или нешто не е в ред со тебе. Чинам со 5 годишно момченце разговарам.
Поезија е делот со „ќе јадеш кал“, а не е поезија делот со „јас сум змија, ама зборувам и убедувам“

Жити мајка!
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:54 AM ---
А Џек и грашокот, ги заборави? :confused:
Јас не ги заборавив. Јас едноставно правам разлика помеѓу рационално и инфантилно, ирационално тврдење.

Ти не.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
„Тогаш од бронзена ковина излеа море што мереше десет лакти од работ до работ; беше кружно наоколу, пет лакти високо, а во опсег, мерено со врвца, имаше триесет лакти.“ (1 Цареви 7:23; Библијата)
Чекај.....како сега ем кружно, ем вели од работ до работ....?!
Кружно и рабови, неоди заедно нели?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Абе зашто сите се фатиле за одредени цитати од библијата дали кажува вака или онака???? Небитно е дали змијата јадела кал или не јадела, не е битно дали Ноевата арка имала Х или Ѕ лакти во должина, ширина и висина. Битен е моментот дека некое си друго суштество под дејство на Ѓаволот ги прелажало нашите предци и ние сега ја отплаќаме казната ни криви ни должни. Битно е дека Бог го одбрал Ное да го спаси живиот свет на Земјата од неговата казна.

Ако Бог веќе не казнил со смртност ради Адам и Ева, зашто уште една казна со потопот ? Уште колку казни ќе истрпи овој наш напатен човечки род? ИМа ли потреба од толку казнување на семоќниот?
 
Кое е тоа друго суштество кое под дејство на ѓаволот (кој е тој, па?) ги прелажало нашите претци (кои претци биле прелажани?!?!)?

Каков тоа грев ти отплаќаш?!!? Јас, на пример, не отплаќам апсолутно ништо!

Бог не го одбрал Ное! Сумерите викаат дека го одбрал Утнапиштим. Последниов е поербап од Ное, на пример. Ное е, во најмала рака, copycat.

Бог не не казнил со смртност и не не казнил со потоп. Смртноста е нормална карактеристика на сите живи организми (ОК, тука со амебата или парамециумот имаше некои финти...), а потопите (поплавите) се вообичаени природни феномени кои зависат од пун курац метеоролошки и климатски услови.

Човечкиот род не трпи казни од никого освен од ближниот свој.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Ме интеренсира како католиците и/или протестантите го објаснуваат палењето на Благодатниот оган во Ерусалим на Пасха.
(Православните претпоставувам отприлика како би одговориле на ова.)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како „..слегувањето на Духот Свет во нашиов отпаднат Свет...„ и како доказ за Божјото постоење, до нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom