Доказот го имаш во целата пишана/забележана човечка историја, која ни вели дека
сите народи, некогашни и сегашни,
имаат и колективна и индивидулна религиозност.
ОНА КОЕ Е ОЧИГЛЕДНО, НЕ СЕ ДОКАЖУВА!
Но, во своите истражувања,чак и славниот Фројд забележал дека идејата за Бога им е
ВРОДЕНА на луѓето, па ако Те занима, читај го Фројд.
Исто тоа го вели и Архимандритот Рафаил Карелин: дека религиозноста ни е вродена категорија иа особина.
Тоа ни го вели и нашата совест.
Истото тоа го велам и јас, пошто се исповедам за дел од рисјнаската вера.
Бидејќи релиозноста не ни „доаѓа„ од „околината„ (оти тоа значи дека „околината„ веќе е религиозна од “некаде„!), тоа значи дека релгиозноста „доаѓа„ од нас самите!
Е па сеа, ако овие очигледни докази не Ти се доволно, тогаш оди и барај си поубедливи и помалку очигледни...
Гледам почна и Фројд да го мешаш
Има една членка, инаку моја колешка, дел од психолошка школа ,,наследничка,, на неофројдисти.
Од кога почнаа верниците да го прифаќаат Фројд и општо психологијата, не знам, ама ајде.
Верата постои ради стравот. Страв од смртта. Каде одиме? Што правиме?
Ако сум добар, ќе одам во рајот.
Сите животински видови се плашат од смртта, но само човекот е надарен со свест, и таа негова свест бара одговори. Бидејќи сеуште не можеме да си одговориме што станува по смртта, нели со нашиот ни ,,возвишен,, дух, можеме само да претпоставуваме.
За времето на зачетоците на христијанството (не пред тоа, да не мешаме Мојсие и сите по ред) луѓето биле сериозно хендикепирани во поглед на научни сознаније а до душа и немале никаква морални вредности, и морало да се најде начин да постојат истите, макар во вид на закони. На малото дете му зборуваш за Дедо Мраз и верува, на неукиот човек зборувај му дека кога ќе умре ќе оди во рај и ќе поверува.
Не е вордена религијата и не во контекст во кој зборуваме. Вродена е во оние кои традиционално ја пренесуваат, што не е доказ дека таа е впишана во генетскиот код на човекот.
Да беше, немаше под толку мал простор на небото, да има толку различни сфаќања.
Не мешај наследно и стекнато.
Наследна ни е бојата на очите и кожата, потенцијалите за музички или ликовни таленти, но религијата, степенот на социјализација, степенот на еманципираност, степенот на образование, сето тоа ни зависи од социјалната средина, чиј најзначаен носител е семејството.